Маркова Сушица, 30 мартр 2012 год.- Марков манастир
Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (с. Маркова Сушица, Скопско), ноќта, петок кон сабота (30 -31 март 2012 г.), на празникот на свети Кирил архиепископ Ерусалимски и свети Анин Чудотворец, со почеток во 22:00 ч. во параклисот посветен на св. апостол Марко се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Бдението го предводеше отец Атанасиј во сослужение на отец Дејан и ѓакон Ѓоко. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, сестра Илијана – игуменијата на Манастирот и отец Атанасиј ги подкрепија верните со благослов, чај, колачи и топли зборови.
Се приближуваме кон величенствениот празник на Воскресението Христово, по малку ме опфаќа загриженост. Дали овогодинешниот Велик Пост ќе даде резултат во мојот духовен напредок? Дали овој Велигден ќе го дочекам со барем една нова добродетел?
Од недела во недела загледани сме молитвено во Човекот на Дрвото над Олтарот со надеж дека од година во година сме духовно повеќе доближени до Него. Неколку размислувања кои сакам да ги споделам со вас: Колку за мене Исус Назареецот е Жив Бог, Човек за сите времиња И ЗА МЕНЕ ДЕНЕС? Развивајќи ја вертикалната димензија на мојот духовен живот, дали успевам во луѓето десно и лево од мене да го препознавам говорот на Исус Назареецот Кој и мене ми зборува?
За Преминпортал
Ратислав Кардалев