Она што го дава свештеникот, со ниедна пара на светот не може да се купи, оти го дава благословот и мирот Христов, но она што му се дава како надоместок му служи да може да ја извршува својата мисија, проповедтта за покајание и благата вест за Царството Божјо и спасителните тајни во Црквата за реализирање на тоа наше спасение во Христа, бесплатно ги добивме, бесплатно ги даваме. Сакаме ли мир, ајде да се измириме со Бога преку исповед, сакаме ли живот вечен, ајде да се причестуваме, сакаме ли единство со Бога, ајде да љубиме и да не осудуваме... бесплатно добивте, бесплатно давајте, ама кој сака да прими ќе прими Господи.
05.03.2015 год.
Господи Исусе Христе, помилуј не
Кога ни слушањето не е тоа што е во споредба со Таксеникот, кој има уши да слуша ќе чуе вели Христос, но денес ние сакаме да прислушнуваме и да озборуваме.
- КОЈ ЌЕ ГО СПОМНЕ АКО НЕ СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛОТ - ПРАВОСЛАВНИОТ И ХРИСТОЉУБИВ НАРОД, СИТЕ НАС И СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ, ктиторите, дарителите, помагателите и посетителите...болните, затворениците, сиромашните, сите кои просат од Бога помош, сите упокоени со надеж за Воскресение и живот вечен и сите Твои луѓе Господи Кој примаш БЛАГОДАРАМ од устата на свештенослужителот, па каков и кој и да е, и ни Го даваш Господи преку неговите раце Твоето Пречисто Тело и Крв како храна за прошка на гревовите и живот вечен, и ангелите пеат Свјат, Свјат, Свјат...и Пресветата Владичица топлло го слуша, а светителите ликуваат...а ние неблагодарно, рамнодушно и млако како Понтиј Пилат судиме и озборуваме како за Претечата Христов и за Христа, и велиме ненаситен и пијанца...,а ако не сака, сигурно бес има (Мт. 11,18-19)
„Молкум моли се за сите, за целата Црква, за свештенството, за монасите. Нашата Црква денес минува низ криза...биди вистински христијанин тогаш нема никого погрешно да го разбереш, туку твојата љубов ќе покрие сé...и кон иноверниот биди христијанин...треба да ја почитуваш туѓата слобода...„ - Св. Порфириј Кавсокаливиски
„Рамнодушните кои зависно од темепераментот рековме се или религиозни или атеисти, цело време укажуваат дека единица мерка за попот е џип, и според таа мерка во однос на Црквата мерат и премеруваат, не прават разлика меѓу ѓакон, свештеник и епископ, монаси, клисари, псалти,професори, мирски лица вклучени во работата на Црквата, туку имаат сума, наречена попови, а да не зборуваме дека во османлискиот период точно и иноверните знаеле кој и што бил во Црквата. Раководени според единицата мерка која си ја патентирале го бројат само возниот парк на суво, па дури и на вода, а никако да ѕирнат во возниот парк на своите наработодавци (нардебодатели и работодавци)„- „За патриотските игри„..
П.С. Ве замолувам не штедете ниту на облека, ниту на јадење и пиење...штедете на благословот кој слободно барате да го примите. Сиромавите се секогаш покритие на оние што имаат, а не благодарат. Пак и пак за сите ќе се молиме во Црквата, оти Христос треба да го сведочиме.
Пресвета Богородице, спаси не.
Она што го дава свештеникот, со ништо, со ниедна пара на светот не може да се купи, оти го дава благословот и мирот Христов, но она што му се дава како надоместок му служи да може да ја извршува својата мисија, проповедтта за покајание и благата вест за Царството Божјо и спасителните тајни во Црквата за реализирање на тоа наше спасение во Христа, бесплатно ги добивме, бесплатно ги даваме. Сакаме ли мир, ајде да се измириме со Бога преку исповед, сакаме ли живот вечен, ајде да се причестуваме, сакаме ли единство со Бога, ајде да љубиме и да не осудуваме... бесплатно добивте, бесплатно давајте, ама кој сака да прими ќе прими Господи.
Со години наназад особено во последиве 10, вакви и слични теми се објавуваат за време на пост (иако Таксеникот е објаве две седмици пред постот) или кога треба да имаме било каков духовен напредок. Целта е однапред извесна, да се наруши угледот и спасоносното Христово дело на Црквата преку свештенослужителите и се знае по чие дело тие постапуваат, само ме чудат верниве кои го познале Бога преку духовно раководство, што милуваат да посрамат свештенослужител со своето повисоко знаење и предлози, тие полошо прават и од оние што објавуваат сваштарии за Црквата во пост со цел да осудат и се плеткаат во ѓаволската мрежа наместо да се молат за нас и за сите што го прекршуваме Божјиот закон, а со тоа се хули името Божјо пред незнабошците (види Римјаните).
Лето Господово 2015