логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



"Словото постана плот" ("Знамение")

(се празнува на 09/22 март)

Bogorodica.albazinska.jpgАлбазинската икона на Божјата Мајка "Словото постана плот" е голема светиња на руското Приамурие и веќе четири векови ги чува далекуисточните граници на Русија.
Чудотворната икона го добила името од тврдината Албазин (денес село Албазино) покрај Амур, која била утврдена во 1650 година од познатиот руски патешественик атаманот Ерофеј Хабаров на местото на "гратчето" на даурскиот кнез Албаз.
За првиот дел на името на светата икона служат зборовите од Евангелието од Јован: Словото постана плот (Јован 1:14).
По иконографскиот тип таа е најблиску до иконите "Знамение". Се разликува од "Знамение" само по поособеното претставување на фигурата на Младенецот, коешто го поцртува Неговото пребивавање во утробата на Мајката, кадешто Словото постана плот, се вочовечи во благодатната утроба на Приснодевата. Именно претставувањето на "бременост" на Албазинската икона довело до тоа, да сред православните христијанки се вкорени обичајот да се молат пред неа за идните мајки (исто како и пред Фјодоровската икона). Еднаш една млада жена предвремено почувствувала родилни болки. Нејзиниот сопруг коленичел пред копија на Албазинската икона и започнал да ја моли Пречистата да í го спаси животот на неговата жена и на нивното дете коешто го очекувале. За време на читањето на акатистот, жената успешно родила- "бидејќи Богородица дарува изобилни исцелителни дарови од непресушниот извор на светата Албазинска икона".
Историјата на Албазинската тврдина е следната. Во предвечерието на празникот Благовестие, 24 март (06 април по нашиот календар) 1652 година, покрај Амур се случил првиот вооружен судир помеѓу Руси и војски на кинескиот богдихан, коишто со помошта на Пресвета Богородица биле разбиени и одвратени во нивните земји. Оваа победа била добро наговестување. Но во јуни 1658 година албазинскиот одред- двеста и седумдесет Козаци на чело со Онуфриј Степанов- попаднал во заседа и во жестока битка бил целосно уништен од Кинезите. Непријателите го опжариле Албазин, ги опустошиле руските земји, го одвеле месното население во Кина. Плодородниот обработен крај одново започнал да се претвора во дива пустина. Именно за време на овие тешки години Пречистата покажала големо знамение на Својата милост кон бреговите на Амур. Во 1665 година, кога Русите се вратиле и го востановиле Албазин, заедно со другите духовници покрај Амур дошол и јеромонахот Ермоген од Киренскиот манастир "Света Троица" (покрај Иркутск) и донесол со себе си благослов за возродениот крај- чудотворната икона на Божјата Мајка "Словото постана плот", нарекувана оттогаш Албазинска. Во 1671 година блажениот старец основал во месноста Брусјаној Камен (на километар и половина од Албазин надолу по текот на Амур) мал манастир, кадешто чудотворната икона пребивавала во следните години.
На 10 јули 1685 година, после неколку неуспешни напади војските на богдиханот се приближиле до Албазин со 15-илјадна армија и ја заобиколиле тврдината, во која се наоѓале 450 руски војници со три оружја. Првиот напад бил одбиен. Тогаш Кинезите натрупале од сите страни до дрвените ѕидови на тврдината дрва и грмушки и ги потпалиле. Понатамошната одбрана била невозможна. Руската воена чета ги зела со себе си знамињата и светињите, посред коишто се наоѓала и чудотворната Албазинска икона и ја напуштила тврдината.
Но Божјата мајка не го изоставила преку Своето застапништво избраното од Неа место. Наскоро Кинезите неочекувано, и набрзо започнале да отстапуваат од Албазин, без да успеале дури да ја исполнат заповедта на богдиханот за уништување на посеаните руски ниви. Со чудесната Своја намеса Небесната Покровителка не само што ги прогонила непријателите од руските земји, но го зачувала и зрното, коешто стигнало на возобновената тврдина за неколку презимувања. На 20 август 1685 година Русите се вратиле во Албазин.
Поминала година и Кинезите одново поставиле опсада на селото. Започнала херојска петмесечна одбрана. Војските на богдиханот трипати- во јули, септември и октомври- тргнувале за да ги напаѓаат дрвените крепости. Огнени стрели и нажежени стрели летале како град кон ѕидовите на тврдината. И трите пати невидливиот покров на Пресвета Богородица ги зачувувал Албазинците од жестоките непријатели. Во декември 1686 година Кинезите ја признале својата немоќ и ја подигнале опсадата на Албазин. Но од 826-те заштитници на тврдината на крајот останале живи само 150 души. Овие сили биле недоволни за продолжување на војната. Во август 1690 година последните Козаци го напуштиле Албазин. Тие ги уништиле укрепувањата, а Албазинската икона на Божјата Мајка била пренесена во Сретенск, град покрај реката Шилка, притока на Амур.
Поминале векови. После 1850 година започнала масовна изградба на руски градови и села покрај Амур. Еден од овие новопоставени градови бил и Благовештенск.
На 9 мај 1858 година, во денот на Свети Никола летен, во Уст-Зејскиот казашки пост пристигнале Н.Н.Муравјов- Амурски и свети рамноапостолен архиепископ Инокентиј Камчатски. Тука биле положени основите на храм во чест на Благовештение на Божјата Мајка- првата зграда во новиот грда. По името на храмот и градот бил наречен Благовештенск- во спомен на првата победа над Кинезите на празникот Благовештение во 1652 година и во чест на храмот во Иркутск, во којшто светителот Инокентиј го започнал своето пастирско служење.
Во 1868 година Камчатскиот епископ Вениамин ја пренесол чудотворната Албазинска икона од Сретенск во Благовештенск, враќајќи му ја на Амурскиот крај неговата славна светиња.
Чудотворната икона секојдневно извршувала продолжителни патувања од Далечниот Исток "за благодатна молитвена утеха на православните заселници на Амурскиот крај".
Од 1855 година започнал нов период во почитувањето на Албазинската икона на Божјата Мајка. Тој бил поврзан со името на Камчатскиот епископ Гуриј, којшто откако иконата јавила нови чуда за време на епидемија од чума, установил таа да биде празнувана секојдневно на 9 март и секоја седмица да биде читан акатист со молебен.
Во летото на 1900 година за време на Боксерското востание во Кина на брегот на Амур неочекувано се појавиле кинески војски. Тие стоеле деветнаесет дена пред незаштитениот Благовештенск, го опсипале градот со артирелиски снарјади.Постанатиот плиток Амур го олеснувал неговото евентуално форсирање од страна на противникот. Но во храмот "Св. Благовештение" постојано течела служба, се читале акатисти пред чудотворната Албазинска икона.
Богородица, како во старите времиња на Албазинската опсада, не го изоставлила рускиот град и се застапила за него. Непријателот така не се решил да ја премине границата и си заминал од Благовештенск. По раскази на самите Кинези за време на тие денови тие често гледале како по бреговите на Амур врвела Светла Жена, Којашто им внушувала непреодолим страв.
Во 1924 година катедралниот храм во Благовештенск изгорел и православните ја пренеле спасената од огнот икона во параклисот "Св. Пророк Илија". Во 1938 година ја конфискувале светињата и ја одвеле во Амурскиот обласен краеведчески музеј.
Во 1991 година чудотворната икона била вратена на верничкиот народ и поставена на почесно место во новиот благовештенски катедрален храм на брегот на Амур.

Молитва

Богородице Дево, Пренепорочна Мајко на Христа, нашиот Бог, Застапнице на христијанскиот род! Стоејќи пред чудотворната Твоја икона, нашите отци Те молеа да го јавиш Твојот покров и застапништво кон крајамурските земји. Затоа и ние сега Те молиме: запази ги нашиот град и нашата земја од нашествие на другоплеменици и од внатрешни меѓуособни борби. Подари му мир на светот, изобилие од плодови на земјата, победа над нашите непријатели. Запази ги во светост и нашите пастири, коишто се трудат во светите храмови. Осени ги со Всевласниот покров Твоите градители и нивните благотвотители. Утврди ги нашите браќа во правоверие и едномислие. Вразуми ги заблудените и оние коишто отстапиле од Православната вера и присоедини ги кон Светата Црква на Твојот Син. Биди ни покров, утеха и пристаниште од секакви зла, беди и бедствија на сите нас, коишто прибегнуваме кон Твојата чудотворна икона. Затоа што Ти си исцелување на болните, утеха на оние кои тагуваат, исправување и вразумување на заблудените. Прими ја нашата молитва и ја издигни пред Престолот на Севишниот, та, пазени од Твоето покровителство и осенети од Твојот покров, да Го прославиме Отецот и Синот и Светиот Дух сега и секогаш и во вечните векови. Амин.

Подготви: Марија Влакеска

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная