BOGORODICA.Total2

       За мислите да станат чисти, а фантазиите – негревовни, – неопходно е тие да се обрежат со стравот Божји, и да не го оставаме гревот во себе, за тој да не нé зароби, зашто така ќе Го огорчиме Светиот Дух.
        Тоа е како да ги отсекуваме, сушиме со Божјите зборови – „вените” низ кои доаѓа силата на сатаната и нè тера на грев. И тогаш ќе престанат движењата и поттикнувањата од ѓаволот и од страстите, кои го прават човекот грешен и нечист во очите на Бога. Затоа кога ние имаме внимание со страв Божји, и со будност за секоја мисла, за секоја претстава, која доаѓа, и ги проверуваме со стравот Божји и со Божјиот закон, – тогаш не дозволуваме во нас да влезе нешто лошо, некој лош производ, таа смрдеа на ѓаволот. Нема да допуштам тоа да влезе во мене, го запирам уште надвор.

Тоа е – како некој од улица да чука на мојата врата, чука за да влезе внатре.


Св .Ефрем Филотејски

 

 

фбПравославие.Мк †