12. И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби,
13. и им рече: „Напишано е: »Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече«, а вие го направивте како разбојничка пештера.”
14. И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
Денес Светата Црква чествува едно од најсјајните светила на богоизбраниот старозаветен, но и на новоизбраниот народ Божји – светиот пророк Илија, великиот Христов предвесник, земниот ангел и небесниот човек. Овој великан на духот, со својата силна вера во вистинскиот Бог, успеал да го зачува избраниот народ од богоотпадништво; со својата исклучителна ревност за Бога,
Со пристигнувањето на кичевската илинденска коњаница во манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче кое беше најавено со биење на камбаните, воочи празникот Илинден, денеска при влезната капија на Манастирот,
По повод честв своето властољубие како желба да владеат со другите, ќе се отслужи *ПАНИХИДА*увањето на борбата со која народот во Македонија се трудеше да ја добие својата слобода, а воочи празникот *Илинден* кој стана национален македонски празник, но и символ на македонскиот непокор, на *30. 07.2022 година во 9 часот, при влезната капија на Манастирот св. Јован Претеча Слепче,*
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко.
Денеска во Манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче се одржа предавање на тема „Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир“. Циклусот на предавања продолжува секоја наредна недела во Манастирскиот комплекс, а следната тема за излагање на овие предавања ќе биде од областа на Иконата и нејзиниот пат. Денеска од страна на отец Серафим беше направен и мал вовед кон темите на сите следни предавања.
Демирхисарско-слепченската летна школа, како едукативно-научна и културна манифестација, која е насочена кон проучување, истражување, афирмирање и промовирање на македонското културно и духовно наследство ги заврши годинашните активности. Затворањето на школата беше проследено со свечено врачување дипломи и признанија до сите учесници во летната школа,
На 7.7.2022 година, ден кога Црквата гo прославува Рождеството на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован (Иванден), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Света Литургија во храмот посветен на рождството на св. Јован Крстител во Бутел.