Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата тајна вечера, зашто нема да ја кажам тајната на непријателите , ниту целив ќе ти дадам како Јуда, туку како разбојникот Те исповедам: Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое.
Песна 9
Дојдете, верни, да се насладиме од гостопримството Господово и од Неговата бесмртна трпеза во горната соба, издигнувајќи ги нашите срца, зашто Словото е присутно горе, како што се научивме од Словото, Кое што Го величаме.

12 Април-Велика Четврток.
На Велики Четврток во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје, се отслужи Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Светата Литургија се изврши Света Тајна Елеосвештение.

Преминпортал
Лето Господово 2011