логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Простете ми

Го заборавивме човекот во нас, а не пак Бога, кога веќе сме тргнале да ја следиме својата суета и гордост


На еден наш портал на кој беше објавена една од моите колумни во коментарите по прославите на Бадник,Божик и Богојавление, некој ме прозва да напишам нешто за тоа како поминале празнувањата, дали некаде и нешто сме промашиле. Некои случајни луѓе летово, кога пишував на овие страници како замена, неколкупати ме прочитале и ме прашуваа кога пак нешто ќе напишам или ќе дадам коментар. Не дека тогаш немав што да напишам или да искоментирам или, пак, да опоменам, но рака на срце и да пофалам за некои работи, но секогаш кога се чувствував подготвен нешто да напишам, ќе ги погледнев новинарските текстови поврзани со Црквата, а од коментарите на читателите на тие написи гледав дека сме се' уште во сенката на залезот од „Изгрев“. А коментарите по објавувањето на која било информација од црковниот живот како на пример, Божикното послание, кое меѓу другото, имаше една прекрасна и позитивна порака, да се зголемува бројот на рожбите или, пак, информациите за некоја богослужба или по Божикниот прием, реакциите повторно беа од типот, вие ли ќе ни кажете, гледајте си го хотелот, излезете од скапите џипови, симнете се меѓу народот... итн. И тогаш, ќе се повлечев, бидејќи секое појавување во тој момент имаше основана можност да биде протолкувано како обид да го пренасочиме вниманието, да ја смениме темата, дека се браниме...

Во меѓувреме работите се смирија, дојде и Прочка, па можеби и ни се простило нешто бидејќи сега е еден прекрасен момент од циклусот на празнувања во Православната црква, кога треба да се потрудиме да поставиме нов почеток, па во тој правец, ајде, пак, да напишам нешто. На нас, според нашата недостојност, а по Божја благодат е да советуваме и да поучуваме, а на вас е дали ќе ни верувате, дали ќе се согласите и дали ќе ги прифатите кажаните зборови. Пак и пак, е оној период во кој Црквата Божја повикува да погледнеме кон себе и во себе, да се пронајдеме и да го разбудиме во нас срцето, внатрешниот човек во нас. Да видиме до која мерка сме го заборавиле животот, својата личност и ближните кои се околу нас, и до каде сме се препуштиле на отуѓувањето во онаа секојдневна борба за градење кариера, многу пари и чалам, газејќи се' пред себе, а особено оние личности што ни се нашле на тој пат кон нашето искачување, а кои повторно ќе ги сретнеме на патот кога ќе се вратиме онаму од каде што сме дошле. А враќање ќе има затоа што сме заборавиле кои сме и што сме. Го заборавивме човекот во нас, а не пак Бога, кога ја следиме својата суета и гордост.

Но, не мора да значи дека трката во овој свет е само по кариера и слава, по материјалниот хедонизам што го турка човекот во бездната на самозаборавот, туку да се сетиме и на поговорката, сиромав човек жив ѓавол, па доаѓаме до заклучок дека и оние живи и конкретни личности што се борат за гола егзистенција /читај, живот/, а на кои несомнено треба да им помогнеме, и кои водат борба за опстанок се подеднакво подложни да наседнат на таа брза трка во животот со времето од овој свет. Ако не се најдеме ниту во првите ниту во вторите, ќе се најдеме сигурно во третите, кои забораваме дека времето тече кон своето исполнување и го надминува животот во овој простор наречен свет, па трупаме материјални богатства, обично на штета на оние, на кои требало реално да им го распределиме. И кога ќе видиме секој од нас некаде припаѓа, и секој од нас го заборава внатрешниот човек, човекот богат во душата со богатства што ќе го издигнат во незаборавот на сите околу него.

По Божја промисла, секогаш има нешто што ќе не' вразуми кога ќе помислиме дека сме беспрекорни, нешто што ќе не' спушти на земја, порано или подоцна. Секако постои и една полесна и побезболна варијанта, онаа од погоре во текстот, сами да погледнеме во себе и да најдеме покајание, да размислиме колку брзо минува времето во таа збрка во која бесцелно и бесмислено го водиме нашиот живот. Ако, погледнеме во себе ќе се вразумиме наоѓајќи во себе покајание кое ќе не' поттикне на размислување во срцето, тогаш да се измириме најнапред со себе, а потоа и со сите оние што сме ги повредиле во оваа наша секојдневна суетна трка. Најбитно, секако е, да не се лажеме дека сме толку праведни за да немаме на кого да се извинуваме и дека од никого нема потреба да побараме и да му дадеме прошка.

Црквата воспоставила еден ден во кој ќе можеме да си простуваме едни со други, па помирени да влеземе во посните денови на покајание, и го нарекла Прочка. Аскетското предание на Црквата, пак, ни укажува на постојано покајание и простување низ непрестајната молитва Господи Исусе Христе, помилуј ме... во срцето. Но, ако навистина побарме и дадеме прошка ќе ни биде јасно од каде потекнува и името прочка на овој црковен празник. Потекнува од зборот прошка, но јазично дошло до палатализација на консонантот Ш во Ч. Зборувајќи за покајанието и простувањето знам дека ќе чујам пак, лекару излекувај се сам, упатено можеби не лично на мене, туку на свештенството воопшто во кое се вбројувам, но би сакал да напоменам дека задолжително треба да заборавиме и далеку од себе да ги отфрлиме идеите дека прошка се добива со поткупување на Бога, на светителите или, пак, на воспоставеното свештенство во Црквата, па потоа да има коментари, еве со наши пари се прави ова или она.

Тоа некогаш се правело временски и просторно во западната црква со индулгенциите (ливчиња кои скапо се плаќале, а на кои се добивало написмено потврда дека гревовите на некој човек се простени бидејќи се скапо платени), тоа би му дошло нешто како шенген-виза за рајот, кажано со современ јазик. Порано сум споменал дека не се искупуваме со носење богати дарови во храмот или со градење на истите, човекот со ништо на овој свет не може да се искупи бидејќи не е повикан на должничко-доверителски однос, туку на личносен однос кој го градиме со Бога низ Христа Богочовекот во благодатта на Светиот дух, со ближните и со самите себе, со внатрешниот човек, со човекот како духовно битие. Кога ова ќе го сфатиме, тогаш ќе ги искористиме деновите од Прочка до Воскресение, да се покаеме и да пристапиме кон измирување на секој со секого за да влеземе во радоста на победата на животот. Нормално е ние што тоа го проповедаме први да го исполниме, да дадеме личен пример за тоа, за да ни држи проповедта, а не да биде само „солење“ на памет. Ако искрено пред себе го направиме ова, ќе почувствуваме олеснување на душата и совеста, нашиот живот ќе го збогатиме со смисла и цел, а ако пак го направиме тоа про форма имаме една друга придобивка од сето тоа, ќе ни стане многу појасен поимот карневал.

Карневалите како појави ги имаме и пред христијанството како маскаради зад кои се криела личноста, потврдено во античкиот театар. Но, самиот термин карневал конечно своето етимолошко значење го добива во христијанството, поврзано со празникот Прочка, бидејќи овој пак се нарекува и ден на отпуштање на месото од нашата исхрана, односно ден кој го означува почетокот на великите велигденски пости. И постите како денови на воздржување препорачуваат да се воздржиме од јадење мрсна храна, особено месо, латински царне /месо/ и вале /отпушта, остава/. Тоа затскривање на личноста продрело и во христијанскиот начин на живеење. Секогаш е полесно да се одржи форма отколку суштина, па така, на секој еден маскиран човек му е многу полесно да дојде до секого и да ја побара таа прошка и формално да ја добие, и да си замине убеден дека ја добил прошката па, со тоа формата е целосно исполнета.

Но, ако на личност сме згрешиле, треба од личност да добиеме прошка и да дадеме прошка на личност, а не на маската, односно на ликот што го изобразува маската. Да не се разбереме погрешно, не сум против карневалот како забава од традиција на еден град, бидејќи гледам дека народот од цела земја го прифаќа и тоа му дава привлечност на градот, но сум против тоа уживање да се затскриваме зад маски, т.е. затскривањето зад колективна одговорност. Противник сум на тоа зашто веќе почнува да ни се допаѓа што карневалите пополека, навлегуваат насекаде. А ние едноставно, секоја наша одговорност ја затскриваме зад маската на народот, велејќи народот зборува, или се слуша дека... Зад партија, кога велиме дека поради ставот на партијата, тоа и тоа го правиме или зад институција кога се браниме, не јас тоа, туку институцијата...

Мојот страв е особено голем, а се состои во тоа, ние како Црква, а која е жив Богочовечки организам полека да не ја земеме маската на институција и да го промашиме или не дај Боже, никогаш да не го оствариме тој личносен однос со народот во Христа спасителот, па тогаш оние бадникови гранчиња кои според мене немаат никаква симболика, да не станат предобраз за тоа како ќе завршиме, овенати, исушени и на крај, фрлени во оган.

Митрополит Европски Пимен

Извор: Дневник

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2046
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2565
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 18 декември / 31 декември 2024

Тропар на Христов патријарх Модест Ерусалимски 18 декември / 31 декември 2024

Слава Тебе Господи,што такво срце човеково создаде,и по молбата Модестова очисти и исполни,со љубов кон родот човечки.Сотрудник Јованов, утешител Захариев,прославител...

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная