Старец Маркел Каракалски (+2006)
(Духовно чедо на старецот Јосиф Исихаст)
Какo можемe да ја распознаеме Божјата волја? Кога сме исправени пред дилема, пред една одлука, како можеме да знаеме што сака Бог да направиме?
- "Покажи ми го, Господи, патот, по кој да одам”, вели цар и пророк Давид. Не е лесно да распознаеме што сака Бог. Затоа, кога треба да решиме едно тешко прашање, прво - не треба да брзаме. Потребно е многу молитви, пост и најмногу да му го претставиме тоа прашање на нашиот духовник. Бог преку нашиот духовник ќе ни даде известување. Понекогаш Бог не одговара, зашто тоа што го сакаме не е за полза на нашата душа. Чукаме на вратата и таа не се отвора.
– Ама и тоа е еден вид одговор!
– Точно. Индиректно ни кажува дека тоа што го сакаме, не е правилно.
– Не е благословено.
– Многупати, исто така, Бог знае, дека ако ни ја открие Својата волја, нема да покажеме послушание и ќе ја вршиме нашата волја. Не ни ја открива, за да не пројавиме непослушание и така повеќе да си наштетиме. Отците никогаш не прават ниту еден чекор, ако не добијат известување. Така го нарекуваат. Во монашкиот живот постои овој израз: Да добијам известување од Бога, дали тоа Му е угодно или не.
Превод од бугарски- Маран Ата