И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Кажи: „Нека биде ти како што сакаш“
„Затоа, многу е важно за сите вас што живеете во брак да се одрекувате од својата сопствена волја и да ја претпочитате волјата на другиот кога ќе има препирка, а препирките најчесто се за безначајни работи, знаете и самите. Откажи се од својата волја, нека биде волјата на другиот, сеедно дали на жената или на мажот (секогаш се смирува подуховниот и оној што љуби повеќе).