Покајанието – почеток на исцелувањето
Покајанието – почеток на исцелувањето
Понекогаш човекот толку долго живее со своите падови, што престанува да ги забележува. Не е најстрашен самиот грев, туку навиката на него – мигот кога почнуваме да го сметаме за нешто обично и природно. Кога совеста повеќе не нè опоменува, душата полека почнува да се суши однатре. Не затоа што Бог се оддалечил од нас, туку затоа што ние веќе не се осмелуваме искрено да погледнеме во своето срце и да ја принесеме својата вистина пред Него.Светата Исповед е местото каде што престануваме да се оправдуваме и да се криеме зад своите маски. Таму човекот не го губи своето достоинство, туку се ослободува од товарот што долго го носел. Бог веќе знае сè што се обидуваме да сокриеме, но трпеливо чека сами да Му го отвориме своето срце. Само она што ќе го исповедаме може да биде исцелено. Она што останува сокриено продолжува тивко да ја ранува душата.Светата Евхаристија не е награда за совршените, туку средба со Христос – Лекарот на нашите души. Никој не може вистински да Му пристапи без да сфати колку е сиромашен без Бога. Но токму во тоа смирение започнува вистинското духовно богатство. Таму каде што човекот гледа само слабост и урнатини, Божјата благодат почнува повторно да гради нов живот.Нема грев што е поголем од Божјата љубов. Но постои една навистина голема загуба – кога човекот ќе престане да посакува да се врати кај Бога. Сè додека срцето може да заплаче за својот пад, светлината сè уште живее во него. А од едно искрено покајание може да започне сосема нов живот.Мајка Силуана Влад / Подготви С. Стефковски






Гревот не ја затемнува душата одеднаш. Тој започнува со мали отстапки, кои толку често се повторуваат, што со време ни изгледаат сосема природни.
Тој ни ја откри и љубовта како начин на живот – љубов што долго трпи, простува, се надева, истрајува и не ја бара својата корист.
Како овие деца, кои директно учествуваат во вакво насилство, немаат развиено чувство дека тоа што го прават е погрешно?
На најубавата полица, покрај сите други инструменти, лежел мал и обичен дрвен клин, на чија етикета пишувало„Гордост“.
Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку
Слушнете и запаметете ги, браќа мои, овие четири збора: РАЗБУДУВАЊЕ, ПОКАЈАНИЕ, ОЧИСТУВАЊЕ, ПРИЧЕСТУВАЊЕ.
Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“
Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,
Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе нема да се познава.“ (Псалм 102)
Затоа нема сомнеж дека Господ Бог правел чуда и преку Светиот Крст, светите икони и светите мошти.
Најдлабоката осаменост не е кога околу нас нема луѓе, туку кога веќе не можеме да живееме во мир со сопственото срце.
Но Бог е долготрпелив и многумилостив. Тој не нè остава во нашите заблуди, туку нè води, нè обликува и нè подготвува
„Да се испрати светлина во темнината на човековото срце – тоа е должноста на еден уметник.“
























