Чудата на Пресвета Богородица (IX дел)
Многу чудеса ја следат историјата на овие свети мошти, како и побожноста на народот кон светата Богопрамајка Ана, но и призивањето на нејзиното име за разрешување на врските од бездетноста и за добивање на дете, и многу се децата кои го носат нејзиното име, или она на нејзиниот сопруг Јоаким,
Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши.
Животните често доаѓале во пештерата на светителот и стрпливо чекале да ја заврши молитвата. Старецот ќе излезел од пештерата, ги благословувал животните, а тие радосно почнувале да трчкаат, да ползат, да скокаат, да му ја лижат раката на светителот, да му се умилкуваат. Болните животни св. Власиј ги исцелувал полагајќи ја раката на нив.
Тогашната власт во 1926 година ги сокрила моштите на Светителот.
Тие се пронајдени во 1990 година, во подрумот на петроградскиот
Музеј за религија и атеизам, а во 1991 година биле пренесени во Дивеевскиот манастир.
Наскоро потоа се упокои овој Божји човек, без боледување и без да страда телесно. Тој плетел кошница и испратил од монасите по мене, да ме повикаат. И кога го исплете и последното гранче, тој ми рече: “Земи ја оваа кошничка од моиве раце, како спомен од мене, оти немам ништо друго да ти оставам”.
Името ПЕТАР или на Еврејски Кифа му го дал Господ Исус Христос, а во превод значи – КАМЕН.
Неговото родено име било Симон.
Апостол Патер бил многу чувствителен човек, пргав и избувлив и брз.
Се подвизувал токму на ова место, во горната капела, при овој манастир, кој го носи неговото свето име. Св. Еразмо бил носител на Светиот Дух. Наоружан со молитва, можел да го сочува своето срце чисто, да живее беспорочен живот, да го преумножува смирението и да ја ползува Божествената љубов.
Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и
Никогаш не му давал одмор на своето тело – речиси никогаш не спиел, а и кога спиел, секогаш лежел на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постел и бил многу слаб, поседувал голема виталност и енергија. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудел во подвигот на умно-срдечната молитва. Тишината и самотијата биле негови постојани сотрудници, затоа и често ги користел
Затoа Бoг му гo пoвратил здравјeтo и му дал бoгатствo мнoгу пoгoлeмo oткoлку штo имал прeтхoднo, и пак му сe рoдилe седум синoви и три ќeрки, кoлку штo имал и прeтхoднo. И Јoв пoживeал сè на сè 248 гoдини, славeјќи Гo и фалeјќи Гo Бoга. Јoв сe смeта за примeр на трпeливo пoднeсувањe на сeкoe страданиe штo Бoг ни гo испраќа на нас и праoбраз на страдалниoт Гoспoд Исус.
Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.
Црквата денес го празнува споменот на големиот чудотворец, светиот Василиј Острошки и Тврдошки. Љубовта и молитвената блискост на овој светител ја почувствувале многу луѓе, како од Македонија, така и од повеќето земји од Балканот, но и светот. Во прилог пренесуваме две чуда кои се случиле по молитвеното застапништво на св. Василиј Острошки.
Во времето на пресветиот александриски патријарх Јован Милостивиот во Александрија дојде еден монах по име Виталиј, од манастирот на преподобниот Серид. Во својата шеесетта година, тој за себе одбра такво житие, што на луѓето кои судат по надворешноста, неговото житие им изгледаше лошо и развратно, а на Бог, Кој ги гледа и испитува срцата - богоугодно и благопријатно. Неговото житие беше вакво:
Во IX век, во времето на императорот Теофил (829-842), кој бил обземен со иконоборчка ерес,
се одвивало жестоко гонење против светите икони. Православните почитувачи на светињата биле изложувани на измачувања,
а иконите биле исфрлани од храмовите и спалувани.
Во сите градови и села биле испратени службеници со строга наредба да ги бараат иконите и да ги спалуваат.
Откако беше продаден и предаден за триесет сребре-ника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?" (Матеј 26, 68).
Ја избра арената на неговите пустински подвизи на оддалеченост од осум километри од соборниот манастирски храм, во местото наречено Тола, и таму проживеа цели четириесет години, без мрзливост и нетрудољубивост, секогаш разгорен од горешта љубов (еротас) и од пламенот на божествената љубов (агапи). Но, кој е способен да ги опише и да ги пофали со зборови усилијата кои ги вложи во ова место преподобниот?
Авва Зосим појде и на она место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се преставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“.
Не можам само да разберам како земјата тогаш ме носеше, и како за време на пловењето морето не ме голтна мене, којашто ги вовлеков во смртниот грев толкуте луѓе! И мислам дека Бог го чекаше моето покајание. Го чекаше со долготрпение, како татко кој љуби не сакајќи ја смртта на грешникот.Конечно, стигнавме во Ерусалим. Останаа неколку дена до празникот.