Да не заборавиме дека просвета, значи просвештение, а со што би се просветиле ние освен со Христос. Овој завет ни го оставиле св. Кирил и Методиј, а го продолжиле светите Климент и Наум Охридски и другите ученици дека: Ти си наше просвештение Христе Боже наш и Тебе слава Ти вознесуваме со Беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот благ и живототворен Дух, сега и секогаш и во сите векови.
п.с. Образование и воспитание значи покажување на образот Христов во нас, воспитание значи дека Христос е нашата вистинска храна, тоа е познанието и просветата, почнува со очистување се исполнува со обожување во Нашиот Учител и Спасител.
презвитер Горан Стојчевски
26-ти мај. лето Господово 2015