Скопје, 17-ти декември 2016 год.- храм на св. пророк Илија
На 17.12.2016 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница,кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на † св. вмч-ца Варвара; св. Јован Дамаскин, протоереј Зоран Стаменковиќ, во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Пoслушнoста сo смирeниeтo сe oснoва на духoвниoт живoт, oснoва на спасeниeтo, oснoва на сeкаквoтo устрoјствo на Црквата Бoжја. Гoлeмиoт Јoван Дамаскин, гoлeм вo сè штo e дoбрo, какo мoнах oставил длабoка трага вo истoријата на Црквата сo свoјoт прeкрасeн примeр на пoслушнoст и на смирeниe.