Празникот Богојавление и
почеток на живописанието во Хамилтон, Канада
Во неделата на 22 Јануари, на денот кога ги празнуваме светите Полиебкт и Евстратиј, во Македонската православна црква Свети Наум Охридски во Хамилтон, Канада, свештеникот Здравко Пејковски отслужи Божествена Литургија.
За еден дел од парохјаните кои поради работните обврски и одалеченоста не беа во можност да присуствуваат на празникот Водици, денешната служба имаше Богојавленски карактер, по која отец Пејовски прекрасно беседаше за значението на овој празник и во црковната сала изврши Богојавленски Водосвет.
Управата на оваа црква многу успешно организира една акција за “лицитирање” на икони, која всушност е многу важен извор на приходи за нашите цркви во дијаспората.
По службата беа извршени последните консултации и дополнувања на иконографскиот проект. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски г. Методиј, по благослов на отец Пејковски и во договор со Црковниот Управен Одбор
се започна со живописанието на овој Божји храм кое ќе го изведува Иконографското Студио АРТСОМЕ.
Известува: Г. С.