логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

TVITer353

ОЧЕ НАШ


(толкување на молитвата и користа која би ја имале од нејзината секојдневна употреба)


Ако некој сака да праша, што е Православната Црква, ќе му одговориме дека тоа е Евхаристијата - Литургијата, кога се причестуваме со Телото и Крвта Христови и соединети со Него и во Него се соединуваме сите и постануваме Тело Христово - Црква. Ако пак, некој сака да праша, што е православна наука, ќе му одговориме дека тоа е подвижништвото, наука чија основа е верата, а која почнува да се учи со покајанието и исповедта, па се надградува со постот, а се усовршува со молитвата, за да ја достигне целта, осветувањето, уподобувањето и единството со Светотроичниот Бог во Царството небесно кое започнува уште овде и сега во Литургијата на Црквата кога се причестуваме и соединуваме со Нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Но сето ова, не е само ука и наука, туку пред се опит, практикување на верата во животот и искуство. Во секој орит, пракса и искуство, усовршувањето е многу важен сегмент до посгигнувањето на целта, во христијанскиот подвиг тој сегмент или поточно суштина е молитвата. Молитвата е законот на верата, и обратно, она што Светите Отци низ искуство го искажале во краткото сиже lex orandi, lex kredendi. Богочовекот Христос во Кого примивме посиновение преку светото крштение, ни го покажува со молитвата односот на Бога и човекот, а тоа е личниот однос, однос на Татко и чедо, бидејќи исполнети со благодатта на Светиот Дух, во срцата наши велиме, авва Оче (Гал. 4:5-6), па затоа и Спасителот на замолницата од своите апостоли да ги научи како да се молат, ги поучува нив, а преку Евангелието не поучува и сите нас „молете се вака: Оче наш..." (Мт. 6:9-13).


Можеби некој ќе се запраша како тоа оваа кратка молитва ја содржи целата христијанска теологија. Одговорот на ова чудење може да го добиеме од објаснување на нејзината кратка содржина, па за на крајот да можеме и да ја согледаме полезноста не само од молењето со неа, туку и познавањето на теологијата преку неа.

 Pimen.beseda.Plaoshnik2

Оче наш
Со ова наше обраќање кон Бога, нарекувајќи Го наш Отец, исповедаме дека ние сме создадени ни од што пред тоа постоечко и дека сме повикани во живот преку Неговиот животворен Дух. Со самото тоа исповедаме дека Он е нашиот Творец и Создател, Оној Кој ни подарил живот, Оној Кој не милува и храни со Својата благодат и човекољубие, како што тоа го прават нашите родители на земјата. Затоа нам ни е дадена таа слобода од Бога, нашиот Создател да го наречеме наш родител, односно наш Отец. Со самото тоа ние го добиваме правото да се нарекуваме синови Божји по благодат, а не по суштина. Зборот наш пак ја означува соборноста на оваа молитва, дека не се молиме секој за себе, туку за сите луѓе.

Кој си на небесата
Преку ова исповедаме некои од својствата на Бога дека е беспочетен, беспросторен, бесконечен и секаде присутен, т.е. надвор од времето и просторот, но и дека ја исполнува целата небеса која е бескрајна, вклучувајќи ја тука и земјата како едно од небесните тела, и дека Он е Создател на се она што му дава полнота. Тука треба да бидеме внимателни на две работи кои некако логички се наметнуваат. Кога велиме Којси на небесата, не треба да си правиме претстава за некаков си престол кој зафаќа одреден простор на небесата и на кој седи некаков Бог со човечки облик, и второ, да не мислиме дека Бог Кој е на небесата во исто време не е присутен и на земјата, да се потсетиме на зборовите Христови, дека нам и влакната на главата ни се изброени, и дека секогаш сме пазени од Неговата благодат. Ние веруваме дека ниеден човечки збор не може да Го опише Бога, ние Него Го познаваме со благословот на Отецот низ Христа Исуса во благодатта на Светиот Дух.

Да се свети името Твое
Со ова исповедаме дека Бог е Личност на која се уподобуваме преку нашиот духовен живот, дека Он е наш стремеж кон совршенството и вечниот живот и како наш Создател е нашиот Образ во Кого треба да го стекнеме осветувањето, т.е. подобието, тоа е нашиот Бог - Света Троица, чие име е непрестајно воспевано од ангелите Свјат, Свјат, Свјат... Во тој наш подвиг на уподобување по благодат на Бога, ние преку нашите животи да го прославиме Неговото име, и тоа да го посведочиме пред сите луѓе, како би можеле преку тоа наше сведоштво да ја разбудиме волјата за богоугоден живот кој би го препознале во нашиот подвиг. Тука секогаш на ум треба да ги имаме Христовите зборови, Бидете свети како што е свет вашиот Отец небесен.

Да дојде царството Твое
Царството небесно е целта од којашто после прекршувањето на првата заповед дадена од Бога на нашите прародители Ддам и Ева биле праведно протерани. При протерувањето сепак им била дадена надеж дека тие и целото нивно потомсгво, откако ќе бидат искупени од гревот преку Богочовекот Христос и со усвоен Христов живот во нивниот, ќе можат повторно да станат жители на рајот, жители на Царството небесно. Смислата на нашите христијански животи е преку покајанието, постот, молитвата, причестувањето со светите Тело и Крв Христови да се удостоиме за враќање во тоа небесно Царство. Секако, Царството небесно не треба да се разбира како еден ограничен простор, туку како состојба на духот, оваа прозба зборува и за нашата постојана евхаристиска подготвеност како Црква за Бгорото Христово доаѓање и вечниот живот и единство со Него во Царството небесно, да, дојди Господи.

Да биде волјата Твоја
Еден од најголемите дарови кои Бог му ги дал на човекот е дарот на слободата. Нашиот Отец небесен секогаш ќе ја почитува нашата слободна волја и никогаш нема да ни наметне на сила да веруваме во Него и нема насила да не воведе во Царството небесно. Ние по нашата слободна волја избираме дали ќе бидеме со Него, без Него или против Него. Често пати оние кои по своја слободна волја прифатиле да бидат со Бога, бивајќи воведувани во некои искушенија, ја губат верата и изразуваат незадоволство затоа што не била услишана нивната молитва упатена кон Бога. Но, кога некој ќе се доведе во ваква состојба секогаш треба да се сети на совршенството на Бога во Неговата справедливост, во Неговата неизмерна љубов кон секое свое создание и во тоа дека сака секој од нас повторно да стане жител на рајот. Само така би можеле лесно да ги надминеме искушенијата во коишто запаѓаме и да исповедаме дека Неговата волја е посправедлива за разлика од нашата и дека нашето смирение пред Неговата волја е она кое ни нуди живот вечен. Љубовта е самиот живот на Света Троица, вели свети Григориј Ниски, па бидејќи Он е љубов несомнено посакуваме да биде Неговата волја.

Како на небота, така и на земјата
На небесата како Царство небесно, разбирливо е да биде исполнето со Божјото совршенство, правда, љубов, мир, радост, како состојба во која се населиле сите Божји угодници од памтивек до денес. Поради тоа, за да се утвриме во нашата вера, бараме од нашиот Отец небесен да ни го испрати тоа блаженство и на земјата како предвкус на Царството небесно. Токму Евхаристијата, Литургијата на Црквата е тоа присуство на Царството Божјо во овој озет, а причестувањето со Телото и Крвта Христови се предвкусот на вечниот живот овде на земјата. Треба да се усовршуваме во растење во верата и подготвување за населување во Царството небесно по нашето вкусување на смртта на земјата, за преку нашиот добар христијански подвиг да бидеме удостоени за воскресение и живот вечен.

Лебот наш насушен, дај ни го денес
Човекот на земјата не живее само од благодатта Божја која изобилно се излева во овој свет, и на се што дише, на она што го гледаме и на она што не го гледаме, дека се насладуваме не само од Него туку и од плодовите на Неговите раце, знаеме од Претечата Христов, Јован, кој покажал дека не само од леб ќе живее човекот туку и од секој збор што излегува од Бога. Првенствено во оваа прозба како луѓе повредени од гревот го бараме лебот како основен прехранбен продукт, неопходен за телесно одржување. Но, под лебот насушен не треба да ја подразбираме само телесната храна туку и заедничарењето со Бога преку Телото и Крвта Христови. Ја бараме и онаа душевна храна која не поткрепува во благодатта за спокојно да можеме да го градиме нашето спасение. Дај ни го денвс, велиме затоа што оваа Господова молитва треба да се практикува во секој ден од нашиот живот и да биде секојдневна наша молитва.

И прости ни ги долговите наши
Преку ова ја исповедаме несовршената човечка природа и подложноста на гревот. Потврдуваме дека нашето совршенство беше, и е повредено од гревот, а преку гревот, од смртта и ропството на ѓаволот кон кое се подведуваме со нашите гревови, но истовремено го согледуваме и лекот за избавување од тоа. Тоа е согледувањето на нашата грешност, покајанието за стореното и исповедањето на нашите гревови. Преку покајанието ни се дава можност за прошка на гревовите направени со збор, дело или помисла и можност за започнување на нов богоугоден живот исполнет со вера и добродетели. Тука е ставена еднаквост на гревот и долгот, не како нешто што должиме, туку гревот како долг кој доколку не го исповедаме и не се покаеме за него не влече надолу во бездна.

Како што и ние им ги проштеваме на нашитедолжници
За да добиеме прошка од Бога и од луѓето, треба да бидеме подготвени и ние самите да им проштеваме на оние кои намерно или ненамерно не повредиле со своето однесување. Подобно на Христовите зборови проштевајте и ќе ви биде простено. Во секој човек треба да Го гледаме Христос, бидејќи сите сме создадени по образот и подобието Божјо, во секоја човечка личност се изобразува Христос, кога ова би го усвоиле длабоко во нашите срца поинаку би се однесувале кон сите, но најдобро е да проштеваме.

И не воведувај не во искушение
Најпрво, треба да знаеме дека ниедно искушение нема да биде допуштено без знаење на Бога. И дека ниту едно искушение нема да ни се даде ако ги надминува нашите личносни можности, т.е. треба да знаеме дека никогаш од Бога нема да ни се допушти искушение кое не можеме да го носиме. Да имаме на ум и тоа, дека колку е поголема благодатта, толку се поголеми искушенијата. Искушенијата не треба да се подразбираат како казна од Бога, туку како средство за наше утврдување и растење во верата. Но, свесни за нашите човечки слабости и нашата подложност да се подлегне на некое искушение што го допуштил Бог, просиме да не биваме воведени во искушенија.

Но избави не од лукавиот
Молиме да бидеме избавени од таткото на лагата. Како што вели свети Јован Богослов, ако сте во своите гревови и ако ги чините, ваш татко е ѓаволот, лукавиот, затоа просиме да бидеме избавени од лагата, т.е. од ѓаволот и утврдени во вистината, во Бога како наш Отец Кого Го исповедаме.
Во Литургијата на крајот молитвата завршува со славословие кон Едниот и вистински Бог, Света Троица, нашиот Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух, славословие кое е подобно на ангелското и треба да биде постојано воспевано од нас како благодарност кон нашиот Отец небесен, за сите и за се.

Амин
Амин, значи за се што се помоливме така нека биде!
Се погоре споменато за оние кои се надвор од духовниот живот можеби ќе звучи како философија тешко спроведлива во секојдневниот живот, но за секој оној кој ја вкусил благодатта Божја низ литургискиот живот во Црквата преку пост, молитва, покајание и причестувањето со Телото и Крвта Христови е повеќе од јасно дека православната вера и се погоре споменато е остварлив секојдневен подвиг во усовршување на взаемната љубов меѓу Отецот небесен и нас земните.
За крај би напоменал и само дека овој љубовен однос на земјата се пројавува низ духовното раководење на духовното чедо и духовниот отец како предвкус на вистинскиот наш однос со нашиот Отец на небесата во Царството небесно.

PIMEN.soboren.jpg


Митрополит Европски Пимен

Извор: Pimen.kalendarce1.jpg

Друго:

 

 

 Starica.na.molitva

 

16ти декември   2011 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2011-12-26 02:10:15

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная