Скопје, 11 април 2012 год.- храм на св.вмч. Димитриј на празникот на свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски и преподобен Јован Пустиник
И во овој ден, во присуство на бројниот верен народ, се отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови.. И денес, храмот беше постојано полн со луѓе кои сакаа да станат сведоци на ова Божјо чудо. На Литургијата вернио народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во средата од Страсната седмица светите отци одредиле да се врши сеќавање на жената која со миро го помазала Христа и така го подготвила за погреб; и на Јуда предавникот, кој одлучи да го предаде својот Учител за 30 сребреници.
САМООБНОВУВАЊЕ НА ФРЕСКИТЕ КОИ СЕ СЛУЧИА, ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ НА 10 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, ЗА ВРЕМЕ НА ЧИТАЊЕТО АКАТИСТОТ НА СВ.ВМЧ. ДИМИТРИЈ
Во олтарот, фреската на ликот на ангелот со путирот во рака, до вчера беше недостапна за човечкото око.Но ликот чудесно се појави за време на службата на акатистот кон св.вмч. Димитриј. Процесот на самообновување интензивно отпочна на повеќе делови од фрескоживописот во олтарот на а црквата.
Преминпортал
Лето Господово 2012