логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

krividol.badnik10.jpg

krividol.badnik1.jpg

krividol.badnik2.jpg

krividol.badnik4.jpg

krividol.badnik5.jpg

На празникот на Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа, во храмот Св. Георгиј презвитер Игор Калпаковски во сослужение на ѓатон Горан Стојчевски  отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

krividol.badnik.jpg

krividol.badnik3.jpg

krividol.badnik6.jpg

Вочовечувањето на Синот и Логосот Божји стремеше кон исправањето на Адам и на Ева, а пред се кон обожувањето на човекот. Според св. Атанасиј Велики, Бог стана човек за да го направи човекот Бог. Истото го среќаваме и во тропарите на Црквата: "Бог станува човек, за да го направи Адама Бог".
 Падот на Адам не беше етички (морален), туку онтолошки, бидејќи целокупното негово битие стана трулежно. Тоа, секако, имаше и етички последици. Со гревот човекот се соголи од Божјата благодат, го изгуби своето дерзновение пред Бога, се покри со влакната на тешкиот живот (смоквините лисја), се наметна со умирањето, т.е. со смртноста и со грубоста на телото (кожна облека), беше избркан од Рајот, стана осуден на смрт и потчинет на трулежноста. Бог со Своето милосрдие и човекољубие го воспитуваше на многу начини. Меѓутоа, за да ја победи смртта и за да го одведе човекот до обожување, Он се вочовечи. Впрочем, тоа требаше да се случи од почетокот, како што нагласивме претходно, бидејќи немаше друг начин на кој човекот би стигнал до обожување. (Христовото раѓање- Јеротеј Влахос)

krividol.badnik7.jpg

krividol.badnik9.jpg

Преподобната маченичка Евгенија
и другите со неа

Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен подвиг, што од Бога прими благодат на исцелување на болните. Така ја исцели една богата жена Мелантија. Но потоа истата жена сакаше, мислејќи дека е машко, да ја навлече на телесен грев. Па бидејќи Евгенија одлучно ја одби, оваа зла жена за одмазда отиде кај епархот и ја наклевети Евгенија исто онака како што некогаш Петефриевата жена го обвини целомудрениот Јосиф. Епархот нареди и сите монаси ги оковаа и ги фрлија во затвор заедно со Евгенија. Но кога ја изведоа на суд, Света Евгенија му се покажа на татко ѝ како негова ќерка. Израдуван, Филип се крсти заедно со сиот негов дом. По ова беше избран за епископ на Александрија. Кога слушна за ова римскиот цар, испрати еден свиреп војвода Теренциј, којшто дојде во Александрија и тајно го уби Филип. Тогаш Света Евгенија заедно со мајка ѝ и со браќата се пресели во Рим. Таму храбро и ревносно ги обраќаше незнабожците во вистинската вера, особено девојките. Така ја обрати и некоја прекрасна девојка Василија. Наскоро оваа беше убиена за Христа, како што ѝ прорече Света Евгенија. Тогаш ги убија и оние двајца евнуси, Прот и Јакинт. Најпосле дојде и маченичкиот крај на Света Евгенија. Од нејзиното присуство падна идолскиот храм на Дијана и се разурна. Мачителите најпрво ја фрлија во вода, а потоа во оган, но Бог ја спаси. Во затворот ѝ се јави Самиот Господ Исус и ѝ рече дека ќе пострада на денот на Неговото Рождество. Така и стана. Ја убија со меч на 25 декември 262 година во Рим. После својата смрт Света Евгенија ѝ се јави на својата мајка во голема слава и ја утеши.(Од Верскиот календар на МПЦ )

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

23/01/2025 - четврток

Свети Григориј, епископ Ниски; Преподобен Амон; Свети Маркијан; Свети Теофан Затворник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная