ЧЕТИРИЕСЕТДНЕВЕН ПОМЕН ЗА МОНАХИЊАТА ДОРОТЕЈА
![]()
Ние, како христијани, имаме надеж и вера во нашиот Спасител Господ Исус Христос. Во Оној Кој од преголема љубов кон човечкиот род, прими човечко тело и се даде за откуп за нас грешните. Па веруваме, дека со наш труд и со наше застапување во исполнување на волјата Божја, ќе измолиме милост Божја.



















На 27 jануари 2016 година, на одданието на Светото Богојавление, кога Црквата го слави споменот на светиот Сава, архиепископ Српски и светата Нина, рамноапостолна просветителка Грузиска, во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, и игуменот Гаврил, отслужи света Златоустова Литургија.























