ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на света Христова
маченичка Теодосија девица
29 јуни / 11 јуни
Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,
чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом;
оттука си го посрамила непријателот кој се бори против родот човечки, добро си пострадала, и си го посекла Копронима со мечот на верата, Теодосија, и пред Небесната брачна одаја си се претставила, радувајќи се. Моли се секогаш, да добиеме милост голема
ние кои тебе со вера те почитуваме.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот
Христов епископ
Александар Александриски
29 мај / 11 јуни
Ликува денес Христовата црква,
величајќи те тебе Александре пастиру
кој душата си ја полагаше за овците Божји,
бранејќи ги од волкот духовен, кој трлото го растураше.
Прими од нас ти Христов војниче
чест, пофалба и молитвословие
и спомни нѐ пред Царот на Славата,
Спасителот на светот.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Олвијан Анејски
и неговите ученици
29 мај / 11 јуни
Огнот душа не ти допре тебе епископе Олвијане
нити пак на твоите ученици товар потежок натовари,
туку се распрснаа Христовите непријатели
од вашите молитви и подвизи исповеднички.
Затоа сега од нив оградени да побрзаме
со покајничко преумување кон дверите на Животот.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на блажениот
Христов чудотворец
Јован Устјужски
29 мај / 11 јуни
Милоста Господова на тебе почиваше блажен Јоване
и силата на благодатта на подвиг јуродивствен
те поттикна свет подвижниче.
Радоста молитвена со ангелите споделувајќи ја
мноштво кон Христа поитаа гледајќи ја твојата веселба. Спомни си за нас во твоите молитви свети.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светата
Христова маченичка
Теодосија Тирска
29 мај / 11 јуни
Теодосио света, славна маченичке,
Христова девственичке од чија утроба
Спасителот гулабица чиста изнедри,
моли се за нас ти која мноштво венци придоби
и благодатно кон Небесата возходе
да се сретнеш со Оној Кој рака ти подаде.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот
Христов новомаченик
Јован Солунски
29 мај / 11 јуни
Јоване свети мачениче,
неписмен за светот, но мудар во Христа,
спозна дека душата се храни со благодатта Господова,
а умот осветен со спознание одозгора,
ја засили љубовта во срцето твое,
за нас моли се ти кој за верата глава приклони,
да останеме верни,
до нашето пред Бога претставување.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2024)
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово