логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Jovan.otsekuvanje.jpg

Историјат на празникот

Култот кон св. Јован отсекогаш бил еден од најраширените во православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти, распространети ширум светот. Најпосетувани места се оние каде св. Претеча е роден, местото каде што тој ја извршувал својата служба и местото каде што била отсечена неговата света глава.

Споменот за св. Јован Крстител интензивно се празнувал уште од почетокот на IV век. Така, празникот Отсекување на неговата глава (29 август /11 септември) започнал да се слави многу рано, а сведоштво за тоа наоѓаме во двете беседи на празникот напишани од Бл. Августин. Нешто подоцна, во V век, беседи на овој празник напишале и Петар Хризолог, Хрисип презвитер Ерусалимски, Василиј Селевкиски, а потоа и св. Андреј Критски и св. Теодор Студит. Во црковните песни и стихири кои ги напишале св. Андреј Критски, св. Јован Дамаскин, како и св. Герман Патријарх Цариградски, Црквата го прославува св. Јован како проповедник на покајанието и Царството Божјо, како најславен пророк меѓу сите пророци, зашто се удостоил да Го крсти Проповеданиот Спасител, но и како, ангел, апостол и маченик.

Историските податоци ни зборуваат за тоа дека св. Јован Крстител особено многу се почитувал во Византиската империја. Постоела традиција секој 29 август/ 11 септември царскиот двор да оди во Студитскиот манастир посветен на св. Јован Претеча, за да ја целива неговата глава која се чувала тука. Така знаеме дека во X и XI век, оваа драгоцена реликвија, која била една од најславните реликвии во Цариград, се наоѓала во црквата на овој манастир. Во писмото што Алексиј Комнен му го испратил на Роберт Фландриски, таа е спомната веднаш после реликвиите Христови.

На празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител Црквата пропишува строг пост, односно воздржување од месо, млечни производи и риба, за, според зборовите на Типикот, „да не бидеме и ние соучесници во Иродовото чревоугодие“. Уставот ни кажува дека постот на овој празник е востановен веројатно истовремено со празникот, и дека тој е „завештание од древните свети отци“.

За таинствената порака која ја црпиме од личноста на св. Јован Крстител

Црквата во личноста на св. Јован Крстител ги гледа сите небесни доблести, сите доблести на сите Пророци, на сите Апостоли, сите Ангели небесни, сите Маченици, сите Исповедници. Зашто Претечата најпрв од сите беше испратен од Бога да Го објави доаѓањето на Спасителот во светот. Прв Го виде Светиот Дух како од небото слегува на Христа, при Неговото Крштение; тој е првиот Евангелист кој ја објави благата вест за приближувањето на Царството Небесно; првиот проповедник кој  на душите во адот им го проповедаше триумфалното Христово слегување во адските простори. Вистински земен ангел и небесен човек, за кого Самиот Господ рекол дека тој не е само пророк, туку и повеќе од пророк, ангел кој е испратен пред Него за да Му го подготви патот. Прв маченик и пример за сите идни маченици кој, како што се вели во тропарот, радосно пострада за вистината, знаејќи дека смртта е само капија што води кон вечноста. Првиот исповедник Божји, кој бестрашно го гледаше Ирод во очи, кажувајќи му дека заради гревот сите закони на небото и земјата се против него.
И ете, секогаш актуелната личност и проповед на најголемиот меѓу родените од жена продира длабоко во битието на секој човек и повикува на еден возвишен подвиг и мисија. Св. Јован, со својот громогласен повик оддекнува во пустината на современото привидно радосно живеење, повикувајќи го сиот човечки род, т.е сите нас, кон покајание, кон отворање на срцата за Бога, кон поголема близина со Него и со сите што нѐ опкружуваат. Секој е повикан на таква пророчка, маченичка, апостолска и ангелска служба. Така, современиот христијанин е човек како и сите други, но тој истовремено е и апостол кој Го прославува Бога на секое место, во секоја прилика и според своите дарови и можности. Апостолската дејност станува и негова дејност, која тој доброволно ја присвојува, зашто не може, а да не зборува за радоста која ја живее. Таа радост што го потресува неговото битие го поттикнува да излезе од себе самиот во служба на другите, во служба на вистината, и налик на св. Јован и на сите апостоли, да го освојува светот со добрата и радосна вест за Царството Божјо, за воскреснатиот Христос. Некои излегуваат на јавни места и отворено ја проповедаат Божествената спасителна наука, некои, пак, проповедаат со своето молчење кое зборува, некои предизвикуваат и потрес во современиот дух според кој се живее денес. Едните, сведочејќи ја вистината, ги приклонуваат главите под непријателскиот меч, другите, пак, се овенчуваат со мачеништво однатре, невидливо... Но, секогаш и во секој миг, христијанинот знае дека е повикан да живее ангелски живот: неговиот поглед, збор и делата негови се сведоци на Царството Божјо, кое веќе блеска во него. Тој ги пренесува на небото тежините, слабостите и гревовите човечки, а на земјата ја симнува насмевката на Отецот Небесен. И знае, дека не е доволно само да се проповеда за Христа, туку и да се работи на Неговата нива, од која како плод достоен за покајание ќе израсне љубовта кон Бога и пожртвуваноста за ближните.



Предание за празникот

После смртта на Ирод Четворовласникот, територијата на Палестина била поделена на 4 делови. Еден од тие делови му припаднал на Ирод Антипа, кој најпрвин се оженил со ќерката на арапскиот цар Арета. Со неа тој поминал не малку време во брак. Потоа, ранет од злобната убавина на Иродијада, која всушност била жена на неговиот брат Филип, ја протерал својата прва законска жена и започнал да живее со Иродијада во незаконска блудна врска. Се вели незаконска, зашто според законот Ирод можел да ја ожени само  доколку таа немала деца. Но, во овој случај тој не смеел да го направи тоа, бидејќи братот сѐ уште му бил жив, а Иродијада имала ќерка со него.

Св. Јован, ревнител на Законот Божји, укорител на гревот и проповедник на покајанието, не можел да го трпи ова беззаконие и постојано го разобличувал Ирод како прељубник и крадец. Од таа причина Ирод го ставил светиот во затвор. Неколкумина историчари велат дека Ирод го затворил св. Јован не од сопствената злоба кон него, туку поради злобата на Иродијада, која многу го мразела пророкот. Самото Свето Писмо ни го опишува настанот што се случил за време Иродовиот роденден, на кој присуствувале кнезови, војводи, старешини, тетрарси. Додека Саломија, ќерката Иродијадина, занесно танцувала развеселувајќи ги присутните гости, Ирод, опијанет и обезумен заради похотливата страст, пред сите ветил дека ќе ѝ даде сѐ што ќе посака, па дури и половина од царството. Во договор со својата мајка Иродијада, Саломија побарала да ѝ ја донесат главата на св. Јован Крстител. Ирод се замислил, бидејќи многу го почитувал св. Јован и постапувал според неговите зборови, се плашел од гневот Божји за убиството на пророкот, а исто така и од народниот гнев, зашто Претечата бил многу возљубен жител во Галилеја. Но како што вели св. Јован Златоуст „управителот им се потчинувал на задоволствата, бил роб на задоволствата“, и вистинскиот повод за ваквото негово дело бил стравот дека Иродијада ќе го напушти доколку не го исполни ветувањето. И тој постапил според заклетвата, заповедал да ја донесат главата на Крстителот која, според Преданието, дури и тогаш кога била отсечена не престанала да го разобличува гревот на управителот.
По извесно време, истата зла судбина ги снашла и тројцата злосторници: Саломија, додека поминувала преку замрзнатата река Сикорис, пропаднала во неа во мигот кога мразот се скршил под нејзините нозе. Едно големо парче мраз ѝ го притиснало вратот, така што ѝ ја отсекло главата, која била донесена пред Ирод и Иродијада. Нив, пак, двајцата земјата живи ги проголтала.

После отсекувањето на главата, учениците Јованови чесно го погребале неговото тело во Самарјанскиот град Севастија. Светата глава била пронајдена и погребана во земјен сад на Елеонската гора. Еден подвижник, копајќи дупка за да си изгради малечок храм, ја нашол светињата и ја задржал кај себе. Пред неговата смрт, плашејќи се од наездата на идолопоклонството во тие краишта, повторно ја сокрил во земја чесната глава, и тоа на истото место каде се подвизувал.

Во 452 год., самиот пророк покажал каде се наоѓа неговата глава. По повторното наоѓање таа била пренесена во Емес, и на крај во Цариград. Во спомен на тоа е востановен уште еден празник, нераскинливо поврзан со празникот „Отсекување на главата на св. Јован Крстител“, а тоа е споменот посветен на првото и второто пронаоѓање на неговата чесна глава, кој се извршува на 24 февруари/08 март. За време, пак, на иконоборството, главата била однесена во Комани и закопана во земја. После победата на иконопочитувањето св. Патријарх Игнатиј ја пронашол реликвијата и во спомен на тоа собитие се востановил и празникот „Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител“ 25 мај/07 јуни.

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная