Скопје, 14 февруари 2012 год.- храмот на св. Петка
Тропар на св. Трифун:
Маченикот твој Господи, Трифун, со своето страдање прими нетленен венец од Тебе нашиот Бог. Имајќи ја Твојата сила, мачителите ги победи и ја сокруши смелоста на демоните. По неговите молитви спаси ги душите наши.
На 14 фвруари 2012 година, во Неделата за блудниот син, кога Црквата го празнува споменот на Претпразненство на Стретение и светиот маченик Трифун, во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, отец Владимир Белчовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Светата Литургија свештениците во храмот извршија мал Водосвет.
Старец Паисиј Светогорец
Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.
Preminportal
Лето Господово 2012