Акатист во храмот на св. Ѓорѓи Победоносец во н. Чаир
По решителното ДА на Дева Марија Таа се престори во Врата низ која Богомладенецот ни снисходи од Небото. Благодатта од овој акатист нека ни биде подготовка за предстојното празнување на Благовештението, та низ истата спасителна Врата да поминеме и ние за да Му се приближиме на Човекољубецот Бог.
На акатистот се читаа и имињата на нашите возљубени роднини, блиски и свештенството. Да ја развиваме таа љубов која ја има моќта да нè доведе до Вистината. Сознавањето на Вистината и нашиот раст во неа нека биде поддтик по тој пат на повторно раѓање да тргнат сè повеќе луѓе околу нас.
По овој повод да се подсетиме и на богољубивите луѓе на Цариград (Константинопол), кои оддавајќи ѝ благодарност на Мајката Божја, отпеаја една сеноќна песна, без седење (не-седална од старогрчки а-катист), бидејќи и Таа самата не престануваше да бдее за нив, и со натприродна сила Таа ги победи непријателите.
Што е тоа акатист, и зошто се чита во црквите ...
http://preminportal.com.mk/content/view/9661/1/
Радувај се ...(видео од Бигорски / Рајчица)
http://www.youtube.com/watch?v=phrJcHTmP18&feature=related
Подготви: Ратислав Кардалев
Преминпортал
Лето Господово 2012