логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Pimen.Putir.jpg
Митрополит Европски Пимен
МИТАРСТВА

“не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како  и другите, Што немаат надеж, оти ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог Ќе ги приведе со Него”
/И послание до Солунјаните 4,13-14)
Дојде време на годиШните одмори. Сега на ред е сите да се одмориме, јас од пиШување, а и вие од мене. Но, пред да се одјавам, да потсетам на големите празници на Црквата кои Што следуваат. ВеЌе во четврток Ќе го прославиме Вознесението Христово (Спасовден) како четириесетти ден по Воскресението Христово - Велигден, а десет дена подоцна е Педесетница или слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, роденденот на Црквата меЃу народот познат како Духовден. Ден пред Духовден имаме задуШница или мртва сабота позната под тоа име во некои делови од земјава. Токму на овој празник се и најголемите промаШувања во празнувањето заШто со губењето на суШтината оваа  голема духовденска задуШница станува православен Хелоњеен ден кога ги чекаме мртвите да се појават пред нас па затоа стоиме цела ноЌ околу гробовите. Во тоа чекање доаЃаме до ситуација кога Ќе направиме пијанка пропратена со празни муабети, па Ќе настане и натпревар кој повеЌе работи Ќе донесе на гробот за раздавање, но и за покажување на оние околу нас колку сме ние вредни, потоа оставање на храна по гробовите, истурање пијалоци (ставање дури и цигари), често со мисла дека таа оставена храна и пијалок на гробот Ќе ја изеде и испие починатиот...  Од оваа причина би ја отворил  темата за православното поимање на патот на човечката дуШа по разделувањето од телото, каде таа престојува, потоа да ја откриеме смислата на сите оние црковни служби и обреди Што се поврзани со преминувањето од живот во смрт или како Што се поима во правосславното аскетско предание како живот по смртта, односно чиновите како опело, трисагија, парастос, помените и задуШниците.
Православната Црква верува во Воскресението Христово како темел на наШата вера во Светотроичниот Бог, а преку Христовото Воскресение веруваме во воскресение на секој човек (налик на Христовото) кој се родил и живеел во светот од почетокот на човечкиот род до денес, од Адам се до последниот човек на земјата Што Ќе се роди од жена. Ова воскресение веруваме дека Ќе се случи со есхатолоШкото исполнување на историјата, на крајот на светот каков Што го познаваме, а кој веруваме дека Ќе биде пробразен во вечност како и се во него при  Второто Христово доаЃање, кога Христос Ќе ги воскресне сите и праведно Ќе му суди на секого од нас како личности, но и на народи (иако пресудата самите Ќе си ја донесеме според начинот на наШиот живот во светот односно според љубовта и милоста кон ближниот т.е. кон секој човек создаден според образот и подобието на Бог, а со кого се поистоветува Христос) секому според делата, некому за живот вечен кои Ќе бидат осветлени според нивната вера и дела, нивната надеж и љубов, според очистувањето на срцето и просветлувањето на умот од благодатта Божја, а некому за суд и за вечни маки, за кои како Што вели св. Максим Исповедник, љубовта Ќе стане неподносливо измачување. Никој нема да биде лиШен од љубовта Божја, но љубовта делува на два различни начини таа станува страдање во осудените, а радост во блажените, вели св. Исак Сириец.
ЛуЃе секојдневно умираат па често се поставува праШањето каде одат тие дуШи, а ако се знае дека Ќе го чекаат Судниот ден тогаШ праШањето е, а Што е со нив и каде пребиваат до овој страШен суд.  Православното учење на ова праШање дава одговор преку примерите споменати од Христос Богочовекот во Евангелието, но и на примери од христијанското Предание кои се темелат на безброј искуства на светителите или пак на сведоШтва на верен народ кои неколку моменти биле во клиничка смрт. Православието учи дека непосредно по разделувањето на дуШата од телото, дуШата е присутна тука меЃу нас, но со тоа Што таа е само пасивен набљудувач. Па така и ние учиме и веруваме дека првите два дена дуШата патува на места на кои со радост се потсетува, за веЌе третиот ден да го продолжи патот кон Бог. Веруваме дека до деветтиот ден го гледа рајот, а потоа во наредните денови до четириесеттиот го гледа пеколот. А во сите овие денови кога дуШата патува на поклонение пред Бог носена е од ангелите и ги поминува духовните граници наречени во православната традиција како митарства или царини со денеШна терминологија. Според  учењето на Црквата Божја и според искуствата станува збор за дваесет вакви митарства. Не секое од нив одговараме за одредена страст која владеела со нас за време на наШиот живот. Доколку некоја страст се пронајде кај дуШа на оној Што починал, таа може да биде задржана на некое од тие митарства од страна на отпаднатите ангели - демоните, а ако не се најде неШто такво во дуШата на починатиот таа го продолжува патот и во четириесеттиот ден таа Ќе стигне на поклонение пред Бога.
Искуствата кажуват дека при поминувањето на митарствата во многу помага застапничките молитви на Пресветата Владичица наШа Богородица, на ангелот пазител кој го има секој човек, како и молитвите на светителот чие име носиме или прославуваме, како и плаЌањето со духовното злато, секако ова е во преносна смисла, заШто златото како материја не може да ја следи дуШата, духовното злато се  добродетелите кои човекот ги направил и стекнал за време на животот како и милосрдието Што го прават неговите ближни во негово име по смртта, а најмногу молитвите.
Поради ова, при патување на дуШата кон Бог, Црквата препорачува засилени молитви на духовниот отец, молитвите на Црквата - споменувањето на името на покојникот на Светите Литургии Што е особено значајно бидејЌи соборно се моли целата Црква, како и давањето и правењето милостиња од нас живите во негово име.
Врз основа на искуствата на верните, Преданието и сведоШтвото на Црквата. така веруваме, па затоа препорачуваме постојани молитви од духовниот отец, но тоа подразбира дека починатиот водел духовен живот под раководство на духовен отец, препорачуваме и во текот на овие четириесет дена да се споменува името на починатиот на Проскомидијата пред Светата Литургија кога се подготвуваат евхаристиските дарови (лебот и виното кои на Светата Литургија со слегувањето на Светиот Дух врз нив стануваат вистинско Тело и Крв Христови), тоа може да биде во некој од манастирите или храмовите каде Што секојдневно се служи Литургија или пак да се каже во некои од градските храмови да се богослужат тие заупокоени литургии. Пожелно е да може покојникот на повеЌе места да се споменува. Црквата по ваков случај ги востановила и следните црковни молитви и чинодејствија : трисагија или трисвето на денот кога се упокоил човекот, која е кратка молитва и која се чита во домот на покојниот, наредниот ден е опело кое се изврШува непосредно пред погребението, како и помените и парастасите во наредните денови. Особено значаен според наШето верување е поменот во 40 ден, ден на посебниот суд (не дека наШите молитви не се значајни особено и во третиот и деветтиот ден, на Шест месеци и една година), како ден во кој дуШата добива суд за времена распределба во која состојба Ќе пребива до опШтиот суд при Воскресението на мртвите со Второто Христово доаЃање. Парастоси е пожелно да се прават Што почесто во годината (ако е можно да се прават во саботите), а особено на денот на упокојувањето како и на редовните задуШници кои се востановиле според искуството во Црквата (саботата пред празникот посветен на св.вмч. Димитриј-Митровден, саботата пред Месоотпусната недела, понеделникот по Томина недела и саботата пред Духовден).
Друго Што би било особено полезно е правењето на милостиња во име на починатиот. Тоа своевремено се правело со тоа Што се собирале ближните на еден заеднички ручек на кој се нахранувале и сиромаШни и бездомници како и сите оние кои имале потреба од помоШ, а тие си споменувале за покојниот и се помолувале за него. Храната Што се оставала на гробовите била наменета за оние кои Ќе поминат ако се гладни да се послужат и да си споменат за покојникот, а не со  верување дека тој Ќе стане да јаде. Во тоа се состоела смислата на задуШницата и помените. А каде сме отиШле денес со смислата? Во расфрлањето со храна и пијалоци од кои никој нема толкава потреба туку само Ќе ги натрупаме во кесите во кои Ќе се измеШаат вкусовите и потоа се Ќе фрлиме.
Можеби за некого ова верување на Црквата е неприфатливо, за некого можеби ирационално или смеШно, бидејЌи како Што рекол св. апостол Павле некои бараат знаци, а некои мудрост, а ние го проповедаме Христа Распнатиот Кој  со Своето Воскресение ја победи смртта.  За некого сме смеШни и глупави и ние кои ова го проповедаме, а и оние кои ни веруваат во тоа и го применуваат, но пак би рекол ни од далеку не сме толку смеШни како оние кои не веруваат, а сепак го применуваат.
Една молба за крај. Размислете наместо непотребно да троШиме на храна која Ќе ја раздаваме на гробовите а од која никој нема толку голема потреба тие средства да ги собереме и да ги подариме на пример на некој дом за деца без родители, во некоја народна кујна т.е. онаму каде Што реално има потреба од таа милостиња. ЗаШто само така Ќе ја постигнеме суШтината нејзина и само така покојникот Ќе има вистинска полза од неа. Исто така, поважна е молитвата и поменот за покојникот отколку пренатрупаните “софри” на гробовите.
Вечен им спомен на сите починати, а на живите добар подвиг во верата.
 И повторно како Што е христијански обичај до Спасовден Ќе ве поздравам со радоста Христос Воскресна, навистина Воскресна! Секое добро и благослов од Господ на сите вас и ваШите ближни. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2046
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2565
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 18 декември / 31 декември 2024

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 18 декември / 31 декември 2024

Слава Тебе Господи,што такво срце човеково создаде,и по молбата Модестова очисти и исполни,со љубов кон родот човечки.Сотрудник Јованов, утешител Захариев,прославител...

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная