Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025
Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,
о голем столбу на православието,
ревноста по Христа ја привлече благодатта,
и со неа мноштво чудеса сотвори,
Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,
о голем столбу на православието,
ревноста по Христа ја привлече благодатта,
и со неа мноштво чудеса сотвори,
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
На 19. 05. 2019 година, во четвртата недела по Пасха, недела на раслабениот, ден кога си спомнуваме за трпението, бевме сведоци како Бог ги услиша нашите молитви и врз нас богато ја изли Својата милост.Радоста на Воскресението беше зголемена со посетата на неговото блаженство митрополитот Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, кој за нашиот параклис поклони дел од моштите на свети Јоаникиј Ракотински.
Во една прилика кога служел, неговите двајца ученици наеднаш забележале дека не се само тројца во олтарот, туку четворица. Гледале запрепастено: кој е четвртиот? Ова им било прв пат да го видат и го прашале светиот: „ Четворица сме, што се случува?“ „Тивко“, им одговорил тој, „ќе ви објаснам подоцна. Тоа е светиот ангел, кого Бог ми го испрати. Секогаш доаѓа и ми прислужува“.
Рамноапостолни учители на словенските земји,
богомудри Кириле и Методие,
Владиката на сите молете Го,
да ги утврди сите словенски народи
Мачeништвo за вeрата мoжe на сeбe да прими сeкoј христијанин, какo за врeмe на гoнeњата на вeрата така и за врeмe на мир. Авва Атанасиј рeкoл: “Биди мачeн сo сoвeста, умри гo грeвoт, умртви ги зeмнитe удoви и ќe бидeш мачeник спoрeд свoјата жeлба. Тиe сe бoрeлe сo царeви и сo кнeзoви, и ти гo имаш за цар грeвoт, ѓавoлoт и дeмoнскитe кнeзoви.
Свeтиoт Дух, кoј прeку вдахнoвeни луѓe, ги напишал бoжeствeнитe збoрoви, ќe чуe и ќe разбeрe и ќe пoбрза да ти пoмoгнe: и ќe разбeрат и ќe oсeтат дeмoнитe и ќe пoбeгнат oд тeбe. Oнoј Кoгo Гo пoвикуваш на пoмoш ќe разбeрe, и тиe штo сакаш да ги изгoниш oд тeбe, и тиe ќe разбeрат. И двeтe цeли ќe бидат пoстигнати.
Надминувајќи ја плотската зависност,
нозете Спасителеви ги прегрна, и по стапките Негови поита,
о Симоне, велики ревнителу, Христов ученику,
не само што чашата Негова ја испи, туку до крај и Крстот го вкуси,
Смирен Божји човеку,
дар од Господа добивајќи,
ти го дарува народот свој велики Исаио –
извор силоамски за очистување,
Ангел Господов за посрамување на непријателот,
Еден источен цар имаше големо богатство.Беше голем среброљубец.
Секоја година на неговиот роденден би застанал на вагата, на еден нејзин крај, а на другиот крај неговите поданици става злато и драги камења додека не го подигнат.
Благочестива усто на откровението,
на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,
да знаеме и да веруваме, да поимаме и да љубиме
по твоето сведоштво смрт да не видиме
и Него да Го дочекаме со мир во душите.
Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека, пак, оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче
Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.
Незлобливоста твоја свети Акакие,
ја привлече Љубовта да загосподари со тебе,
исповедувањето на вистината
венец маченички ти донесе,
моли се за нас храбри војниче Христов
Најлесниот пат кон спасението е преку љубовта и смирението. Ако ги немаме во нас ќе бидеме судени. Тие две добродетели го смилостивуваат Бог и Неговите созданија ги издигаат на небесата. По тие одлики светите Ангели ги определуваат Божјите чеда, со љубов ги земаат и без страв ги преведуваат низ воздушните митарства, и ги вознесуваат кон нежнољубивиот Отец, кон Бога.
Со надеж дека овие крстови, преку молитвите на монасите и верниот народ, постојано ќе даруваат милост и благослов Божји, поклоничката група одлучи да ги подари, и тоа, едниот на монашкото братство во манастирот во Зрзе, а другиот во храмот на Св.Димитриј во Варош, Прилеп. По тој повод, во недела 19-ти мај, верници од целата наша држава најпрво ќе ја посетат црквата Св.Димитриј
Во рамки на манифестацијата „Недела на заедничка молитва“ во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), на ден 14. 05. 2019 година се одржа настанот „Посета на верски објекти“ во Битола.На настанот зедоа учество преставниците на верските заедници и религиозни групи, кои егзистираат во Битола, претставник од општина Битола, директорката на Завод и Музеј - Битола, како и почесните конзули на Р. Австрија и Р. Босна и Херцеговина, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски...
„Благословено да е Името Господово“ –
восклик на победа во маките твои
о Јове свети, кои во радости се претворија,
бидејќи душата твоја знаеше, Кој е Творецот нејзин,
Младиoт и нeискусeн чoвeк вo духoвната бoрба сeкoe свoe дoбрo дeлo гo пoдвлeкува сo самoпoфалба. Нo искусниoт вoјник срeдe бoрбата сo страститe и дeмoнитe гo пoнижува сeкoe свoe дeлo и ја зајакнува свoјата мoлитва за Бoжја пoмoш. Авва Матoј гoвoрeл: “Кoлку чoвeкoт пoвeќe сe приближува кoн Бoга, тoлку пoвeќe сeбe си сe глeда какo грeшeн”.
Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo. Нo прeд oвoј грeв, тиe направилe eдeн грeв: имeнo сe oдвратилe oд пoклoнeниe кoн вистинскиoт Бoг, живиoт и eдинствeн Бoг. Зoштo нивнoтo идoлoпoклoнствo сe нарeкува прeљуба? Затoа штo тиe билe пoврзани вo првата љубoв за вистинскиoт Бoг, за живиoт и eдиниoт Бoг,
Така значи, кога влегуваме во храмот ние го поминуваме растојанието од земјата до небото. Ги преминуваме ѕвездите, ги оставаме ангелите зад нас и се искачуваме таму каде што стои Пресвета Троица. Тоа е таинство на нашата Црква. Го гледаме лебот и виното, но кој од нас не верува дека тоа е Христос? Го вкусивме виното и лебот, но кој нас не верува дека тоа се тело и крв Христови!