логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Esen.manastir1.jpg

Невољите и страдањата

 Што да се каже за состојбата во која се наоѓа светот? Тој е таков од искона и до крајот на векот таков ќе остане. Но, колку и да е лукав и какви и зла да подготвува – тој не може да ја пресече реката од оние кои искрено ревнуваат за спасение. Зашто поголем е Оној Кој е во нас, отколку оној кој е во светот.
 На земјата има повеќе неволји од радости. И едното и другото ги испраќа Бог, час да би пробудил од духовна заспаност, час да би ги пресекол неправдите и гревовите, час ради покајно очистување, час ради воздигнување покорност кон Бога, Кој сè уредува како би дал можност да се покаже храброст, трпение во слава Божја и други возвишени добродетели.
 Кај вас една неволја ја стигнува друга... Знаете ли што тоа значи? Дека Бог се сетил на вас. Вакво размислување не е вообичаено, но тоа е така. И не се сетил на вас во гнев, туку во милост. Вие ги гледате само лишувањата и губитоците, а милоста скриена под тоа и во тоа не ја гледате.
Тагувајте со мера.Поминете сo срцето низ заветите на нашата света вера – колку созерцанија во неа ќе пронајдете, за утеха во вашата жалост?!
Вие секогаш треба да го работите своето, а она што надоаѓа однадвор, тоа не е до вас. Бог тоа го испраќа и ќе го испраќа да би ве испитал. Испраќа и гледа како ќе постапите. Ако постапите мудро и праведно, Тој ќе ви даде добри отценки, а ако не – и оценките ќе бидат поинакви. Потоа сите отценки ќе се пресметаат... Во зависност од добиениот резултат, ќе ви биде издадено и сведоштво. Сведоштвото не се пишувa  на хартија, туку на чело. На оној свет вратарите веднаш ќе видат каде треба да одите... Вие овде не припаѓате... – ќе биде тешко да се чујат тие зборови.
Донекаде го разбирам вашето страдање кое го носи животот во туѓиот крај. Сте слушнале затрпението Јовово? Епа, управувајте се според него. Што да се прави? Секој има свој крст. Тој ви паднал вам – понесете го. Вашиот напор ќе биде ист како на Симон Киринеецот! Во што е целта на животот? Господ некако да ги прифати напорите кои ги поднесуваме. Слава Ти, Господи, што имаме што да понесеме! Да не е тоа, како би покажале било што угодно на Бога?.. Таму каде што сè тече како подмачкано, тешко е да се спасува својата душа. Надахнувајте се!
Не само сè што треба да предадете во рацете Господови, туку требада бидете спокојни, да се радувате и да благодарите. Еве, Господ на вас насочил толку удари кои ве состигнуваат од сите страни. Не сметајте им со својата лутина, противење, незадоволство. Дајте им слобода. Нека не бидат со ништо ограничени на вас и во вас да го извршат делото Божјо, заради што Господ и ги испратил, на спасение ваше. Господ ве љуби и ве зел в раце за да би исфрлил од вас сè неупотребливо. Како што перачката ја гужва, трие и тресе облеката да би ја избелила, така и Господ ве гужва, трие и треси како би ве обелил и подготвил за наследување на Царството Свое, во кое нема да влезе ништо нечисто. Така гледајте на својата положба и молете Го Господа, Тој во вас да го утврди и продлабочи тоа гледиште.
Потоа со радост примајте ја секоја непријатност, како лек кој ви го дава Самиот Господ. На оние кои ве опкружуваат гледајте како на орудија Божји кои ви служат на добро, гледајќи ја зад нив секогаш раката Божја, која ви прави добро. За сè говорете: Слава Ти Господи! Но, трудете се тоа да не биде само на јазикоти во мислите, туку така и да чувствувате. Молете се Господ да ви го подари тоа чувство. И Тој ќе ви го даде.

Поставете си како закон:
1) Во секој момент да очекувате непријатност, а кога ќе се појави да ја дочекате како очекуван гостин.


2) Кога ќе ви се даде нешто спротивно на вашата волја, нешто што ќе може да ве огорчи  и раздразни, што е можно побргу бегајте во срцето, напрегнете се и молете, колку што можете, да не им допуштите на тие чувства да се појават. Ако не им допуштите да се појават, тоа е крај: бидејќи сè е од чувствата. Доколку споменатите чувства дури и во мал обем се појават, по возможност донесете решение ништо да не зборувате и не правите сè додека не ги одгоните, а ако не можете да не зборувате и не работите, потрудете се да зборувате и работите не по тие чувства, туку по заповедите, како Бог што заповеда – кроотко и тивко, како ништо да не било.


3) Секое очекување дека таквата состојба ќе помине отфрлете го од својата глава и подгответе се за непријатности до крајот на животот. Немојте да заборавате! Тоа е многу важно. Ако тоа не биде, трпението не може да се воспостави.


4) На сите овие удари придодајте да имате поглед полн со љубов, да имате зборови исполнети со љубов, да имате обраќање исполнето со љубов, и главно, на секој начин избегнувајте да ги потсетувате ближните на нивната неисправност. Постапувајте како ништо од нив да не било.


Ние сме во прогонство, а навредите и понижувањата за изгонетите не се ништо чудно. Ние сме под епитимија, а епитимиите и се состојат од лишувања и напори. Ние сме болни, а на болните им се корисни горчливи лекови. И Самиот Господ Спасител, целиот Свој живот немал каде глава да потклони и завршил на Крст – зошто Неговите следбеници би немале иста  судбина?
Тешко е сè да се трпи, што и да е, но тешкотиите се чувствуваат само додека клеветите и неволјите траат. После сè ќе се израмни. Ќе се израмни и тоа што вие сега го трпите. Држете се! Сè ќе помине. Меѓутоа, треба посилно  да се верува дека сè е од Господа. Не само големите несреќи, туку сè што ќе се случи – се е од Него. А Тој има само една намера – нашето спасение. Сè прифаќајте како закрепнувачки лек, можеби горчлив, но корисен.
Кога Господ удира, не е ли оправдано да се помисли дека има и зошто. Значи, видете што е тоа порадишто бие, па исправете. Неволјите поради испитување се праќаат на праведниците, а нам – попрво како казна и призив на покајание. Ако верувате дека Господ е лекар, и тоа таков лекар кој лековите нема да ги троши залудно, знајте дека неволјите ќе престанат тогаш кога ќе престанат неправилностите и тоа не во делата, туку во чувствата и мислите.
Многу страдате. Жал ми е што е така. Но, тука нема помош, освен трпението, со надеж во милоста Божја. Сè е од Бога – и пријатно и непријатно. Треба да се благодари за сè. Затоа што и непријатностите се праќаат за добро: за очистување, за смирение, за укрепување на доброто држење и надежта на Бога. Не треба да се ропта. Претрпете го ова време. Ќе настапи светол ден...
Кај вас има само жалости! Тоа се спасоносни лекови Божји – и сведоштво на  Божјото внимание кон нас. Бидете спокојно. Благодарете на Господа и лечете се, или барем не му сметајте на исцелителното дејство на тие лекови со некакво мрморење.
Со неволјите кои доаѓаат што друго да се прави, ако не – да се трпи? Утврдете се во мислата дека ништо не бива без Бога и дека со тоа сè станува за наша корист. А до нас е, сè што ќе се случи да го искористиме на прав начин. Само ако покажеме трпение – е веќе добро држење пред Бога. Кон чувствата на тага продолжете да се однесувате со трпение, пред сè препуштајќи ја својата судбина во рацете Господови и црпејќи утеха од уверувањето дека станува по волјата Божја за наше вистинско добро.
... Тагувајте. Тоа е така природно, што ни Господ нема да се навреди што со болка во срцето го дочекувате она што е, што секако од љубов кон нас, да ви прати. Значи таагувајте, но со мера – како Јов... Затоа што и тој тагуваал, но не му допуштал на своето тагување без мера да се разлие, но тагата ја победувал со спокојство, кое се раѓа од предаденоста на волјата Божја.
... Предадете се себеси и сè свое во рацете Божји и од сето срце сложете се со она што вам Он ви одредил...
Убедете се себе дека Бог секој момент ве испитува, и утврдувајќи го Својот поглед на вас, чека да види како ќе постапите.
Господ знае што прави. Затоа што веруваме дека сè што правиме е насочено кон спасението на нашата душа, иако не можеме да не тагуваме кога ќе се соочиме со неволјите, ние би требало само да црпиме утеха од верата во таквата милост на Господа кон нас и со неа да го заливаме оганот на страдањата.
Светата Црква се моли за избавување од неволјите, затоа што на тоа се научило од  Псалтирот, кој е полн со такви извици... Кога ќе наидат неволјите... всушност вам Господ ви го протропува патот во Царството Свое или и повеќе од тоа – ве зема за рака и ве води. Затоа не напрегајте се и не викајте, туку спокојно и со благодарност поднесувајте ги.
Нашето слепило кое ништо не гледа и нашето премногу надмено самољубие – се единствени причини што страдаме и претерано болуваме во срцето кога ќе настапат непријатни околности.
... Ми падна на памет забелешка на еден старец, дека кога на почетокот се е добро... очекувај силни жалости... а тие жалости стануваат уште посилни затоа што на нив се надоаѓа после пријатности.
Неволјите и секоа жалост што ќе ви се случи поднесувајте ги спокојно, па милостивиот Господ тоа ќе ви го пресмета како епитимија, која по Црковниот поредок секој треба да ја поднесе за своите гревови.
Да се случуваат несреќи, тоа е нормална работа. Земниот живот и служи за тоа. Но фала Богу што ни покажал каде да се обраќаме во моментите на тага и каде да бараме утеха. Господ е блиску така  што немојте да стравувате. Кога би останале сами, кој би нашол толку сила до крај да продолжи понатака.
Кај вас има само болка. Судејќи апостолски, вам треба да ви се рече: среќнице! Зашто сте миленици Божји. И нека ви даде Господ со разум и срце да стапувате на патиштата на волјата Божја, па од тоа да ја црпите секоја утеха.
Навикнете се во неволјите да ја гледате милоста Божја, и да ги дочекувате мирно, во предаденост на волјата Божја или дури и со радост. Отворетего окото на умот и погледнете го венецот кој од небото се спушта на вашата глава. Ако останете невозмутени и спокојни.
Не само болестите, туку и сите други непријатности, и големи и мали, Господ ги насочува во корист на нашето спасение.
Понекогаш Господ ја испитува искреноста на служењето Нему, одземајќи ги духовните утехи кои го следат духовниот опит. Кога гледа дека душата лишена од оваа утеха не се жали себеси, туку и понатака усрдно Му служи, Тој тие утехи ги враќа. Старците велат дека не треба да се врзуваме за тие утехи или даг и сметаме за неодвоиво наследство на своите напори, туку да ги препуштаме на волјата Божја и да ги примаме кога Господ ги дава, а да го трпиме нивното отсуство кога ги одзема.
Оние кои страдаат и со покорност пред Бога го поднесуваат својот тегобен живот, исто се што и мачениците, за кои се подготвени такви богатства, во чија споредба денешните неволји не се ништо.
... Благодарете Му на Бога за сè,и пријатно и непријатно. Мирно поднесувајќи ги непријатностите, по малку се приближувате на делот на мачениците.Затоа, ако роптате, не само што ќе бидете далеку од тој дел, туку и одговор ќе морате да дадете.
Во сите наши неволји, ние не можеме да најдеме друга утеха освен верата дека сè се случува по волјата Божја. Волјата пак Божја ништо друго не сака за нас, освен да се спасиме; кон таа цел таа и ги насочува сите кои се мачат... 
Иако Господ Кој ги праќа болестите секогаш го има во предвид нашето добро, ние за избавување од нив сепак не молиме без согласност Божја, како да се одвраќаме од богатствата кои по тој пат ни се ветуваат. Зашто, можеби Господ точно при тоа од нас и очекува  поусрдно да Му се молиме. Така нашата молитва се совпаѓа со намерите.
Неволја и – избавување! Господ ве потсетил дека сме опкружени со неволји и дека избавувањето е близу. Слава на човекољубието Божјо!
Вие секогаш имате доволно прилики за трпение. Бидете спокојни и трпете. Милоста Божја е и тоа што вам ви се спрема тесен и макотрпен пат кој води во живот, ако овие случаи ги дочекувате и испраќате како што треба. Нека вам Господ ви подари таков однос кон нив.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)

  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)

  •  



    dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    dobrotoljubie

    Духовност

    Октомври 20, 2024
    TviTER281

    Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

    Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
    Јуни 30, 2024
    Avraamovo.GOSTOLJUBIE

    Света Троица во Стариот Завет

    „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

    За нафората

    HRISTOS.nafora
    Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

    Проскомидија

    TVIT602
    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Сеп 13, 2021 Житија 3216
    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 7707
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Најново од духовност

    Православен календар (2)

     

    25/12/2024 - среда

    Божикен пост (пост на масло)

    +Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

    Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

    Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

    Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

    Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

    Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

    Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

    Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

    Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная