Еднаш еден пастир навреди еден човек, а тој ја задржа злобата против него и реши да му се одмазди. Тој знаеше дека пастирот ги пасе животните на поодалечено место, каде што речиси никој не оди и реши да го искористи тоа и да му ископа длабока јама, за да тој падне во неа.
Доцна во ноќта тој започна да копа. Кога тој копаше, си замислуваше како овој што го навреди паѓа во неа и можеби нешто ќе повреди кај себе или ќе загине во неа не имајќи можност да излезе одтаму или во краен случај во јамата ќе падне неговата крава, овца или во најлош случај коза. Толку долго и упорно тој копаше, замислувајќи си за одмаздата, така што не забележа дека јамата станува сé подлабока и подлабока. Но, се зазори и тој се разбуди од своите мисли.
Какво беше неговото изненадување кога тој увиде дека за сето тоа време тој ископал таква длабока јама што веќе ни самиот не може да излезе од неа. Затоа, пред дури и да почнеш да мислиш да му копаш на другиот јама, спомни си: за да ја ископаш неа, ти самиот треба да бидеш во неа, затоа што прво во неа се наоѓа тој кој ја копа. И пред да почнеш да го валкаш некого со кал, започнуваш прво ти да си ги валкаш рацете.
Извор: http://www.diveevo.ru/2/0/1/4896/
Подготви: Снежана Корнет
20-ти ноември, лето Господово 2016
Друго: