„Кога Бог ви даде ваше чедо, вие не го сакавте и го убивте!..."
Старец Јероним Егински (+03.10.1966)
Еден возрасен брачен пар дојде на посета кај старецот. Немаа нивни деца, па имаа посвоено едно девојче, која веќе беше голема девојка, но имаше многулош карактер и голема суровост, па нејзините родители кои ја беа посвоиле буквално се измачуваа со неа.
Во сета нивна безнадежност, кога слушнаа за старецот, поитаа кај него.
Кога огорчените родители му ја објаснија својата болка, старецот им одговори, укорувајќи ги:
- Малку е тоа што ви го прави! Требаше главите да ви ги скрши!
Го ислушаа со изненадување, без да сфататзошто и како тоа еден светчовекда зборува така. По неколку минути молчење, старецот продолжи:
- Кога Бог ви даде ваше чедо, не го сакавте и го убивте! Е па сега, како сакате да се однесува кон вас туѓото? Не е виновно девојчето, туку самиот ваш грев ве измачува.
По ова откровение, мажот и жената почнаа да плачат и скрушено му исповедаа на старецот сè што навистина се беше случило.
Со вообичаениот отечки балсам и неговото свето расудување и љубов ги угеши, потоа ги посоветува и им вети:
- Сега ќе се помолиме на Бога, да ви се смилува и да го промени вашето чедо...
Си заминаа олеснети, радосни. Стигнаа дома многу доцна, чекаа, како и обично, да се соочат со суровост, викање, лошотилак итн., од страна на нивната ќерка.
Но за чудо, видоа како една променета личност, со добрина и кротост ги пречекува. Не им се веруваше.
По малку време, таа им објасни:
- Цело попладне, кога останав дома сама, си размислував: Што добиваме од ваквиот однос и зошто ние тројца да не живееме со љубов и среќа? Ќе се обидам малку да се променам и сите ќе бидеме подобро.
Родителите многу се разжалостија, кога изненадени ја видоа оваа промена, зашто невозможно беше веднаш во тој момент да поитаат пак кај старецот за да муја изразат нивната радост и благодарност...
Но истовремено сфатија дека покајанието, скрушеноста, исповедта и молитвата на старецот беа доволни за да го оттргнат гревот и да ја „утврдат во срцето" на нивната посвоена ќерка промената и љубовта.
Го прославија Бога и му заблагодарија на старецот.
Превод од новогрчки јазик: Јани Мулев