логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

zitie.slika.jpg

 

            На Исток постои една многу пространа земја, наречена Индија, населена со многу народи, полна со богатства и плодови од секаков вид, а со своите граници се приближува до Персија. Таа земја некогаш беше просветена од светиот апостол Тома, но не го остави потполно служењето на идолите, бидејќи многумина, закоравени во незнабоштвото, не го примија спасоносното учење и се држеа до демонската заблуда. Со текот на времето незнабоштвото порасна како трње и почна да го задушува доброто семе на светата вера, па во Индија има неспоредливо повеќе незнабошци отколку верни.

Проповедањето на апостол Тома за Христос и Неговото слово во земјата Индија

           Во таа земја на престол стапи еден цар, по име Авенир, голем и славен со силата и богатството, но многу сакат со духот, бидејќи беше незнабожец и им служеше на демоните, а не на Бога, поклонувајќи се на бездушните идоли и жестоко гонејќи ја Црквата Христова, особено црковните учители, презвитери и монаси. Некои од неговите дворјани поверуваа во Христа и, увидувајќи ја суетата на овој свет, оставија сè и станаа монаси. Поради тоа царот страшно се разгневи, ги фати монасите, ги уби и нареди насекаде христијаните да се принудуваат на поклонување на идолите. И по сите земји кои му беа потчинети тој испрати писмени наредби до кнезовите и благородниците: со мачења и разновидни убиства да ги уништуваат сите кои веруваат во Христа и не сакаат да им се поклонат на идолите. Поради тоа многумина од верните се поколебаа: некои, бидејќи не беа во состојба да ги поднесат мачењата, отпаднаа од верата; а другите сами се предаваа на мачење и, цврсто страдајќи за својот Господ, ги положуваа душите свои за Него.

Царот ги измачува христијаните

 Меѓутоа повеќето, криејќи ја својата вера поради опасноста, тајно Му служеа на Господа, држејќи ги Неговите свети заповеди; другите пак, особено монасите, бегаа во пустина и, криејќи се по горите и непристапните места, живееја за Бога.
Во тоа време на царот му се роди син и му дадоа име Јоасаф. Детето беше необично убаво и таа необична убавина како да ја предвестуваше неговата голема идна душевна убавина.

Раѓањето на Јоасаф

Царот, собирајќи мноштво бајачи (маѓепсници) и ѕвездочатци (астролози), ги распрашуваше што го очекува детето кога ќе порасне. А тие, по многу разгледувања, му рекоа дека ќе биде поголем од сите цареви што биле пред него. Еден, пак, од тие ѕвездочатци, најмудриот меѓу нив, не според движењето на ѕвездите, туку, како некогаш Валаам (4Мој. 22, 5-24-25), по божествено откровение, му рече на царот:
„Детето не ќе порасне во твоето царство, туку во друго, подобро и неспоредливо поголемо. Исто така, мислам дека ќе ја прими христијанската вера која ти ја гониш; и се надевам дека ова мое пророштво не ќе излезе лажно“.

sv.Varlaam.i.Joasaf.Indiski2
        Кога слушна дека неговиот син ќе биде христијанин, царот многу се нажали и размислуваше што да направи таквото пророштво Прославата за раѓањето на Јоасаф да не се исполни. И го смисли ова: изгради посебна прекрасна палата со многу светли простории – таму да биде одгледан Јоасаф. А кога Јоасаф порасна и со тело и со разум, татко му му одреди воспитувачи и слуги, млади по години и убави по надворешност; и им нареди да не дозволуваат никому отстрана да доаѓа кај царскиот син и никого да не гледа освен нив. Покрај тоа, царот им заповеди ништо жално и тажно од овој живот да не му зборуваат на царскиот син: ни за смртта, ни за староста, ни за болеста, ни за други слични неволји што би можеле да ја нарушат неговата радост; туку напротив, да му зборуваат само за она што е убаво и весело, та неговиот ум, постојано зафатен со наслади и задоволства, да не може да размислува за иднината. Царот нареди и никој да не се осмели на царскиот син да му каже ни збор за Христа и никогаш името Христово пред него да не се спомне. Бидејќи, повеќе од сè, царот сакаше од својот син да го сокрие ова име, плашејќи се да не се исполни пророштвото на ѕвездочатецот. А кога се случуваше некои од оние кои му служеа на царскиот син да се разболи, царот наредуваше таквиот веднаш да се отстрани од очите на царскиот син и наместо него да се одреди друг млад и убав, за очите на царскиот син да не гледаат ништо тажно.

Кога царот дозна дека во неговата земја има уште неколку монаси што останале живи – а тој сметаше дека монаси воопшто нема – страшно се разгневи и веднаш, по сите краишта и градови, испрати гласници да ја објават неговата наредба: во рок од три дена во неговото царство да не остане ниеден монах. Се најде ли после тој рок некое монашко лице, да биде во оган изгорено или со меч исечено. Бидејќи тие, велеше царот, ги учат луѓето Распнатиот да го почитуваат како Бог.

И така, царскиот син, безизлезно престојувајќи во палатата изградена за него, ја достигна момчешката возраст, ја изучи целата индијска и египетска мудрост и беше многу паметен и разумен и украсен со секое добро. Но тој често размислуваше за тоа зошто татко му го држи во безизлезен затвор и праша еден свој воспитувач за тоа. Овој, гледајќи дека момчето е многу паметно и многу добро, подробно му раскажа сè што ѕвездочатците прорекле за него кога се родил и како татко му подигнал гонење против христијаните, особено против монасите, од кои многумина убил, а останатите ги протерал од својата земја, бидејќи се плаши, велеше воспитувачот, да не станеш христијанин. Кога го слушна тоа, царскиот син замолчи и во себе размислуваше за сè што му кажа воспитувачот.

 

Царот често го посетуваше синот, бидејќи многу го љубеше. Еден ден Јоасаф му кажа на татка си: „Татко мој, би сакал од тебе да дознаам нешто за она поради кое постојано сум тажен и нажален“. Татко му, болно трогнат од овие зборови, му одговори: „Кажи ми, чедо премило, каква жалост те измачува и јас ќе се потрудам брзо во радост да ја претворам“. Тогаш Јоасаф го запраша татка си: „Зошто си ме затворил овде и ме чуваш меѓу ѕидовите и вратите и никој не може да ме види?“ Татко му му одговори: „Не сакам, чедо, да видиш нешто што ќе ти го нажали срцето и ќе ти ја одземе радоста, бидејќи сакам цел свој век да го поминеш во непрекинати задоволства и во секаква радост и веселба“. На тоа синот му рече на татка си: „Знај добро, татко, овој затвор не ми причинува радост и веселба, туку ми создава таква тага и жалост, што и самата храна и питие не ми се слатки, туку горчливи. Сакам да видам сè што има зад оваа врата. Затоа, ако сакаш да не умрам од тага, дозволи ми да излезам каде сакам и душата своја да ја насладам, гледајќи го она што досега не сум го видел“.

Разговорот за тагата на царскиот син


Кога царот го слушна тоа, се нажали и си помисли: ако му забрани на синот да излегува, ќе го фрли во уште поголема тага и жалост. Затоа му рече: „Нека биде, чедо мое, според желбата твоја“. – И царот веднаш нареди да се доведат одбрани коњи и подготви сè што прилега на царското достоинство и оттогаш не му бранеше на синот да излегува каде сака. Притоа, царот им нареди на придружниците на царскиот син да не дозволат тој да сретне нешто грдо или тажно, туку да му го покажуваат само она што е добро и убаво, што ги весели очите и срцето. И уште царот нареди секаде патем да се приредуваат игри и пеење, пред царскиот син да оди музика од секаков вид и да се даваат разни театарски претстави, та со сето тоа да се насладува неговиот дух.Често излегувајќи со такви почести и радости, еден ден царскиот син, бидејќи неговите придружници нешто се беа занеле, виде два човека, од кои едниот беше губав, а другиот слеп. И ги праша своите придружници: „Кои се овие? И зошто се такви?“ А придружниците, не можејќи да ја скријат немоќта човечка, му рекоа: „Тоа се страдања човечки, кои обично на луѓето им доаѓаат од распадливата природа и од лошото устројство на нашето тело“. Царскиот син ги праша: „Се случува ли тоа со сите луѓе?“ Тие одговорија: „Не со сите, но со оние чие здравје ќе се наруши од злоупотреба на земните добра“. Тогаш, царскиот син праша: „Ако тоа обично не се случува со сите луѓе, туку само со некои, тогаш знаат ли тие кои од нив ќе ги снајдат тие зла или тие доаѓаат Јоасаф ги среќава губавите старци одненадеж и неочекувано?“ Придружниците му одговорија: „Кој од луѓето може да ја знае иднината?“ Царскиот син престана да прашува, но го здоболе срцето поради необичноста на она што го виде и се промени во лицето.

Неколку дена потоа, повторно шетајќи, тој сретна опаднат старец, со избрчкано лице, со раслабени нозе, подгрбавен, потполно белокос,без заби и кој одвај зборуваше. Кога го виде, царскиот син се ужасна и, наредувајќи да му го доведат старецот, ги праша: „Кој е овој и зошто е таков?“ Придружниците му одговорија: „Овој човек има многу години и бидејќи силите постепено му премалеле и членовите му ослабеле, тој и ја достигнал ваквата старост и изнемоштеност каква што ја гледаш“. Младиот царски син праша: „А што ќе биде со него понатаму, кога ќе поживее уште многу години?“ Тие му одговорија: „Ништо, само смртта ќе го земе“. Царскиот син праша:
„Им претстои ли тоа на сите луѓе или тоа им се случува само на некои од нив?“ Тие му одговорија: „Ако смртта не го снајде човекот во младоста, тогаш, после многу години, можно му е да достигне ваква старост.“ Царскиот син праша: „А во кои години тоа го постигнува човекот? И ако смртта им претстои на сите без исклучок, тогаш нема ли некакво средство да се избегне смртта и да не се западне во ваква неволја?“ Му одговорија: „Во осумдесеттата или во стотата година луѓето доаѓаат во ваква старост и потоа умираат; и поинаку не може да биде: бидејќи смртта е природен човеков долг и настапувањето на смртта е неизбежно“. На сè тоа што го виде и слушна, ова паметно момче воздивна од длабочината на срцето и рече: „Ако е тоа така, тогаш овој живот е горчлив и полн со секакви маки. И како човекот може да не биде тажен кога постојано се наоѓа во очекување на смртта, чие доаѓање е не само неизбежно, туку и неизвесно, како што рековте? “И отиде царскиот син во својот дворец и беше во голема тага, непрекинато размислувајќи за смртта и велејќи си сам себеси: „Ако сите умираат, тогаш и јас ќе умрам; па уште и не знам кога ќе умрам.А кога ќе умрам, кој ќе се сети на мене? Ќе помине многу време и сè ќе падне во заборав... Не постои ли некој друг живот после смртта и друг свет?“ И тој беше многу збунет од тие мисли; но не му ги кажа на татка си, туку само многу го распрашуваше својот гореспоменат воспитувач, знае ли тој некој кој би можел да му го објасни сето тоа и да го утврди неговиот ум што е исцрпен од размислувања.Воспитувачот му рече: „Порано ти кажав дека татко ти од оние мудрипустиножители, кои секогаш размислуваат за таквите работи, едни уби, а други во гневот свој ги изгони и сега не знам никој од нив во нашиот крај“.

              Поради тоа младиот царски син го обзеде силна тага, душатаму се исполни со болка и го поминуваше животот во непрекината мака. Од таа причина сите наслади и убавини на овој свет во неговите очи беа нечистота и гадост. Но Бог, кој сака сите да се спасат и да дојдат во познание на вистината, според Своето вообичаено човекољубие и милост, го упати ова момче на вистинскиот пат; итоа вака: Во тоа време, еден мудар и по добродетел совршен монах, по име Варлаам, по чин свештеник, живееше во Сенаридската пустина. По божествено откровение тој дозна сè за синот на царот, Јоасаф; и раководен од тоа откровение, тој излезе од пустината, ја смени облеката, се направи трговец, се качи на брод и тргна конИндијското царство. Кога стигна во градот во кој се наоѓаше дворецот на царскиот син, помина таму многу денови собирајќи податоци за него и за неговите луѓе. И дознавајќи дека гореспоменатиот воспитувач му е поблизок на царскиот син од сите останати, тој се упати кај него и му рече: „Мој господине, знај дека сум трговец; допатував од далечна земја; кај себе имам скапоцен камен каков не ќе се најде никогаш и никаде и кој никој досега не го видел; а сега ти кажувам тебе за него, бидејќи гледам дека си човек умен и разумен; затоа те молам, одведи ме кај царскиот син и јас ќе му го дадам тој камен, чија вредност никој не може да ја пресмета, бидејќи неспоредливо ги надминува сите прекрасни и најскапоцени работи: Господ му открива на старецот Варлаам за Јоасаф тој на слепите им дава вид, на глувите слух, на немите јазик, на болните здравје, ги изгонува ѓаволите од луѓето, во сè ги вразумува безумните и на оној кој ќе го стекне му дарува сè добро и посакувано“.Воспитувачот му рече: „Гледам дека си стар, меѓутоа твоите зборови покажуваат дека безмерно се фалиш: бидејќи иако сум видел многу скапоцени камења и сум ги поседувал, камен што има таква сила за која ти зборуваш не сум видел, ниту за такво нешто сум слушнал. Всушност, покажи ми го и, ако е така како што велиш, набрзо ќе те одведам кај царскиот син и тој ќе те удостои со почест и ќе добиеш награда“. Варлаам на тоа рече: „Добро кажа дека не си видел ниту си слушнал за таков камен, сепак, верувај ми на зборовите дека го имам; не се фалам ниту лажам во староста своја, туку зборувам вистина. Ти побара да го видиш тој камен; затоа слушни што ќе ти кажам: мојот скапоцен камен покрај споменатото дејство и чудотворство го има уште и својството да не може да го види оној што нема здрави очи и потполно чисто целомудрено тело; ако некој осквернет го здогледа тој камен, веднаш ќе ги загуби и видот и умот. А јас, познавајќи ја лекарската наука, гледам дека очите ти се нездрави, па поради тоа се плашам да ти го покажам мојот камен, да не бидам виновен за твоето ослепување. Меѓутоа, за царскиот син сум слушнал дека води целомудрен живот и има очи здрави и чисти, па затоа и сакам да му го покажам ова мое богатство. А ти небиди небрежен, за да не го лишиш својот господар од толку важна трговија“. Воспитувачот му одговори: „Кога е така, тогаш не ми го покажувај каменот мене, бидејќи сум се осквернил со многу нечистотии и, како што рече, имам нездрав вид; а на твоите зборови им верувам и не ќе бидам мрзелив за тоа да го известам мојот господар“.

sv.Varlaam.i.Joasaf.Indiski3

         И заминувајќи во дворецот, воспитувачот му раскажа на царскиот син сè по ред. А тој, сослушувајќи го воспитувачот, во срцето почувствува некаква радост и духовна веселба и му нареди веднаш да го доведе тој трговец. Варлаам влезе кај царскиот син, му се поклони и го поздрави со мудри и пријатни зборови. Царскиот син му наложи да седне. А кога воспитувачот се оддалечи, Јоасаф му рече на старецот: „Покажи ми ја скапоценоста на каменот, за кој му кажуваше на мојот воспитувач толку големи и прекрасни работи“. А Варлаам почна да му зборува вака: „Сè што ти е речено за мене, царски сине, вистинито е и не подлежи на никаков сомнеж, бидејќи не ми доликува пред твоето величество да зборувам нешто лажно. Но пред да ги запознаам твоите мисли, не можам да ти ги откријам големите тајни, бидејќи мојот Владика рече: ‘Ете, излезе сејач да сее; и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа. Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, оти земјата не беше длабока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како немаа корен, се исушија. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едни сто, други шеесет, а други триесет’ (Мат. 13, 5-8). Значи, ако најдам во твоето срце плодоносна и добра земја, не ќе бидам мрзелив во тебе да го посејам божественото семе и да ти откријам голема тајна. Ако пак, таа земја биде каменита и полна со трње или крајпатна, газена од минувачите, тогаш подобро е во неа да не го ставам спасоносното семе и да не го давам на птиците и ѕверовите да го разграбаат, пред кои да го фрлам бисерот ми е строго забрането. Но се надевам дека во тебе ќе најдам најдобра земја за да го примиш семето на Словото и да го видиш сескапоцениот бисер и да се просветиш со зраците на светлината и да донесеш стократен род; бидејќи, заради тебе на себе зедов голем труд и поминав долг ... излезе сејач да сее семе...пат, за да ти го покажам она што не си го видел и за да те научам на она што никогаш не си го слушнал“. Јоасаф му одговори: „Јас, почитуван старче, целиот сум обземен од неискажлива желба да слушнам нови и добри зборови, и внатре во моето срце гори оган кој ме разгорува за познание на некои важни и неопходни работи и до ден денешен не најдов човек кој може да ми го разјасни она што го мачи мојот ум и да ме упати на вистинскиот пат. А кога би нашол таков човек, тогаш неговите зборови не би ги издал на птиците и ѕверовите, ниту би се покажал како камен и полн трње, како што рече ти, туку со благодарност би ги примил и сочувал во срцето свое. Ти, пак, ако знаеш нешто такво, не сокривај го од мене туку кажи ми го, бидејќи штом слушнав дека си дошол од далечна земја, веднаш се израдува мојата душа и почнав да се надевам дека со твоја помош ќе го добијам она што го сакам:поради тоа веднаш и те пуштив кај себе и со радост те примив како некој од своите познајници или врсници“. огаш Варлаам, отварајќи ја својата уста полна со благодат а Светиот Дух, почна да му зборува за Единиот Бог кој создал сè и а сè што се случило од почетокот на светот: за престапот на Адам и а изгонувањето од рајот, за праотците и пророците; потоа за воплотувањето на Синот Божји од Пречистата Дева, за Неговото оброволно страдање и за воскресението; за Света Троица, за крштевањето и за сите тајни на светата вера: бидејќи Варлаам беше многу мудар и искусен во Светото Писмо.

Изложувајќи го учењето во приказни и споредби, украсувајќи го своето слово со прекрасни раскази и изреки, тој како восок го омекна срцето на царскиот син кој сè повнимателно и порадосно го слушаше. Најпосле царскиот син позна дека тој сескапоцен камен е Христос Господ, бидејќи во неговата душа засветли светлина и ги отвори очите на неговиот ум, па тој поверува без никаков сомнеж на сè што Варлам му кажуваше. И станувајќи од својот престол му пријде на овој премудар старец, радосно го прегрна и му рече: „О, најскапоцен меѓу луѓето! Мислам дека тоа и е најскапоцениот камен кого во тајност го имаш и не го Прегратката на Јоасаф и старецот Варлаам покажуваш на секој што го сака туку само на достојните, во кои душевните чувства се здрави: бидејќи штом мојот слух ги прими зборовите твои, преслатка светлина влезе во моето срце и веднаш исчезна тешкото покривало на тагата која долго време лежеше врз мојот ум. Затоа кажи ми, правилно ли расудувам за ова; а ако знаеш уште нешто подобро, кажи ми го“. Тогаш Варлаам, продолжувајќи го своето слово, му зборуваше за добрата и зла смрт, за сеопштото воскресение, за вечниот живот, за наградата на праведните и за маката на грешниците. И со тие свои зборови во него предизвика големо умиление и скрушеност на срцето, така што тој целиот беше во солзи и долго плачеше. Покрај тоа, Варлаам му зборуваше за суетата и непостојаноста на овој свет и за одрекувањето од него и за монашкиот и пустиножителскиотживот.

(Продолжува)

Подготви: отец Игор Калпаковски

Илустрација: Сарита Коневска

Извор: Православен пат

 Житие на преподобните отци наши Варлаам и Јоасаф Индиски (2)

Житие на преподобните отци наши Варлаам и Јоасаф Индиски (3)

 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная