Архимандрит Серафим: Беседи за животот по животот
Словото Божјо нѐ учи, a и искуството го потврдува тоа, дека не сме господари ниту на својот живот, ниту на својот имот. Ние сме тука времени управители на времено доверените ни блага. Поставени сме не по наша волја во еден привремен престој во големата необична сечовечка чекална.