На празникот на преподобната маченичка Февронија, во Соборниот храм на Св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.
Во разгорената печка халдејска, со помош Божја од Духот поросена, младите момчиња пееја: Благословен си; Боже; на нашите татковци.
Го празнуваме; Чиста; и на твоето свето раѓање верно му се поклонуваме; пеејќи Му на твојот Син; преку Кого сега се избавивме од древната осуда Адамова.
|
Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам. |