„Како верски водач ја преземам одговорноста и лично барам прошка за секој загинат човек – било да е тоа дете или возрасен. Затоа што како духовен пастир, како член на „цивилизирана“ Европа, не сторив повеќе за да се сопре ова патување, кое наместо билет за надеж, потопи толку многу луѓе во бескрајна жалост.“ Ова го изјави Атинскиот Архиепископ Ероним за време на средбата на религиозните лидери што се одржа во Атина на 19 октомври 2015 година, посветена на кризата во Блискиот Исток и мигрантскиот бран кон Европа.
Поглаварот на Грчката Црква зборуваше и за обидите на Европскиот сојуз да пронајде решение на проблемот и ги повика да сторат сѐ што е возможно „за подобра иднина на овие луѓе, за на другиот брег од нивното страшно патување кон Европа да ги пречека надежта, а не да ги демне смртта“.
„Зарем не требаше наместо да се собираме тука, денес, и да плачеме за мртвите деца – бегалци, кои секој ден ги исфрла морето, да се погрижиме родителите да не ги беа напуштиле своите домови?, праша Архиепископот.
„Не можам да пронајдам зборови за да ја опишам трагедијата која, наместо да се намалува, се зголемува пред нашите очи. Денес сме повикани да ги оставиме зборовите. Денес сме повикани повеќе да дејствуваме за да им помогнеме на тие измачени души. (...) Сѐ друго е предавство на нашиот христијански идентитет“, го заврши своето слово Архиепископот Ероним.
Во Атина се одржа меѓународна средба на лидерите на религиозните заедници од Блискиот Исток и на политичари од цела Европа. Средбата беше организирана од Министерството за надворешни работи на Грција и на неа присуствуваа поглавари на сите гркојазични Православни Цркви, како и претставници на Московската Патријаршија.
Извор: Dveri.bg
Преземено од: МПЦ-ОА