ДЕДО НАУМ: ОСВЕСТИ ГО СВОЕТО ВРЕМЕ

Некои луѓе страдаат поради своите гревови, а некои поради восовршување.

Првите се делат на две групи: едната се тие на коишто им истекло времето дарувано за покајание, иако не се и најгрешните,

а другата се тие на кои не им истекло времето дарувано за покајание, иако меѓу нив може да има и погрешни отколку во првата група –

„ви велам: ако не се покаете, сите така ќе изгинете“ *.

„Опкопувањето и ставањето ѓубре на смоквата“ е духовната работа, саможртва и молитва лична и литургиска, на светите луѓе, со што тие купуваат време за покајание на оние што страдаат поради своите гревови:

„па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш“, а за себе време за восовршување.

Времето за восовршување на светите луѓе, исто така, се дели на два периода; едниот, во служба на Црквата, а другиот во лично исихастичко восовршување во анонимност или во мачеништво.

Секој треба да си го освести своето време - уште колку и за што му е дадено.

А „времето" тече...*Лука (13, 1-9)

 

fb S.Stefkovski

13.08.2026