логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 17/06/2015   Поуки - совети

           Годината на неговото раѓање не е позната, а денот на којшто е роден е најверојатно 19 или 20 јули, во градот Курск во семејството на Мошњини…Татко му беше имотен човек и се занимаваше со претприемачки работи при изградба на камени објекти, особено цркви.

Совесноста во исполнувањето на преземените обврски и стремежот при изградбата на црквите, го одликуваше Мошњин како градител, а таа црта на татковиот карактер – љубовта кон подигањето на Божјите храмови – премина и на Прохор Мошњин, подоцна преподобниот Серафим. Татко му, Исидор, почина 1760 година додека Прохор беше сèуште многу мал, така што тој остана под надзор и најголемо воспитно влијание на својата побожна мајка Агатја Фотиевна.Мајка му поучуваше, пред сè, со пример, а тие благочестиви впечатоци длабоко се врежаа во срцето на чувствителното момче. Од најрани години почна да размислува за вечноста, за исполнување на волјата Божја и спасението на својата душа. Неговата идна посветеност се наговестува со случајот на чудесното исцеление од повредите здобиени при пад од голема височина.Најпрвин во сон му се јави Мајката Божја и му соопшти дека ќе го излечи, а после поклонувањето на Нејзината икона, што ја изнесувале во литија, одненадеж и спротивно на секоја медицинска логика, му се поправи здравствената состојба.Позната е и изјавата на еден непознат јуродив којѝ се обрати на Агатја Мошњина со зборовите:„Блажена си, вдовице, што имаш такво дете кое ќе стане голем застапник пред Светата Троица и огнен молитвеник за целиот свет”. Чудесното станување од постелата уште повеќе го вдахнови Прохор за учење, пред сè,за читањето на свештените и богослужбени книги.

За најмалите, цртан филм за свети Серафим Саровски, со македонски превод.

[youtube height="350" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=oJ0wC3BYCak[/youtube]


(за вклучување на преводот, кликнете на CC на видеото)

Наидува на личен конфликт при неговото сè поголемото вклучување во трговијата со која што се занимаваше постариот брат Алексеј и заклучи дека„не е можно потполно и во спокојство човек да се предаде на созерцание и молитва и со цела душа да се вознесува кон Господ, доколку остане во непрекинатата бура на страстите кои го напаѓаат светот и дека душата којашто не се ослободила од светот не може искрено да Го љуби Господ”.

За својата одлука да замине во манастир не наидува на големи пречки од мајка му, којашто приметувајќи ја неговата непрестајната рамнодушност за делата и грижите од овој свет, големата приврзаност за Црквата Божја и љубовта кон душеполезното читање, разбра дека младиот Прохор не му припаѓа на овој свет, сеќавајќи се на необичните случувања од неговото детство.

Сепак, не заминува без благослов и добар совет на духовен отец кого го пронаоѓа во Киев во личноста на проѕорливиот и чудесен човек Доситеј. Тој му вели: „Оди, чедо Божјо, во Саровската пустина, тоа е место што ќе ти биде за спасение.Со Божја помош, таму ќе го завршиш своето земно туѓинување.Единствено грижи се да се здобиеш со непрестајното сеќавање на Бог и непрестајно повикувај го името Божјо…во тебе ќе се всели Светиот Дух и ќе го насочи твојот живот кон Светлината. Таму е отец Пахомиј, човек со богоугоден живот, којшто ги следи животите на нашите преподобни отци – Антониј и Теодосиј”.

Прохор со радост го прифати зборот на светиот Старец, кој го утврди во одлуката што веќе долго созреваше во него и се врати дома за да се подготви за конечното разделување со семејството и родното место.

Саровската обител се наоѓа во длабочините на Темниковските шуми, во северо-источниот агол на Тамбовската губернија и со векови ги привлекуваше погледите на благочествите луѓе со својата убавина и добродетелен живот на монасите коишто во неа се подвизуваа.

Вечерта на празникот на Воведението на Пресвета Богородица Прохор стапи во Саровската обител, а на бдението побожно следејќи ја богослужбата и ревноста на монасите за молитва, се вознесе со духот радувајќи се што Господ му го покажа местото на коешто со години ќе се подвизува за здобивање на Светиот Дух.

Така го започна искушеничкиот живот во манастирот во труд, во искушенија што сите ги поминуваат при стапувањето во свештената обител пред да ги примат монашките завети. Тој се наоѓаше во период од животот во којшто е особено тешко да се гради спасението на душата (Фил.2,12).„До 35-та година, т.е. до половината од земниот живот, вели Преподобниот, на човекот му е потребен голем подвиг да се сочува. Многумина во тие години не истрајуваат во добродетелите, туку отпаѓаат од вистинскиот пат заради своите желби”. Но, растејќи во складносемејно опкружување погодно за развој на искрена ревност во служењето на Господ, Прохор и во манастирот наиде на поволни услови за восовршување во духовниот живот. Во отец Пахомиј, отец Јосиф и другите, најде опитни учители во Христос, кои го опкружуваа младиот искушеник со грижа, ја чуваа неговата младост и ја поддржуваа неговата духовна насоченост. За Старец му беше одреден благајникот отец Јосиф на кого му прислужуваше во ќелијата. Покрај тоа извршуваше и други задолженија, најпрвин во пекарата, потоа во просфорницата и во столарската работилница. Последново послушание Прохор го извршуваше долго време, а столарскиот занает очигледно многу му се допаѓаше.Во него стана многу вешт и доби дури и прекар “Прохор столарот”. Потоа, новиот послушник имаше задолжение да ги буди браќата во манастирот за ноќните богослужби и да прислужува во црквата. Покрај тоа учествуваше и во заедничките послушанија, како на пример, во подготвувањето на дрвата, нивното сечење, во сплаварењето и слично. Имајќи добро здравје и физичка сила младиот послушник сите овие задолженија ги исполнуваше со особена ревност и грижа. Но, исполнувањето на разните послушанија беше само дел од неговитеподвизи,а не трпејќи мрзливост времето си го распределуваше така да не се најде простор за неа и сите нејзини последици – досадата и малодушноста, знаејќи дека тие се многу опасни за духовниот живот.

Пред сè, Прохор никогаш не ги пропушташе црковните служби и доаѓаше во храмот што е можно порано, стоеше цело време со спуштен поглед заја одбегне расејаноста, напрегнато и внимателно слушајќи го пеењето и читањето, при тоа непрестајно кажувајќи ја во умот Исусовата молитва. Преподобниот подоцна кажуваше: „Телесниот труд и читањето на божествените книги ја чува чистотата”.Читањето му беше насушна потреба, и го сметаше за многу полезно. „Ако се наоѓаш во ќелијата и немаш ракоделие, секако читај”. Додека се подвизуваше во физичка работа, во ќелијата и на послушанијата, Прохор непрестајно ја кажуваше Исусовата молитва.„Работа за рацете, а молитва за устата” – е правило до коешто секогашпостојано се придржуваше. Подоцна,за време на ракоделието и послушанијата, ги поучуваше младите искушеници врз основа на својот опит:„непрестајно кажувај ја молитвата: ‘Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот’. Кога Господ ќе го загрее твоето срце со топлината на Својата благодат, таа молитва во тебе ќе потече непрестајно и секогаш ќе биде со тебе, насладувајќи и хранејќи те”.

Младиот искушеник го избегнуваше секој непотребен разговор со браќата знаејќи дека празнословието им отвора простор на мрзливоста и суетата.„Ако имаш во себе духовна храна, т.е. беседа со Самиот Господ, зошто би одел по ќелиите на браќата дури и некој да те повикува?“

Доби благослов часовите во кои нема послушанија да ги поминува надвор од манастирот во тишина и молитва. Си одбра осамено место и таму си направи колиба.Така Прохор полека почна да преминува од практичниот живот, што го сочинуваат послушанието, постот, воздржанието, бдението, метаниите, молитвата и останатите телесни подвизи, кон умносрдечната молитва и живот што се состои во вознесувањето на умот кон Господ, во срдечното внимание, умната молитва и созерцанието.

Искушенијата се зголемуваа, особено тагата и малодушноста, како најтешки во монашкиот живот. Ниедна друга страст не го вознемирува монахот повеќе од унинието при што му стануваат неподносливи и местото каде што живее и браќата со кои живее.

Во 1780 година се разболе од тешка болест и боледуваше три години, неподвижен.„Болестите ни се случуваат поради гревовите, од нив ослабуваат страстите и човекот си доаѓа на себе, ќе се сметаат наместо подвиг кај оној што ги поднесува со трпение и благодарност, а можеби дури и повеќе од подвиг.” Пројавувајќи потполна доверба во милоста на Пресветата Мајка Божја беше чудесно исцелен откакоСамата Богородица му се јави.

На 13 август 1786 година беше потстрижен за монах со име Серафим, а на 25 октомври истата година е ракоположен за јероѓакон од страна на Владимирскиот епископ Виктор. Отец Серафим кон божествената служба пристапуваше со страв, служејќи со умиление, скрушеност на срцето, со длабока вера и потполно заборавање на сè световно. Пред празниците и неделите за службата се подготвувашеостанувајќи на молитвацела ноќ, стоејќи, до почетокот на Литургијата на којашто се причестуваше со Светите Тајни. После Литургијата остануваше да го среди олтарот сакајќи да остане во храмот колку што е можно подолго.

По петнаесет години од неговото доаѓање во Саров беше ракоположен за јеромонах, но привлечен од безмолвието во пустината,Преподобниот постепено се подготвуваше за зголемување на својот подвиг внимателно изучувајќи го животот на големите пустиножители и подвижници.

Погребувајќи го својот духовен раководител во монашкиот живот, отец Серафим, со благослов на новиот старешина на манастирот, се повлече во пустината. Местото на пустинскиот подвиг на отец Серафим беше висок рид во густата борова шума на крајбрежјето на реката Саровка, во мала ќелија којашто се состоеше од соба со мал прозорец и трем.Во собата имаше икона во десниот агол, на другата страна печка, неколку исечени дрва наместо столици и глинена стомна каде што ги чуваше суварките.

Подвизите кои тука ги извршувашебеа разновидни и тешки, а сосема познати само на единствениот Бог. Особено внимание ѝ посветувше на молитвата, секојдневно извршувајќи го монашкото правило на строгите пустиножители.Стануваше околу полноќ и го исполнуваше правилото на преподобниот Пахомиј Велики: ја пееше полноќницата, утрената и првиот час, во деветиот час од утрото ги исчитуваше третиот, честиот, деветиот час и изобразителната. Навечер ја читаше вечерната служба и малото повечерие, а со настапувањето на ноќта го извршуваше манастирското правило пред спиење. Што се однесува до физичкиот труд, работеше во градината и одгледуваше пчели, а особено се трудеше во умносрдечната молитва во која гледашеѕвезда што води кон небото, често доаѓајќи до возвишени духовни состојби.

Достигнувајќи го третиот степен на духовниот раст,Преподобниот се среќаваше и со искушенија кои доаѓаа директно од духовите на злобата. Слушаше ѕверско завивање пред ќелијата, а претрпуваше и големи физички повреди.Сепак, борбата се засили со неговото одбивање на понуденото старешинско место во манастирот,а сатаната гледајќи го големото смирение почна да го напаѓа со едно од најголемите искушенија: наметливите хулни помисли заедно со тешко подносливото униние. Светителот избра камен, на којшто го извршуваше големиот и тежок подвиг на столпништво. Таму ги поминуваше ноќите, па после краткотрајното спиење и поткрепувањето со храна подвигот го продолжуваше на сличен камен и во својата ќелија. Ваквиот подвиг траеше илјада дена и ноќи, после кои се врати молитвениот мир во душата на подвижникот.Сепак, Светителот не го прекина ваквиот напор заради достигнувањето на посакуваниот мир, туку поради сериозно нарушеното здравје и големите отоци на нозете. Така, сите искушенија и напади на лукавите духови се покажаа неуспешни, а сатаната овојпат одлучи да нападне преку зли луѓе.

На 12 септември 1804 година,кога отец Серафим сечеше дрва, го сретнаа тројца селани кои му бараа пари. Го нападнаа сакајќи да го ограбат. Преподобниот само клекна пред нивсо прекрстени раце на градите примајќи директен удар со подебелиот крај од секирата на едниот од селаните. Претрпе сериозни повреди на вратот со обилно крварење, а напаѓачите не се сопреа само на еден удар, туку продолжија да го удираат со стапови и со нозе, надевајќи се дека ќе го убијат со намера телото да му го фрлат во реката. Единствено затоа што мислеа дека е веќе мртов, го оставија на тремот, а потоа ја претурија целата ќелија барајќи скриено богатство. Големината на гревот им стана јасна и ужас ги опфатиоткако открија дека Преподобниот нема никаква вредност каква што бараа.

Светителот им прости и се молеше за нивно покајание иако едвај преживеа, а неговото опоравување траеше повеќе од пет месеци во Саровскиот манастир. На наговорањата да сведочи против разбојниците, тој одговари дека, доколку бидат судени, ќе си замине од Саров во непознат правец.Така Преподобниот го порази непријателот на нашето спасение и го победи искушението низ кое тој го наведуваше да згреши против љубовта кон ближниот која секогаш сèпростува.

Отец Серафим го продолжи својот монашки живот со нов подвиг. По смртта на отец Исаија, старешината на манастирот, со кого беше близок, го зеде подвигот на молчење и целосно посветување на своите мисли и чувства единствено на Господ. Во далечната пустина ги одбегнуваше посетителите и не разговараше со никого сè додека не беше принуден да се врати во манастирот и тука да започне уште потежок подвиг на затворништво.

Светителот помина пет години во најстрого затворништво, не примајќи никого. Времето го поминуваше во подвигот на умносрдечната молитва, читање и метании, честопати прекинувајќи го својот подвиг поради прекрасните виденија и грабнувања на умот во кои ја вкусуваше големата слобода на натприродниот живот на Божјите угодници. Во следните пет години Светителот го промени својот подвиг, допуштајќи влез во својата ќелија иако со никого и понатаму не разговараше, за после извесно време да ја отвори својата богоглаголива уста и почне и со зборови да ги храни оние што му притекнуваа.

Го задржа молитвениот подвиг, кој се претвори во молитвено служење на ближните и нивно духовно раководење, така што неговиот живот стана поучување на сите оние кои бараа духовен совет и утеха.

На ова послушание кое го доби од Царицата Небесна тој одговорисо целосна подготвеност, примајќи го верниот народ и лечејќи ги телата и душите на сите што кон него со вера пристапуваа. Преку отец Серафим се случуваа голем број на исцеленија, чудотворства, претскажувања и совети, кои ги менуваа засекогаш животите на повредените и страдални луѓе, кои го бараа неговото посредништво пред Господ.

Паралелно со подвигот на духовното раководење на верниот народ којшто пристигаше во огромен број, преподобниот Серафим се поврза духовно и со Дивеевската општина каде што доаѓаа во заедница да живеат вдовици и девственички, барајќи го своето спасение. Тој ја презеде духовната, но и материјалната грижа за сестрите, покрај сите неволји кои му ги приредуваа мирјаните и некои од браќата на манастирот.

Пред смртта им остави и последен совет: во несреќи, неволји, огорченост да доаѓаат кај него на гробот и да му се обраќаат како до тогаш: „Ќе ве слушнам и вашата тага ќе помине!Зборувајте со мене како со жив и јас за вас секогаш ќе бидам жив!”Им вети дека никогаш нема да ги напушти и очигледно е дека неговото срце во последните години од животот крвареше за спасението на Дивеевската обител…

На 15 јануари се упокои на коленици пред иконата на Мајката Божја имајќи ја на усните молитвата за својата земна татковина, за целиот грешен свет и за своето драго чедо Дивеево…

Преподобниот Серафим ќе биде запамтен и по своето изложување на смислата и целта на христијанскиот живот.Тој вели: „Молитвата, постот, бдението и сите останати христијански добродетели се добри сами по себе, но тие не ја дефинираат целта на нашиот христијански живот. Тие служат како неопходни средства за достигнување на таа цел. Вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во здобивањето на Светиот Дух Божји. Кога Духот Божји ќе слезе на човекот го осенува со полнотата на Своето доаѓање, тогаш душата на човекот се исполува со неискажлива радост затоа што Он радува сè до што ќе се допре. Предвкусот на таа радост ни се дава и нам, а сега, до нас е, да вложиме труд на труд и да се вознесеме од сила во сила и така да ја достигнеме мерката на растот на полнотата Христова…Нашата сегашна радост, која ни се јавува малку и краткотрајно, ќе се појави во својата полнота и никој нема да ни ја одземе…”

Извор: Преспанско- пелагониска епархија
житија, Свети Серафим Саровски, Филм



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная