логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.S.sarovski.manastirot.jpg

 

 II
ЌЕЛИЈНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ

Пред почетокот на читањето на Псалтирот читај го следново:


Боже, исчисти ме мене грешниот и помилувај ме. Поклон.
Господи, Кој си ме создал, помилувај ме. Поклон.
Безброј пати згрешив, Господи, прости ми. Поклон.
Боже, биди милостив кон мене грешниот. Поклон.
Боже, прости ги моите беззаконија и прегрешенија. Поклон.
На Твојот Крст Му се поклонувам, Владико, и Твоето свето воскресение го славам. Поклон.
Господи, ако со збор или со дело згрешив во целиот мој живот, помилуј ме и прости ми мене грешниот, заради Твојата милост.
Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Господи помилуј (Три пати). Благослови.
Преку молитвите на нашите свети отци, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот.
Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе.
Царе небесен, Утешителе, Дух на вистината, Кој си секаде присутен и се исполнуваш, ризницо на доброто и дарител на животот, дојди и всели се во нас и исчисти не од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, нашите души.
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј не (Се чита три пати). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Пресвета Троице, помилуј не; Господи исчисти ги гревовите наши; Владико, прости ги беззаконијата наши; Свети, посети и исцели ги нашите немоќи, заради Своето име. Господи помилуј (Три пати). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници, и не не воведувај во искушение, но избави не од лукавиот.

На славите на катизмата говори:


Слава, и сега: Алилуја (Три пати). Господи помилуј (Три пати).
Потоа: Спаси ги Господи, и помилуј ги сите православни христијани и на секое место од Својето владеење оние кои православно живеат. Подај им, Господи, душевен мир и телесно здравје и прости им го секое прегрешение, волно и неволно, и со нивните свети молитви, мене покаениот, помилуј ме.
Упокој ги Господи, душите на починатите слуги Свои, праотците, отците и браќата наши, кои почиваат овде и православните христијани кои почиваат насекаде и подај им, Господи, царство и удел во Својот бесконечен и блажен живот и прости им го, Господи, секое прегрешение, волно и неволно.

Bogorodica.Fjodorovna.jpg


По завршувањето на катизмата читај и тропарите и кондаците:


Во беззаконие зачнат, не се осмелувам да погледнам на небесната висина. но осмелувајќи се заради Твоето човекољубие, извикувам: Боже, исчисти ме мене грешниот и помилуј ме.
Ако праведникот едвај се спасува, каде ќе се јавам јас грешниот? Напор и пот дневна јас не понесов, па сепак, приброј ме Боже во наемниците во единаесеттиот час, и спаси ме.
Придвижи се да ми ги отвориш прегратките Татковски: блудно го проживеав својот живот гледајќи на непотрошивото богатство на Твојата дарежливост, Спасе. Но моето сега осиромашено срце не презирај го, Господи, бидејќи во умиление ти велам: згрешив на небото и пред Тебе.
Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме.
Ти згрешив, Спасе, како блудниот син. Прими ме, Оче, како покајник и помилуј ме Боже.
Викам кон Тебе, Христе Спасе, со гласот на митарот: исчисги ме како и него и помилуј ме, Боже.
Богородице, ти која си извор на милосрдие, удостој не со смилување: погледни на луѓето кои згрешија, покажи ја, како и секогаш, својата моќ, бидејќи надевајќи се на тебе, ние, како некогаш Гаврил, архи-стратегот на бестелесните сили, ти воскликнуваме: Радувај се.
Сите твои преславни тајни се над сфаќањата, Богородице! Запечатена со чистота и со зачувана девственост, позната си како вистинска мајка, раѓајќи го Бога вистинскиот. Моли Го Него да се спасат нашите души.
Му се поклонуваме на пречистиот Твој лик, Благи, молејќи прошка за нашите прегрешенија, Христе Боже, бидејќи доброволно благоизволи со тело да бидеш на крстот, за оние што си ги создал да ги избавиш од робувањето на ѓаволот. Затоа благодарно ти воскликнуваме: Со радост си исполнил се, Спасителе наш, Кој си дошол да го спасиш светот.
Спаси ги Гослоди луѓето Свои и благослови го наследството Свое (на благоверниот господар наш) дарувај му победа над непријателите и со Својот крст сочувај го народот Свој.
Архистратизи на небесните војски, ве молиме постојано ние недостојните, со своите молитви да не оградите со покровот на крилјата на вашата невештаствена слава, чувајќи не нас што понизно ви припаѓаме и возвикнуваме: Избавете не од неволјите како чиноначалници на вишите сили.
Боже на нашите Отци, постапувај со нас секогаш по кроткоста Своја. Не ја задржувај Својата милост од нас, туку преку нивните молитви во мир насочи го нашиот живот.
Со длабочината на мудроста, човекољубиво се уредувајќи и се корисно секому дарувајќи, единствен Создателу, упокој ги, Господи, душите на Своите слуги, бидејќи надежта ја положија на Тебе, Создателот и Бог наш.
Со светите упокој ги, Христе, душите на Своите слуги, каде што нема ниту болест, ниту жал, ниту воздишки, туку каде што животот е бесконечен.
Надеж на христијаните, Пресвета дево, Бога, Кого си го родила над секој ум и слово, непрестајно моли Го со горни сили да дарува простување на гревовите и исправување на животот на сите нас кои секогаш со вера и љубов те почитуваме.
Господи помилуј (40 пати). И молитвата на свети Ефрем:
Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, властољубие и празнословие.
Дух, пак, на целомудреност, смиреноумие, трпение и љубов дарувај му на Својот слуга.
Да, Господи царе, дарувај ми да ги гледам своите прегрешенија и да не го осудувам братот свој, зашто си благословен во вечни векови. Амин.
Потоа 12 мали поклони со секоја молитва: Боже, исчисти ме мене грешниот и помилувај ме. И потоа пак целата молитва. Господи и Владико...

По завршувањето на трите катизми говори:


Боже, исчисти ме грешниот и помилувај ме. Поклон.
Господи, Кој си ме создал, помилувај ме. Поклон.
Безброј пати згрешив, Господи, прости ми. Поклон.
Боже, биди милостив кон мене грешниот. Поклон.
Боже, прости ги моите беззаконија и прегрешенија. Поклон.
На Твојот Крст Му се поклонувам, Владико, и Твоето свето воскресение го славам. Поклон.
Господи, ако со збор или со дело згрешив во целиот мој живот, помилуј ме и прости ми мене грешниот, заради Твојата милост.
Достојно е навистина блажена да те нарекуваат тебе, Богородице, секогаш блажена и себеспрекорна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, тебе Која го роди Бог Слово непорочно, навистина Богородица те величаме.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веч-ни векови. Амин. Господи помилуј (Три пати). Благослови.
Преку молитвите на нашите свети отци, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин. Слава на Тебе Боже наш, слава на Тебе.
Царе небесен, Утешителе, Дух на вистината, Кој си секаде присутен и се исполнуваш, ризницо на доброто и дарител на животот, дојди и всели се во нас и исчисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи на-шите души.
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј не (Се чита три пати). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Пресвета Троице, помилуј не; Господи исчисти ги нашите гревови; Владико, прости ги беззаконијата наши; Свети, посети и исцели ги нашите немоќи, заради Своето име. Господи помилуј (Три пати). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници, и не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот. Господи помилуј (Дванаесет пати).
Пријдете да Му се поклониме на царот нашиот Бог! (Поклон) Пријдете да Му се поклониме и да припаднеме на Христа, Царот и Бог наш! (Поклон)


И 50 Псалм: Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Измиј ме темелно од моето беззаконие и исчисти ме од мојот грев, зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене. Против Тебе, само против Тебе згрешив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш. Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми. Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја. Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби. Одврати го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и вистински дух стави во ме-не. Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене. Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене. Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите пати¬шта, и грешниците кон Тебе ќе се обраќаат. Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже на моето спасение, и јазикот мој ќе пее за Твоето избавување! Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја; зашто, жртви не ти се мили, кога би ти принел сепаленици, Ти не би ги примил. Жртвата пред Бога е срушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш. Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, обнови ги ѕидовите ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.
И символот на верата: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се видливо и невидливо;
И во Едниот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Оца пред сите векови; Светлина од Светлина; Бог вистински од Бога вистински роден, несоздаден, единосуштен на Отца, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребен;
И воскресна во третиот ден според Писмото;
И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца;
И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отца и Сина и Кој говорел преку пророците;
Во една света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин!
Моја надеж е Отецот, прибежиште мое Синот, покров мој Светиот Дух. Троице Света, слава Ти.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници, и не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот.
Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души.
На Твојот Крст Му се поклонувам, Владико, и Твоето свето воскресение го славам.
На Тебе Војводо, кој се бориш за нас, и Господи, Победител на пеколот, јас, Твоето создание и слуга, избавен од вечната смрт, ти вознесувам пофалби. Но бидејќи имаш неискажливо милосрдие, ослободи ме од сите опасности мене кој воскликнувам: Исусе, Сине Божји, помилуј ме!
Тебе, Богородице, поборнице - војвотко, ние, слугите Твои откако од зло се избавивме песна пофална Ти воспеваме: како Онаа која има сила непобедлива, од секоја опасност ослободи не, за да Ти повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси Му ја нашата молитва на својот Син и Бог наш да ги спаси нашите души.
Сета своја надеж ја полагам на тебе, Мајко Божја, Сочувај ме под закрилата своја.
Богородице Дево, не презирај ме мене грешниот, кому му е потребна твојата помош и твоето застапништво. На тебе се надева душата моја, помилуј ме.
Моја надеж е Отецот, прибежиште мое Синот, покров мој Светиот Дух. Троице Света, слава Ти.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот и прости ги моите беззаконија и прегрешенија.
Семилостива Владичице моја, Пресвета Госпоѓо, Пречиста Дево, Богородице Марие, Мајко Божја, спаси ме грешниот.
Свети архангели и ангели, херувими и Серафими и сите небесни сили, помилувајте ме и молете Му се на Господа Бога за мене грешниот.
Свети ангеле Господов, чувару мој свет, помилувај ме и моли му се на Господа Бога за мене грешниот.
Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души.
Спаси го Господи и помилувај го отецот нашиот игумен, јеромонах (кажи го името) со сите во Христа браќа. Подај им Господи душевен мир и телесно здравје, и прости им го, Господи, секое прегрешение, волно и неволно, и со нивните свети молитви и мене покајаниот помилуј ме.
Спаси ги Господи, и помилуј ги сите православни христијани и на секое место од Својето владеење оние кои православно живеат. Подај им, Господи, душевен мир и телесно здравје и прости им го секое прегрешение, волно и неволно, и со нивните свети молитви мене покаениот помилуј ме.
Упокој ги Господи, душите на починатите слуги Свои, праотците, отците и браќата наши, кои почиваат овде и православните христијани кои почиваат насекаде и подај им, Господи, царство и удел во Својот бесконечен и блажен живот и прости им го, Господи, секое прегрешение, волно и неволно.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Алилуја (Три пати).
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух: Спаси ги Господи, и помилуј ги сите православни христијани и на секое место од Својето владеење оние кои православно живеат. Подај им, Господи, душевен мир и те¬лесно здравје и прости им го секое прегрешение, волно и неволно, и со нивните свети молитви мене покаениот помилуј ме.
Сега и секогаш и во вечни векови. Амин: Упокој ги Господи, душите на починатите слуги Свои, праотците, отците и браќата наши, кои почиваат овде и православните христијани кои почиваат насекаде и по-дај им, Господи, царство и удел во Својот бесконечен и блажен живот и прости им го, Господи, секое прегрешение, волно и неволно.
На тебе Благодатна, ти се радува секое создание, ангелскиот собор и човечкиот род, осветен храму и духовен рају, девственичка пофалбо. Од тебе Бог се овоплоти и стана дете, Он Кој е предвечен Бог наш. Зашто твоите пазуви ги направи престол, а утробата твоја ја покажа поширока од небесата. На тебе, Благодатна ти се радува секое создание, слава ти.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Господи помилуј (Три пати). Благослови. Преку молитвите на нашите свети отци, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот.
Попушти, отпушти, прости ни Боже што сме згрешиле сакајќи и несакајќи, со дело и со зборови, во знаење и незнаење, ноќе и дење, со ум и со мисли. Се прости ни, зашто си благ и го сакаш човекот.
Господи, прости им на оние што не мразат и не навредуваат. На оние што ни прават добро, дај им добро, посети ги оние што се немоќни и дарувај им исцеление. Оние што се на море насочувај ги. Следи ги оние што патуваат, а на оние што ни служат и ни угодуваат дарувај им простување на гревовите. Оние кои на нас недостојните ни заповедаа да се помолиме за нив, помилувај ги по Својата голема милост. Спомни ги Господи, отците и браќата што се упокоени од порано и упокој ги таму каде што допира светлината на Твоето лице. Спомни ги Господи, нашите заробени браќа и избави ги од секаква неволја. Спомни ги Господи оние што донесуваат плодови и добро прават во Твоите свети цркви и исполни им ги сите барања што им се за спасение и живот вечен. Спомни не Господи, и нас смирените, грешни и недостојни слуги Свои, со молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија и со сите свети Твои, зашто си благословен во вечни векови. Амин.
Богородице Дево, радуј се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си Го родила Спасителот на нашите души.
Свети се, свети се, Нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе засветли. Ликувај сега и весели се Сионе, а ти, чиста Богородице, радувај се на воскресението на Породот свој.
Те исповедуваме како вистинска Богородица, ние кои со тебе сме спасени, дево чиста, со нетлените чинови величајќи т.е.
Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице, секогаш блжена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме.


Радувај се, пофалбо на девствениците, радувај се, Мајко Пречиста, која целата вселена ја величи со божествени песни.
Заштитничке на христијаните која не може да се посрами, неизменлива посредничке кај Создателот, не презирај ги молитвените гласови на нас грешниците, туку како блага притекни ни на помош на нас кои верно те повикуваме: отповикај се побргу на молитвата и поитај на молење, Богородице, која секогаш ги заштитуваш оние што те почитуваат.


Отвори ни ги дверите на милосрдието, благословена Богородице, да не пропаднеме ние што на тебе се надеваме, но со тебе да се избавиме од бедите, зашто ти си спасение на христијанскиот род.
Неосквернета, неизвалкана, нетлена, пречиста, чиста дево, Богоневесто, Владичице, која со своето чудно зачнување го соедини со луѓето Бога Словото и со небото ја спои отфрлената природа на нашиот род, единствена довербо оние што се без надеж и помошничке на оние кои се борат, подготвена одбрано на оние што ти приоѓаат и прибежиште на сите христијани, не се гади од мене грешниот, виновникот, кој со срамни размислувања, зборови и дела себеси се направив неподобен, па со лесномисленост станав роб на животните сладости, туку како Мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво сожали се на мене грешниот и блудниот, па прими го моето молење што ти го принесувам со осквернатите усни, со мајчинска смелост молејќи го својот Син, нашиот Владика и Господ, и на мене да ми го отвори срцето на Својата добрина, да не гледа на моите безбројни сопнувања, туку да ме обрати кон покајание и да ме направи искусен создател на Своите заповеди. Биди секогаш со мене како милостива, сочувствителна и доброљубива. Во овој живот биди ми топла заштитница и помошничка, одбивај ги нападите на противниците, води ме на патот на спасението, а кога ќе дојде време на моето заминување, чувај ја мојата кутра душа и изгони ги од неа мрачните лица на злите демони. На денот на страшниот суд избави ме од вечна казна и направи ме да бидам наследник на неискажливата слава на твојот Син и Бог наш. Неа да ја достигнам, Владичице моја, Пресвета Богородице, со твое посредништво и застапништво, со благодатта и човекољубието на твојот единороден Син, Господ, Бог и Спасител наш, Исус Христос, Кому му припаѓа секаква слава, чест и поклонение со Беспочетниот Негов Отец и Пресветиот и Благ и животворен Негов Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Господи помилуј (Три пати). Благослови.
Преку молитвите на нашите свети отци, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилувај не. Амин.

 

 Н.Левитски

СВЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ

Издавач :  ЃаконијА , 2004 г.

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички Агатангел

Превод: Жаклина Трајчев

ЌЕЛИЈНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ (2)

 (Продолжува)

Св.Серафим Саровски - ПОВИК



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная