логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

BOGORODICA.USPENIE3
·
ВЛАДИЧИЦЕ ! БОГОРОДИЦЕ ДЕВО!


О, како ли небото Ја прима Онаа што стана попространа од него?!
Како ли гробот, во себе го смести Божјиот сад?!
Да, го прими; да го смести!
Затоа што нејзиното тело не стана пошироко од небесата,
туку благодарение на благодатта тоа ја надмина секоја висина и ширина. Бидејќи Божјото е неспоредливо.


На светиот и прекрасен, и чесен, и почитуван гроб, кој сега го опкружуваат ангелите, со смирение и стравопочит му се поклонуваат многу;демоните треперат, а луѓето со вера му пристапуваат, со почит, поклонувајќи се, со очите и усните и душите љубовно го целиваат, црпејќи (од него) изобилие на богатства.


Како што, ако некој стави скапоцено миро не некое место, па потоа го тргне, ќе останат трагите на миомирисот, така и сега Твоето божествено и свето и сечисто и преполно со Божјо благоухание тело, изобилниот извор на благодат, иако положено во гроб, и потоа повторно вознесено во подобро и повозвишено место, не го оставило гробот без дар, туку му ги остава Божјиот миомирис и благодатта, и така гробот станува извор на исцеленија и на сите добра за оние што со вера му приоѓаат.

Тебе и денес Те почитуваме, о Владичице, Владичице, и пак ќе кажам: Владичице! Богородице Дево!
Поврзувајќи ги своите души за надежта во Тебе, како за некое најјако и најсигурно сидро; умот, душата, телото, целосно предавајќи Ти ги Тебе, Те фалиме со „псалми, химни и духовни песни“ (Ефес. 5, 19), колку што можеме, бидејќи не сме достојни.
Бидејќи, како што светото слово (на св. Василиј) нѐ научи дека „оддавањето чест на оние кои како и ние се слуги (Божји) е доказ за почитта кон заедничкиот (наш) Господ“, почитта кон Тебе,
Која Него си Го родила, како тоа да не ни биде најважна?
Како да не ни биде поважна и од самото дишење, и од животот?
Затоа што така ќе покажеме поголемо усрдно внимание кон својот Господ.

Зошто велам, кон Господ?
Затоа што, навистина, на оние што побожно се сеќаваат на Тебе доволен им е најдрагоцениот дар на Твојот спомен,
бидејќи тој станува основа за вечната радост.
Зашто, зарем радост не ги исполнува оние што својот ум го направиле ризница на Твоето сесвето име!
Оваа благодарна беседа е прва рожба на нашите зборови, врв на нашиот сиромашен разум, кој, поттикнат од љубовта кон Тебе, заборави на својата немоќ.
Но, прифати ја благонаклоно, знаејќи за љубовта што ги надминува силите.
Застапувај се за нас, добра Владичице, Родителке на добриот Владика,
води нѐ каде што сакаш, и запри ги нашите страмни страсти, смири ја бурата,и води нѐ кон мирното пристаниште
слаткиот и личен блесок од Воплотениот од Тебе Бог Логос,
Кому заедно со Отецот и Сесветиот и Животворен Дух, Му доликува слава, сега и вечно.
Амин.


.Свети Јован Дамаскин

 

 fbПравославие.Мк †

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2078
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2094
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 539
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная