„Радост на сите тажни“
Вака се нарекува една чудотворна икона на Пресвета Богородица.
Се празнува по повод чудесното исцеление на Ефимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да и се моли со плач на Пресвета Богородица.
И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на мојот Син; таму е иконата „Радост на сите тажни“. Свештеникот нека се помоли пред таа икона и ќе оздравиш.“ Ефимија направи така и веднаш стана наполно здрава.
Избор од фб профил на Emilija Aladzajkova
Друго:
- Од Православен молитвеник- Молитви кога сме тажни (5)
- Молитвата на праведниот Јов
- Св. Игнатиј Брјанчанинов- УТЕШНО СЛОВО КОН ТАЖНИТЕ МОНАСИ
- Свети Јован Шангајски: Православно почитување на Мајката Божја
- Барајте Го Бога што и да се случува
- Преподобен Никита Ститат - Испраќањето на искушенијата е соодветно според болеста на страстите...
Август 2023 лето Господово