логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Starec.Simpson1

– Отче, како да го сфатиме изразот: „Со аскетско телесна градба“?

– Тоа се оние суви, тенки, со многу развиена мускулатура, со многу мали масни наслаги. Кај аскетите мрзливоста е првиот непријател. А вториот е гордоста. Ако имале ревност да ја победат мрзливоста, својата омилена другарка, тогаш веднаш ја победувале и гордоста. Секое противење на некоја неудобност тие го отстранувале и молеле за прошка. Едноставно се молеле како деца: „Прости ми!“

Секое објаснување на гревот е таен и лукав обид човекот да се извини себеси и да се оправда, објаснувајќи ја вината. „Јас сум виновен за тоа и тоа, така и така“. Ако на духовникот и на неговото срце не му е јасно чувството за покајание, тој дополнително прашува како се случило тоа. Тука не треба да се префрла вината на некој друг, туку треба да се признае својата вина, да се разоткрие, да се моли за прошка. Затоа што на исповедта сме: како на суд кај Бога, а свештеникот е само сведок и помошно лице. И колку човекот чувствува повеќе потреба да се разоткрие, толку повеќе надеж има во простувањето. А кога го има тој срам, значи дека е многу мала надежта во простувањето. Ете само поради срамот (кога не се срамиме да ги признаеме своите гревови) Бог го простува гревот. Затоа што во секој од нас постои срам: „Како ќе му кажувам на некој човек за мојот грев!“ Иако тоа е најобичен грев, на пример, дека сум осудил некого. А уште, пак, повеќе грев што тежи: сум се пофалил, лажев, измамив.
Старец Сампсон Сиверс
Старец Сампсон Сиверс

Смирението решава сè, смирението не со умот, туку со срцето. Тоа е многу болно: тука не само што треба да се сече, туку треба и да се забоди така што ќе биде болно. И целата борба како што ја нарекуваме „војна“, отпаѓа. Не затоа што јас сум нешто, немојте така да размислувате! Јас сум обична мува во мантија, а тајната на старчеството, тоа е сила.

Тоа што ти се вознемируваш, тоа е демон, непријателите ти се потсмеваат, те навредуваат. Ти секако си ги наследила обичаите од твојата мајка. Сосема разумно. Јас тебе те оправдувам, затоа што си така устроена, воспитана, кај вас таква е националноста: тврдоглавост, упорност и истрајност… Вие самите себе се мачите! И без разлика што и да ти вели човек – ти не слушаш со ушите, туку со носот, и сè прелетува преку тебе – ете тоа е ужасно! А срцето молчи, ништо не слуша. А ако има крајна потреба, борба со некој грев, со некоја помисла, треба што побрзо да се бега: „Отче, не се облекувајте! Само ќе ви кажам!“ – „Кажи!“ – И ќе му кажеш – „Оди со Бога!“ Ќе ги кажеш сите работи што се случуваат: борба со гневот, борба со зависта, блуд, омраза, непростување, одбивање да се помолиме за тој човек, чувство на непријателство… А кога во нас постои чувство на непријателство, тогаш не може да се чита молитвата Господова. „И прости ни ги гревовите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници…“ Како ќе го изговориме тоа? Зарем Бога да Го лажеме!? Значи, треба да се простува.

Во тоа е целата суштина на духовниот живот. А не иконки и кандила, не! Сето тоа се околности. Закачи копче во ќошот, на него нацртај крст и ете, тоа е икона! Така беше кај нас во затворот. Висеше копче, а на него имаше изгребано крст и тоа ни беше икона.

– Вие велите: „И покрај сета моја љубов и трпение…“

– Љубовта треба да се исполнува правилно. Свети Амвросиј Оптински пишува за тоа: „Треба секој да се сака на различен начин“. Ете, на пример, јас многу ја сакам Татјана. Но ја сакам многу строго! Ако ѝ попуштам да се запаѓа во обредоверство (ритуализам) кое нејзе многу ѝ се допаѓа, затоа што тоа го наследила од мајка ѝ (ќе отиде на сеноќно бдение, ќе запали свеќа, ќе отиде на Литургија, малку ќе се воодушевува на себеси: како таа се моли, како стои, како ги чита акатистите, каноните – тоа е обредоверство), таа своето срце нема да го предаде.

Треба да се сака Господ Секадеприсутниот. Не само со желба и мисла, туку и со постапки. Со постапки, а потоа и со јазикот. Од тоа треба да се почне. А Теофан Затворник вели: земи го гревот што непрестајно ти се повторува и од тоа започни. А за него како за кука ќе се закачат и другите гревови.

Ете, тоа е сè, многу едноставно.

ЗА ДУХОВНИШТВОТО

– Отче, осамениот монах и оној што има духовни чеда, дали тие имаат сосема различна состојба? Чедата пречат во молитвата?

– Не, не пречат. Тие уште повеќе помагаат да плачеме. Уште повеќе учат на Исусовата молитва, затоа што со нив имаш работа не од умот, туку од срцето. А кога е од срцето, основа на сè е молитвата, стоењето пред Бога. Дури и кога пиеме чај, пред Бога претстоиме. Затоа таа послушност, обработка на духовништвото, таа не е заморна. Потоа не одиш на спиење. Не, обратно! Добиваш таква духовна сила, што се зауздуваш да не паднеш во спротивна состојба: или прелест или вообразеност, воодушевување на себеси; тоа може да се вовлече во нас незабележливо. Затоа ние секогаш балансираме помеѓу воздишките и себеосудувањето – бескрајно себеосудување и себепрекорување, на еден тас, а на другиот воздишките: „Спасе мој, Боже мој, Судијо мој и Создателу мој, поштеди ме и помилуј ме!“

Бидејќи тука имаш работа со луѓето, луѓето не пречат, само што те загрижуваат, секако, кога човек не сака да верува, кога не сака! Не затоа што не може, туку затоа што не сака! Од зло, од злото кое седи во него. На таквиот човек му предлагаш што поскоро да се исповеда. А по исповедта можеш да водиш разговор со него. Затоа што околу него се вртат демоните и не му дозволуваат да се смири. Го врзале со узди. Штом тие не дозволуваат да се смири, тој не сака да верува.

– А како да ги оттргнеш?

– На таквиот човек му е многу тешко да ги оттргне, затоа што не познава никаков молитвен труд, тој не знае како да се моли. Кој не знае да се моли, барем да се сети на оружјето, на камшикот кој се нарекува себеосудување, себепрекорување. Тоа може да ја замени молитвата. Ако биде искрено, тоа веќе е молитва. Но треба навистина искрено да се прекоруваш и себеосудуваш. Тогаш срцето ќе омекне и ќе сфати дека тоа зло кое во него се наоѓа е од демоните. А лошто срце го прифаќа советот од демоните и не го отфрла, човекот дури и не чувствува дека тоа е зло, мисли дека тука е наводно некоја вистина. И кога нешто докажуваме, кога сме во состојба да се препираме, тогаш ние сме први пријатели на демоните. Тие ликуваат и се радуваат што сме им станале пријатели. Таа состојба на несмирение, на препирање – тоа е противење на доброто.

Но, што да правиме? Треба да го помниме другото оружје – кротоста. Иако тоа не се сака, сепак биди кроток и ќе ги победиш демоните кои те советуваат и навлекуваат во зло, такво зло како што е препирањето; на тоа спротивстави се.

Ете, и тоа пастирство, тоа сега е исклучено. Советската влада се плаши луето да не се навикнат на свештеникот, па затоа намерно го сменуваат. Се плаши тој да не биде водач. Водач на што? За граѓански работи? Секако дека не! Пастирот е воспитувач и застапник и разрешувач. Три мисии се на неговите рамења. А сега немаат никаква мисија. Тие само извршуваат треби и ништо повеќе. И ние не сме сродни со нив. А пастирот има свои сродници, како вие со мене.

– И сите ние сме сродници?

– Сите!

– А вие понекогаш велите дека сите се туѓи?

– Не. Туѓи на Бога, можеби во таа смисла. Блиски или далечни на Бога. Тоа се разлики.

– Како тоа блиски на Бога?

– Во ропство. Кои непрестајно се принудуваат себеси на ропство, ропство во Бога. Постојат луѓе кои спаѓаат во таа група, но штом ќе излезат надвор, повторно му припаѓаат на светот, а не на Бога.

– Отче, а дали точно знаете кој е таков или може да згрешите?

– Јас човекот не го знам според неговите гревови, туку по неговото срце.

– Понекогаш човек се наоѓа во многу добра состојба, а вие за него велите: „Што тој таму зборува, што дрдори!“ А тој всушност ништо не дрдори.

– Но, тоа не е на исповед, затоа што, гледајќи со каква усрдност тој го кажува своето – тој тоа го прави за да пренесе нешто или затоа што го боли. Ако тоа го боли, тој е мој човек. А ако само нешто пренесол, нека оди кај отец Владимир и нека пренесе, разбираш? Него тогаш не го интересира тежината на гревовите. Тој не се подготвува тоа да го напушти. Тој веќе не е роб, туку роб под камшик. Има разни робови: роб кој се труди да му угоди на Господарот, или роб под камшик. Таквиот се плаши од камшикот, се плаши да не го истепаат.

– А ако се плаши, сепак е блажен?

– Формално. Нема вера.

– А крајниот резултат?

– Тоа е во власта на Судијата. Како Он ќе оцени. Крајот го краси делото.

– Отче, а ако добие милост од вас? Вие знаете да бидете и милостив и строг!

– Да, кога гледам лукавство или преправање или штит преку кој срцето не слуша.

– А можеби тој штит е од болка?

– Да, но тоа е човечка болка или болка од себељубие, болка која е посилна од грижата за Бога.

– Човечка болка, но сепак е болка. Секако, сите сме луѓе!

– Да. Ете тоа човечкото е толку одвратно, што во него често се состои сето „божествено“ на тој човек, т.е. неговото себељубие, егоизмот. Исполнувањето на егоизмот е страшно тешка состојба на срцето кое потполно го одвлекува од Господа Бога и воопшто од областа на верата и тогаш човекот сака да праша: „Како веруваш?“ – „Само во себе!“ – ќе рече таквиот.

ПАСТИРСКИ НЕВОЛЈИ

Пастирските неволји се невидливи, т.е. кога некои мои чеда (а такви има многу) го изградуваат својот живот по законите на гордоста, на себељубието, егоизмот, т.е. себичноста, непријателство кон луѓето кои те опкружуваат. И доаѓаат кај мене со жалби, жалејќи се наводно дека живеат духовно, но немајќи срце на кое би се посеала светоста на учењето и законите Христови – заповедите на блаженствата. И ете, гледам и чувствувам дека тој човек е само човек, а не христијанин, тогаш многу се натажувам и ми се плаче. Има многу такви жалости. Таквите луѓе не ги прифаќаат основите и законот Христов, затоа што се жалат и се сакаат само себе, своето чувство на егоизам, на горделив човек и себељубив, навредлив, суетен. И сите мои обиди на најсуров и најнемилосрден начин се одбиваат. Тие си заминуваат празни и огорчени од мене, па дури и навредени од мене што не сум ги сожалил на човечки начин, што не сум сочувствувал со нив, туку, напротив, сум изразил гнев, негодување и не сум ја прифатил нивната жалост од навредената гордост, себељубие, суета и световни чувства. Ете на таа основа имам многу жалости за кои вие, секако, не знаете.

(Наскоро ќе излезе книгата за неговото житие и поуки. Преводот е на свештеник Љупче Миланов)

 

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2013/07/25/ispoved-starcheshtvo-sampson/

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1464
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1685
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3855
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/06/2025 - сабота

Петровденски пости (пост на риба)

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски; Преподобен Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная