Чист понеделник (11.03.2019)
Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почеток на Постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги и сврти се кон Господа. Со гласот на Неговата Црква, Господ нѐ повикува да ги оставиме зад себе своите грешни и срамни дела и да ја започнеме добрата борба на трпение преку пост и молитва, која ги чисти нашите души и нѐ поставува пред Христа. И нека никој не рече дека без оваа борба и без овие добродетели