На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот маченик Трифун, во црквата „Свети Димитриј“ во Кавадарци, беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум. По завршувањето на Светата Литургија, Митрополитите заедно со свештенослужителите во внатрешноста на храмот извршија мал Водосвет, а потоа се упатија во дворот од храмот кадешто го извршија и годинешното закројување на лозовиот насад. На закројувањето на лозовиот насад, присуствуваше и Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов, министерот за финансии, г-дин Зоран Ставревски, како и американскиот амбасадор во нашата земја, г-дин Пол Волерс.
Извор:
Повардарска епархија https://plus.google.com/photos/116459232422373861442/albums/5708996225701896801?authkey=CJC6m52KxP_zgwE#photos/116459232422373861442/albums/5708996225701896801/5708997336286705298