† РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (21.09.2015)
Севкупниот живот на овој избран сад Божји е невообичаен. Таа го добива името Марија, што значи испросена, односно, измолена од Бога. Нејзините родители, праведните Јоаким и Ана, ја раѓаат во стари години. Во години, кога според сите биолошки законитости, тие не можеле да имаат пород. Но, кога сака Бог ги победува природните законитости.