Скопје, 27 април 2012 год.-храм на св.вмч.Димитриј
На празникот на свети Мартин Исповедник, папа Римски и светиот маченик Ардалион Глумец
Ангелот го облеа силна бела светлина, која објективот на апаратот достојно на настанот не ја забележа, но сепак промената, на еден блед начин, да. Доминираше плавата боја, со бледо присуство на црвената, а ангелот изгледаше како сега Фрескописецот да го поставува на зидот.
На 27 април 2012 година, на празникот на свети Мартин Исповедник, папа Римски и светиот маченик Ардалион Глумец во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На самиот нејзин почеток, додека свешетикот принесуваше молитви кон Бог, се случи видлива промена на фреската на ангелот кој се наоѓа во непосредна близина на св.вм. Димитриј. Ангелот го облеа силна бела светлина, која објективот на апаратот достојно на настанот не ја забележа, но сепак промената, на еден блед начин.да. Доминираше плавата боја, со бледо присуство на црвената, а ангелот изгледаше како сега Фрескописецот да го поставува на зидот...А кога заврши причетувањето и крајот на Божествената Литургија, навраќајќи се повторно кон фреката на ангелот, се беше исто како и порано: се врати црвената боја и првобитниот изглед на целата фреска. Во олтарот настана друга величенствена појава, се осветли фреската на св.Јован Златоуст, во силна златна боја.(Повеќе)
Преминпортал
Лето Господово 2012