Хиротонија на Архимандрит Тихон (Шевкунов), авторот на делото „Несвети, а свети“
во Епископ Егоревски
24 октомври 2016 лето Господово
На 24 октомври 2015 год., во денот кога се празнува Соборот на ОптинскитеСтарци, Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил ја посети Казанската Амвросиевска ставропигијална женска пустина во Шамордино.
Оваа година се одбележуваат 25 години од возобновата на монашкиот живот во обителта, која е основана од Преп. Амвросиј во 1884 година.
Претстојателот на Руската Православна Црква ја возглави Божествената Литургија во главниот храм на Казанската Амвросиевска пустина – собор во чест на Казанската икона на Божјата Мајка.
На Литургијата беше извршена хиротонија на Архимандритот Тихон (Шевкунов, кој во православниот свет е особено познат по своето дело „Несвети а свети“), настојател на Сретенскиот ставропигијален машки манастир, во епископ Егоревски викарен на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил.
На Богослужението Патријархот Московски вознесе молитви за мир во Украина. По завршувањето на Литургијата, Светејшиот Патријарх Кирил се обрати со поздравно слово кон епископот Егоревски Тихон и му врачи архиерејски жезол. Според традицијата новоизбраниот епископ им го предаде на верниците својот прв архипастирски благослов.
По завршувањето на празничното богослужение, на сите присутни им беа разделени малечки репродукции од Казанската икона на Божјата Мајка со Патријаршиски благослов.
Извор: Патриархиа.ру
Преземено од. Бигорски манастир