HRISTOS.BOG.proskomidija

„ТЕБЕ ПОЈЕМ“!


Кога за време на Литургија се пее:
„Тебе појем,
Тебе благословим,
Тебе благодарим, Господи,
и молим Ти сја Боже наш...“,
Во тоа време на престолот во олтарот се случува претворањето на Даровите: лебот-просфората преку Светиот Дух се претвора во Телото Христово, а виното-во Крвта Христова.


Оваа Тајна може да се разбере само со вера.
Во тоа време и ние, драги мои, треба да се молиме за нашиот препород, за нашите роднини и блиски луѓе.
Сите ние сме грешни, нечесни и мрзеливи, затоа треба да Му пристапуваме на Господа со молитвата:
„Господи, помогни ни да се исправиме, обнови нѐ!
Направи да престанеме да бидеме нечесни и да станеме честити: од немарни, направи да бидеме усрдни во извршувањето на Твоите заповеди!“


Старец Сава Псково-Печерски

 

фб          Животот е борба