логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ЕЗОТЕРИЗАМ - Архимандрит Рафаил Карелин
29/11/2020
 
Zvonko.sv.Vasa10

 Прашањето на езотеризам на религијата има првостепено значање за нашите современици, не само затоа што пазарот на книги е опсипан со мноштво окултна литература  која претендира на езотеризам -некакви тајни знаења, вообичаено нарекувани древна мудрост, туку во погoлема мера поради тоа што правилното решение на ова проблематика дава можност подлабоко и подобро да се сфати, протолкува и процени учењето на Православната Црква. Сите езотериски учења претендираат на избраност и елитност. Тие ги спротивставуваат аристократите на духот - езотериците, на мноштвото профани (лаици, непросветени луѓе) - егзотерици, кои го сочинуваат надворешниот слој, како некоја надворешна обвивка на заедницата. Оваа концепција,својствена на паганските религии, била јасно изразена во гностичките учења, во кои луѓето се разделувале на три меѓусебно изолирани степени: највисокиот степен-пневматици, то ест духовни –луѓе кои ги поседуваат тајните на знаењата, недостапни за масата; среден степен- психици, то ест душевни, и најнизок степен - соматици- телесни. Највисокиот степен одговара на езотеризмот, а двата останати, средниот и најнискиот - на егзотеризмот. Гностиците сметале дека за егзотериците се корисни па дури и неопходни општоприфатените норми на моралот, а дека езотерикот (пневматикот) требало да биде слободен од сите закони, вклучувајќи ги и евангелските заповеди. Тој (езотерикот) е над доброто и злото. Овде се гледа како учењето за двете знаења: за избраните и за мноштвото, води кон двојственост (поделеност) и  релативизам на моралот. Профанот (лаикот, неупатениот)“ е потчинет на законот, а ,,пневматикот“ со ништо не е ограничен, и тајните знаења на морален план се претвараат во седозволеност.

Со учењето на гностиците е поврзана приказната на Буда за трите лотоси, од кои едниот е скриен под вода, другиот само ја допира површината на водата, а третиот ги раширил латиците на своите цветови над брановите. Буда говорел дека лотосот под вода се луѓето кои не го примиле учењето ,, оној кој ја допира површината - се оние кои го примиле учењето, но не го разбираат; а оној што расте над водата - се вистинските ученици на Буда.

Браманизмот исто така спаѓа во елитистичка религија. Мудрост која е скриена од народот поседуваат браманите, тие се езотерици од самото раѓање, останатите касти постојат за да им служат на браманите и нив ги погодува само надворешната форма на религијата. Грчко- римското паганство било исто така елитистичко. Интелектуалниот елитизам го застапувал сталежот на философите. Покрај тоа, човекот можел да стекне окултни знаења во мистериите. Овде се два вида на тајниот гносис: аполониски езотеризам и  дионисиски  езотеризам.

Во масонството принципот на елитизам и езотеризам е унапреден во добро организиран систем. Масонската ложа е поделена на степени - обично 33. Оние кои се наоѓаат на најнискиот степен обично незнаат што се случува  на повисокиот степен, и кои се новите учења кои таму се откриваат. Преминувањето од еден степен на друг се одвива како иницијација и посветување во нова оклултна тајна. Тука принципот на елитизам и езотеризам е претворен во организациона конспирација. Учењето на теозофите, исто така е засновано на спротиставување на езотеризмот и егзотеризмот. Теозофите се обидуваат да најдат квинтесенција на сите религии и потоа да ја заменат религијата  со необудистичката доктрина. Учењето на теозофите, како и на будистите, почнува со повикување на добрина и на милосрдие, а завршува со тоа дека љубовта, како и омразата, го потопува човекот во емоционалната сфера, врзувајќи го за земното постоење, и дека затоа треба да биде уништено и заменето со бестрасноста и рамнодушноста, со  пребивање од онаа страна на доброто и злото. Во некои случаеви теозофијата води кон дуализам и разбирање на вечноста, истоветноста и еднаквоста на доброто и злото. Бог и сатаната ,, се дополнуват“ еден со друг, а понекогаш, како кај Елена Блавацка,, си ги разменуваат местата“. Блавацка повеќепати говорела дека смислата на философијата била рехабилитација на Луцифер. Јога Адваита спаѓа во најезотеричните учења. Медијативната самохипноза за тоа дека ,,Јас“ е ,, Апсолутот“, а ,,битието“ е еднакво на ,,небитието“, го воведува човекот во состојба на демонски транс, а порекнувањето на објективното постоење на светот го ослободува од етиката како однос спрема светот.

Како што гледаме во езотеризмот патот на моралното и духовното усовршување се потиснува  во заден план или сосема се игнорира. Него го заменуваат знаењето на тајните, поседување на ителектуални талисмани во вид на имиња, броеви, мантри, заколнувалето или нихилистичкото порекнување на моралот. Во христијанството не постојат тајни, во него нема тајни за Таинствата (Светите Тајни), тука духовното познание се одредува од зависноста од моралот на човекот, а не од неговото знаење на формули, броеви и тајните знакови. По мера на човековиот живот се зголемува можноста на неговото поимање на духовниот свет. Евангелието се открива на оној кој го исполнува. Христос го осудил елитизмот и езотеризмот со зборовите: ,, Ти благодарам, Оче, што си го скрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на безазлените“. Христијанскиот гносис зависи од состојбата на човековата душа:,, Блажени се  оние со чисто срце, зашто ќе го видат Бога“.

Јудаизмот исто така претставува елитистичка религија. Неговата езотериска книга е Кабалата, од која подоцнежните поколенија на окултистите, вклучувајќи ги и теозофите, антропософите и масоните, го црпат своето вдахновение.

Нацизмот исто така претставува посебно езотериско учење.Тука расата настапува како елита на човештвото и чувар на древните тајни на ариевскиот свет. Џелатите “СС“ добивале посебна иницијација со подршка на тибетантската  окултно - демонистичка секта “Агарти“. Карактеристично е  дека тие практикувале еден од видовите на иницијација – одолевање на болката: џелатот морал да стои една минута разголен пред разбеснатите овчарски кучиња, кои навалувале на него, и да не се поместува од местото. Слични иницијации се случувале и  во Рим, при посветување на жрец. На една од неоштетените фрески на Помпеја, се сочувала мистериозна слика ,, Посветување на Дионисиовите свештеници“ (пагански, идолопоклонички, свештеници) на која девојка ја подвргнуваат на мачења кои спаѓаат во ритуалот на иницијација.

Уште на првите страни на Библијата се соочуваме  со фактот на окултниот езотеризам.  На религијата како послушност на Бога, сатаната се спротивставува со владеењето со надворешен предмет - плодот преку кој човештвото сакало да стане бог, слободен господар над сите битија. Забранетиот плод му изгледа на Адам како талисман кој ќе му даде непозната и неизмерна сила.

Во езотеризмот е отсутно покајанието, таму за  грев се смета незнаењето. Местото на  покајанието пак  го зазема обучувањето. Гревот не претставува губење на Бога  од страна на душата, туку недостаток и губење на доброто, она што не е тешко да се надокнади, и затоа езотерикот сосема се помирува со гревот.

Елитизмот продрел и во католичката црква, деформирајќи ја нејзината структура. Тоа е клерикализмот, тоа е одделеност на клирот од народот и епископот од свештенството. Поимот јерархија претставува духовно единство, скали на една лествица ,, едно тело, еден живот на Црквата“.  Во спротивен случај неизбежно  е разделување на Црквата. Во католицизмот постојат две цркви - една која поучува(клир), и друга која се учи-народот. Непогрешливоста на римскиот папа е своевиден врв на езотеризмот и елитизмот. Овде положбата   и службата, то ест надворешните фактори, го прават човекот непогрешлив во верата и тоа станува слично на магизмот. Пророците и апостолите  говореле,  кога дејствувал Духот Свети, а во овој случај сакаат да го принудат Духот Свети да дејствува како што говори папата. Тука не зависи папата од Духот Свети, туку попрвин Духот Свети од него. Католицизмот се обидува да го ублажи учењето за божествените прерогативи на  човекот. Таму се допушта широка автономија на манастирите и школите со различни устави, опозициони весници, и критички истапувања, што дава привид на слобода,  но тоа не може да го замени изгубениот принцип на слободата.

Езотеризмот продрел во протестанството, овде елитата - научници, истражувачи на Библијата и интелектуалци, а во мистичките секти - пиетисти, квекери, ирвинговци, следбеници на Сведенборг, итн. Елита се и визионерите, луѓе кои лесно запаѓаат во транс и егзалтација.

Zvonko.sv.Vasa10

Православната Црква е заштитена од елитизмот и езотеризмот, то ест овде јерархијата  и мирјаните представуваат едно живо тело и секој човек е одговорен за чистотата на Православието, догмите и обредите, (Послание до источните патријарси-1848 год.) Во Православната Црква  спасението не е познавање на окултните тајни, туку стекнување на Светиот Дух во кој се сите еднакви: философот и детето, машко и женско, ерархот и мирјанинот, и каде нема господарење, туку едни со други  си служат  со љубов. Ако во Православната Црква продре мистиката на протестантизмот или гордоста на папизмот, тогаш тоа не е учење на Православната Црква, туку одделување од неа.

Превод: сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

Извор:

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/ezoterizam-arhimandrit-rafail-karelin/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная