логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Оновено)

„Откако се собравме ние верните, да го восхвалиме учителот на кротоста, големиот украс на епископите, красотата на светителите, правилото на монасите, славата на пустиножителите, подателот на милоста, светилникот на расудувањето, божествениот љубител, премудриот архиереј, големиот светител и отец, Гаврил епископот Велички и Лесновски чудотворец, ѕвезда која ги просветлува луѓето во мрак и ги озарува сите верни. Затоа брзајќи кон гробот на неговите мошти, со љубов ги целиваме и пееме: светителе свети, не престанувај да го молиш Христа Бога, да се спасат душите наши.“

(Тропар на Свети Гаврил Светогорец, глас 8-ми)

 

Житие и чудеса на преп. Гаврил Светогорец, еп. Велички (+12.01.1990)

(30 декември/12 јануари, на денот на св. мч. Анисија и преп. Теодора Цариградска)

Епископот Велички Гаврил (Мијалче Парнаџиев) е роден на 10 март 1926 година во Штип, од татко Методиј (подоцна со монашко име Кирил) и мајка Гора Парнаџиеви. Потекнува од благочестиво патријахално занаетчиско семејство. Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. Од 1944 година бил учесник во НОВ. Во почетокот на војната бил вклучен како партизан, а по завршувањето на борбите, во 1947 година бил прекомандуван во Корпусот на народната одбрана, во единици стационирани на граница, како специјални одреди составени од одбрани борци. Најпрво бил на граничниот сектор кај Делчево (Царево Село), потоа во Кавадарци, и на крајот, на граничната линија на Кајмакчалан. Во својата единица бил на должност- писар, како строго доверливо лице. Едно време бил и секретар на Скоевската организација. Поради големата ревност во службата и примерно однесување бил предложен и за прием во КПЈ, но поради тоа што „одел в црква" изостанало примањето во членство. Се стекнал со чин водник и е одликуван со орден „Заслуги за народ".

По демобилизацијата извесно време бил на служба во градскиот народен одбор во Штип. Две лета учествувал и на работни акции во Нов Белград како и на автопатот Белград - Загреб, каде што добил и пофалници. Потоа се запишал на Факултетотза ликовни уметности во Белград. По дипломирањето, во 1955 година, работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Според оценката на ревизорот, познатиот уметник Борко Лазевски, тој бил „еден од најспособните педагози во Македонија". Поради мошне развиената вонучилишна настава, штипската гимназија била прогласена и за најдобро средно училиште во Македонија. Една од вончасовните активности на децата било и издавањето на училишниот весник „Ученичен глас", кој во свое време бил доста успешен и по многу нешта единствен (учениците сами вршеле клиширање). Покрај работата во училиштето, како професор, епископот Гаврил работел и како скулптор. Неговите прекрасни експонати се наоѓаат низ парковите во Штип, но и на други места. Со народните власти интензивно соработувал на планот на естетско обликување на својот роден град, за што има добивано и признанија од тогашниот претседател на општината - Ристо Кадифков, како и признанија од други. Како докажан и проверен педагог бил предложен и за професор на Педагошката Академија, која била отворена во Штип. Но кога таа отпочнала со работа, тој во 1960 година се преселил да живее во Скопје, таму доста успешно работел како самостоен уметник.

За време на траењето на студиите и педагошката активност, двапати престојувал во странство. Најпрво како студент во втора година на Факултетот бил на научен престој во Париз, а потоа (1959), со група просветни работници бил на светска уметничка изложба во Брисел.

Сочувани се две спомен обележја направени од рацете на Гаврил. Тоа се спомен обележјата на загинатите родољуби од Кратовско и овековечениот лик на работникот За жал, многу негови дела „исчезнаа", како на пример „Момчето со флејтата".

Познатиот штипски уметник, Тодор Максимов за делата на Мијалче Парнаџиев ќе рече дека тие се вистински ремек дела. Се додека бил жив неговиот татко Методиј, скулптурите биле одржувани. Често Тодор Максимов го посетувал Гаврил и во Лесновскиот манастир. Но, тогаш Гаврил повеќе не покажувал интерес за вајарството и се предал на монашки живот

Од 1963 година почнува вториот период од животот на Гаврил. Тој повикувајќи се на призивот: „Царевото на царот, а Божјото на Бога", во 1963 година заминал во Грција, со цел да се распраша дали може и под кои услови да отиде во Света Гора и да остане таму. Грците, прво му ветиле дека кога сака може да отиде во Света Гора, без никакво ограничување. Му рекле дека може да остане во српскиот манастир Хилендар, кој ужива статус на автономна српска територија под крилото на Света Гора. Тој им поверувал и останал таму. Но, подоцна работите се одвивале поинаку. Токму затоа, епископот целиот случај го оставил и предал во рацете на Бога.

За сето време, со извесни паузи, престојувал на Света Гора. Од време на време морал да оди во Атина и да моли за продолжување на неговото тамошно живеење. Во Атина честопати престојувал и по неколку денови, а таму ноќевал во едно приградско манастирско место „Лаврион", или поточно, во еден осамен манастир близу „Лаврион" - „Света Троица".

[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=RzMK1E_EDbk[/youtube] [youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=Orw2cMNf384[/youtube]

Во Света Гора епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. За него било уште потешко тоа што доаѓал од Македонија, чија Црква тогаш се еманципираше од Српската Црква. Тие отворено му изразиле сомневање дека бил испратен од епископот Доситеј (подоцна прв Архиепископ на возобновената МПЦ) тука да формира македонски манастир, како што на Света Гора сите православни земји имаат свои манастири. Па, таму бил примен само како нивни собрат и искрен православен верник. Тој нивни став бил знак и за другите словенски манастири никогаш официјално да не го прифатат во своите братства. На тој начин, епископот Гаврил бил слободен да оди каде и да сака и да биде најсрдечно приман, но само како привремен гостин!
Така, тој ги посетил сите манастири во Света Гора, а најмногу се задржал во рускиот „Камена". Тука, во почетокот, извесно време бил како послушник на домаќинот на скитот, стариот 84-годишен руски монах, отец Татјан Иванов, кого во една криза во болеста го однел во матичниот манастир „Свети Пантелејмон". Тој во манастирската болница, по околу два месеца, починал, па скитот го наследил епископот Гаврил. Во почетокот на управувањето со скитот, голема материјална помош, како и масло за кандилата, темјан и друго, набавувал од рускиот манастир, потоа од српскиот, бугарскиот, како и од грчките метоси „Моноксилит" и „Свети Николај". Сите тие манастири, кога одел на богослужби, го прифатиле како вистински христијанин. Грчкиот манастир „Свети апостол Павле" му дал и писмена гаранција, но Министерството на Грција почитувало некои други закони, а не законот на меѓучовечката љубов. Во истиот манастир епископот Гаврил го добил монашкото расо.

Цело време додека епископот престојувал во Света Гора избегнувал контакти со луѓе. Зближувањето со Бога сметал дека најдобро може да се реализира преку оддалечувањето од луѓето. Единствени контакти, вредни за спомнување, се познанствата, воспоставени по сила на неопходноста, со тогашните млади српски монаси, а сега веќе архиереи, отец Митрофан, отец Атанасиј Јефтиќ и отец Амфилохиј Радовиќ. Нив посебно ги молел да може да биде примен во манастирот Хилендар, но сите негови напори останале без резултат.

По едно негово енергично барање да му се даде документот „елинопистос" - грчко државјанство, услов за останување засекогаш на Света Гора, или да се врати во Македонија, тие, уверени дека не е нивни пријател, дефинитивно одбиле да го прифатат барањето и тој се вратил во својата родна земја.
По доаѓањето во Македонија, епископот Гаврил престојувал во повеќе манастири (Света Богородица во село Побожје - Скопско, Света Богородица во Матка - Скопско, Свети Димитриј - Марков Манастир), а во декември 1975 година бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. САС на МПЦ, со одлука од 30 јуни 1981 година го одликувал со архимандритски чин.

На 28 август 1989 година, бидејќи бил избран со одлука на САС на МПЦ, е хиротонисан во епископски чин, со титула епископ Велички. Епископот Гаврил, во круговите на МПЦ, па и пошироко, е познат како редок испосник и подвижник, а и како плоден автор на повеќе прозни и поетски творби, пишувани на духовно-морални теми. Неговите размислувања за подготовките и начинот на прославување на големиот Јубилеј -2000 годишнината на христијанството и формирањето Монашка школа во Македонија - останаа и негови незавршени теми и неисполнети желби.

Епископот Гаврил станал прочуен и како автор на многу душекорисни книги. Познати се: неговата стихозбирка „33 песни за Ерусалим" (1975), „Света Гора - Небесна земја" (1978), „Пред најголемиот јубилеј на човекот" (1980), „2000-годишнината на христијанството е на прагот" (1981), „Чудата на пресвета Богородица" (1984, превод), „Правила и одредби на Православната Црква за постот" (1994), како и други научни студии со богословска, историско-национална и уметничка содржина. Освен тоа, службеното гласило на МПЦ има објавено десетина негови пократки написи со различна содржина. Некои негови наслови се објавени и во Руската задгранична православна црква во Америка.

На 12 јануари 1990-та година, во својата скромна ќелија во Лесновскиот манастир епископот Гаврил спокојно си отиде при Господа.ЦЈ На закопот присуствуваа илјадници верници, а беседа за него одржа Митрополитот г Петар. „Поради неговата пламена љубов кон Бога и ближните, како и поради неговата самопожртвувана сеоданост кон православието, Господ Бог ќе го насели во своите предели, за да се моли и тој за нас, своите грешни чеда, пред Божјиот Престол..." - ќе напише сегашниот поглавар на МПЦ, гг Стефан во делото на епископот Гаврил. Неуморните пастирски трудови ставија печат врз неговото немоќно тело, но тие не беа залудни. Средбата на многу души, кои талкаа и страдаа по овој свет, со неговите духовни книги беше пресудна. А колку повеќе може да се зборува за личните средби со него! Помеѓу многуте негови духовни чеда постојат и такви, кои тој ги вовел во верата, ги огласил со евангелските вистини и ги подготвил за Свето Крштение. Има и такви, кои ги извлекол од калта на гревот и пороците. Некои од нив ги присоединил кон светата Православна Црква. Други, пак, ги упатил на спасителниот монашки пат.



Тука ќе спомнеме и некои од чудата и исцеленијата на епископот

Дента кога го хиротонисувале отец Гаврил за епископ во Лесновскиот манастир, дошле родители со дете во рацете коешто било рахитично и до својата шеста година никако не застанало на нозе. На родителите некој им кажал да го однесат детето во Лесново и отец Гаврил да им прочита молитва. Тие дошле токму на денот кога го правеле епископ. Прашале каде е отец Гаврил и еден од верниците им кажал дека денес го завладичуваат. Родителите се нажалиле, оти мислеле дека нема да можат да се видат со отец Гаврил тој ден. Кога ги видел ожалостени, еден од блиските луѓе на отец Гаврил, им рекол: „Вие стојте и помолете се за тоа што сте дошле. Бог ќе ви ги слушне молитвите. По три дена детето им проодило.(Извадок од:Житие и акатист на Светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец)


Едно дете, по име Ѓорѓи, од некое струмичко село, не можело да зборува и неговите родители честопати го носеле кај отец Гаврил да се моли за него. Еднаш, кога до однеле кај него за време на вечерната служба, тој го однел детето во храмот и му прочитал молитви. Наредниот ден отец Гаврил служел Света Литургија и за целото време се молел за детето. Откако тоа се причестило и откако завршила Литургијата, детето ги подигнало рацете нагоре и рекло: „Мамо!" Сите присутни во храмот се израдувале и зачудиле, и му оддале слава на Бога, Кој прави чуда преку своите служители.

Преподобниот бил многу милостив и човекољубив со ближните. Еднаш, дошло некое семејство со трчање и во паника, бидејќи некоја кола го удрила нивниот син. Тогаш отец Гаврил влегол во храмот, веднаш започнал да се моли и доста време не излегол. Кога излегол им рекол: „Одете, детето ќе биде дома здраво и живо. Ама тоа е, сте работеле во недела. Внимавајте на неделата и богослужбата. Работевте ли денеска?"[2] Тогаш тие одговориле: „Работевме, работевме..." „Епа друг пат нема да работите во недела" - им одговорил отецот.

Долго време немало дожд во Лесново и селаните дошле да го молат отец Гаврил да се помоли на Бога да им испрати дожд. „Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога..." и среде молитва, за чудо и радост на сите започнало да врне дожд. Селаните започнале да му благодаратза молитвите, а отец Гаврил им се обратил скромно со зборовите: „Никогаш не ги препишувајте чудата на себе... Не сум тоа јас... Манастирот е чудотворен и свет, а и тие што доаѓаат добиваат исцеление!"

Неговиот свет, подвижнички и многустрадален живот, чистотата на верата, како и многубројните чудеса, за време на животот, но и по смртта, се сигурен показател дека тој е примен во населбите на светителите, и таму, пред престолот Божји се моли за неговите духовни чеда, за верниот народ на нашата Света македонска православна црква како и за сите кои со вера го повикуваат. Во новите храмови речиси насекаде се живописува неговиот свет лик, се сликаат и икони, се запишуваат неговите чудеса - останува уште да се напише официјално житие, служба, акатист, да се одреди ден за негово празнување (најверојатно денот на неговото упокојување, 12 јануари) и да се извадат неговите свети мошти од гробот во Лесновскиот манастир - сето тоа како подготовка за неговото официјално канонизирање, т.е. признавање на неговата светост, и вбројување во диптихот на светителите. По неговите свети молитви Богда не помилува и спаси. Амин.

[1 ] Според едно предание, отец Гаврил го предвидел и денот на својата смрт
[2] А тој ден бил недела.

Извор: Amvon

 

[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=Bv6TM8XgK3o[/youtube]

 

Друго:

sv.Gavril.Svetogorec1.jpg

Молитвата е прва и најважна работа

Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее.

Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема.

Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест.

Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.

Вкусувајќи ги горчливите плодови на многузборливоста, празнословието и празномислието, секој од нив (монасите), а во прв ред младите, со сета своја снага се стремат во себе да развијат што поголема љубов кон молитвата, да се навикнат на непрестајното молитвено општење со Бог, за секогаш да бидат со Него. Многумина се во состојба со бројаници во раце и повикување на Божјото име со зборовите на Исусовата молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“, цел ден и цела ноќ стојат како заковани на едно место, заборавајќи и на јадење и на спиење.

Старец Гаврил Лесновски Светогорец

26 години од блаженото упокојување и 90 години од раѓањето на Епископот Велички и Лесновски Чудотворец Гаврил – Светогорец

Во 1990 година, на денешен ден (12 Јануари), петиот ден по Рождеството Христово, по Божја промисла, се пресели во многу саканото Царство Небесно Светиот Старец - епископот Велички Гаврил. Овој Свет човек додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство, за Ангелската чистота, за Христовата Спасоносна наука, од кого многумина го спознаа Богооткриеното спасоносно учење, потврдено и посведочено лично од неговиот испоснички, подвижнички и ревносен живот за Христа и Верата. За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет. За ова се зборува не само помеѓу нашиот народ, туку на секаде во светот каде што имало можност да се види и да се слушне за оваа вистинската фреска која оди (жив светител). Но, исто така и по неговото Блажено упокојување, неговиот гроб и неговите Свети мошти, кои се наоѓаат во Лесновскиот манастир се исцеление на болните, радост на тажните, надеж на безнадежните и утврдување на верните. Неговиот гроб е извор на благоухание, за кое што сведочат секојдневните поклоници кои што приоѓаат

–како кон вистински Светител со вистинско покајание и вера. Ние пак, Му благодариме на Бога што во ова време исполнето со искушенија и соблазни, го имаме за застапник пред Престолот Божји и пример за нашиот живот во Христа, а воедно и на многумина од православниот свет кои што немаат разбирање за нас и за нашата Света Македонска Афтокефална Православна Црква – Охридска Архиепископија, дека е Света и Благодатна, затоа и раѓа Светители и Чудотворци подеднакво исто како што се случува во сите помесни православни сестрински цркви со кои раководи Светиот Дух. Се надеваме дека во најскора иднина, по Божја Волја, новиот Светител Лесновскиот Чудотворец, на Кого народот Божји и денеска Му се обраќа како на Светител и бара молитвено Застапништво, Светиот Синод на МПЦ – ОА ќе ја потврди Светоста Негова преку канонизација и ќе Го вброи во редот на Божјите угодници. Свет Владико Наш Гавриле, утеху и радост наша, правило на верата, биди секогаш со нас и кога не каменуваат и распнуваат, како и секогаш сведочи за Нашата Света Црква. Застапувај се омразта и невистината кон нас да се заменат во Соборна Љубов, Едниство и Заедница.

Блажен и Вечен Покој!

Православен Митрополит Брегалнички Иларион Лесново - Р. Македонија

12-ти јануари, лето Господово 2016

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная