Свети Ефрем Сирин – избрани поуки
Омраза кон никого немај во срцето и зло за зло не враќај, но Божјата љубов придобиј ја; неа Светото писмо над сите добродетели ја поставува и ја споредува со Самиот Создател на сѐ, зашто таму е речено: " Бог е љубов" (1. Јов. 3,8). Паднатиот, но кој во себе нема омраза и завист, Господ нема да го остави паднат; рака ќе му подаде да стане, затоа што љубовта не ја отфрлил.