логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Источен петок – Балаклија

 „Радувај се, Живоносен извору, кој разлеваш чудеса по морињата и по сета вселена! Духовен океану, кој ги надминуваш водите на Нил со излевање на благодатта! Втор Силоаме, кој испушташ преславна вода како од камен и го имаш дејството Јорданово! Манно спасителна, изобилна за оние што имаат потреба, навистина богата и неисцрпна! Мајко Христова, Отроковице, Која на светот му излеваш голема милост“

(Стихира од Вечерната на Светол Четврток)

 Колку е чудесен и благодатен празникот на овој огнозрачен и радосен ден! Ете, сѐ уште силно сјае пасхалната светлина, а денес на неа се додава и блескавото торжество на Мајката на Светлината! Во овој светол Источен петок си спомнуваме за возобновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Балаклија, крај Константинопол, наречен „Храм на Живоносниот Источник“. Во тој храм се уште постои благодатен извор, чијашто вода, по благословот на Пречистата, е чудотворна и исцелителна од тешки болести.

 02.jpg  03.jpg

 И како секогаш кога Бигорската света обител со своите духовни чеда празнува во чест на Богомајката, славејќи ја  Нејзината бескрајна мајчинска милост кон човечкиот род, пројавена преку безбројните спасителни чуда, неизмерна е благодатта што Таа, подобно на Својот Живоносен Источник, ја излева во нивните срца. Иако врнежливото време ја попречи  литијата која обично се прави на овој ден, кога монасите и присутните верници во свечена поворка со икони и пеење на празничните стихири се упатуваат до агијазмата под манастирот, посветена токму на Живоносниот Источник, а потоа и до скитот на св. Серафим Саровски, сепак тоа не ѝ попречи на љубовта на нашата небесна Мајка преизобилно да ги исполни и стопли нашите срца. И навистина, на светата богослужба, умилително отслужена од нашиот старец Партениј и браќата свешетеномонаси, небесна благодат чиниш се испиша на лицата на бројните верници, дојдени во нашиот манастир да ја споделат убавината на денешниот празник. Радоста беше удвоена кога по завршувањето на богослужението, за време на Пасхалниот водосвет, во хармот на Претечата за поклонение беа изложени речиси сите мошти што се чуваат во Бигорската обител. Благоуханиот миомирис што се разлеа по воздухот, проструи и во душите на сите поклоници, носејќи им тивок и радосен спокој. Денешното славословие заврши со осветување вода во чест на Изворот на Богомајката, и во манастирската фијала, каде што на фреска е изобразен и Живоносниот Источник.

  О, Мајко Божја и Мајко на христијаните, Која постојано ја излеваш Твојата најштедра, најчудесна и најспокојна милост кон нас грешните! Смилостиви Го Христа, Твојот Син и Бог наш, заради нас, Твоите недостојни чеда, и удостој нѐ со благодатта и Царството на Твојот Син. Амин!

 

 

 

 

 

 

 

 

03.jpg

04.jpg

 07.jpg

08.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

15.jpg

16.jpg  17.jpg

18.jpg

 

20.jpg 21.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

 Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице,

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная