логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Православната Црква за Мајката Божја го учи она што Светото Предание и Светото Писмо го пренесуваат за Неа, и секојдневно ја прославува во своите храмови барајќи Нејзина помош и заштита. Знаејќи дека Нејзе ѝ се пријатни оние молитви кои одговараат на Нејзината вистинска слава, светите Отци и песнописците ја молеле Неа и Нејзиниот Син да ги научат како да ја опејуваат: „Огради го мојот ум, о Христе мој, зашто се осудувам да пеам пофални песни на Твојата Пречиста Мајка“ (икос на Успение). „Црквата учи дека Христос навистина е роден од Приснодева Марија“ (Св. Епифаниј, „Слово за вистинската вера“). „Неопходно е да исповедаме дека секогаш Дева е навистина Богородица, за да не се падне во хула. Зашто оние кои порекнуваат дека Пресвета Дева е навистина Богородица, не се веќе верни, туку ученици на фарисеите и садукеите“ (св. Ефрем Сирин, „Јован Монах“).

Од преданието е познато дека била ќерка на временските Јоаким и Ана, дека Јоаким е од родот на царската лоза Давидова, а Ана од свештеничка лоза. Без оглед на така возвишениот род, биле сиромашни. Всушност, тоа не ги жалостело овие праведници, туку тоа што немале деца и не можеле да се надеваат дека нивното потомство ќе го види Месијата. И, ете, кога еднаш, презрени од Евреите двајцата во тага вознесувале молитви кон Бога – Јоаким откако се повлекол на брдото, кога свештеникот не ја прифатил неговата жртва во храмот, а Ана во својата градина ја оплакувала својата бездетност – тогаш им се јавил ангел кој им соопштил дека ќе добијат ќерка. Израдувани, ветиле дека своето чедо ќе го посветат на Бога. После девет месеци им се родила ќерка, и ѝ дале име Марија, а таа од најрано детство покажувала најубави особини на душата. Кога наполнила три години, нејзините родители, исполнувајќи го ветувањето, свечено ја одвеле во Ерусалимскиот храм малата Марија; Таа самата се искачила на високите скали, а по Божјо откровение била воведена во Светињата на Светиите од Првосвештеникот кој ја дочекал, воведувајќи ја со Неа и благодатта која на Неа почивала во храмот, кој дотогаш бил без благодат[1] (Тоа бил повторно соѕидан храм во кој славата Божја не слегла како на Скинијата или Соломоновиот храм). Таа се сместила во делот за девојки кој постоел во храмот, но поминувала многу време на молитва во Светињата на Светиите, што може да се каже дека во него и живеела. (Воведение, 2. стихира на „Господи возвах“ и „слава и ниње“…). Бидејќи украсена со своите добродетели, Таа покажува пример за необично чист живот. На сите им била покорна и послушна, никого не го ожалостувала, не кажувајќи никому ништо грубо, љубезна со сите, не допуштајќи ниту една нечиста мисла (св. Амвросиј Милански „За приснодевственоста на Дева Марија“).

Покрај праведниот и непорочен живот кој го живеела Мајката Божја, гревот и смртта го пројавувале своето присуство во Неа. Тие не можеле да не се пројават: тоа е точно и правоверно учење на Православната Црква во врска со Мајката Божја за првородниот грев и смртта“. (Еп. Игнатиј Брјанчанинов, „Објаснување на учењето на Православната Црква за Мајката Божја“).

„Туѓа на секој пад во грев“ (св. Амвросиј Милански толк. 118. пс.), „Таа не била слободна од искушувањата на гревот“. „Единствено само Бог е без грев“ (св. Амвросиј, исто), додека човекот секогаш во себе ќе го има она што сепак треба да се исправи и усоврши за да биде исполнета заповедта Божја: „Бидете свети како што сум Свет, Господ Бог ваш“ (Лев. 19,2). Колку е некој почист и посовршен повеќе ја согледува својата несовршеност и се смета себе за понедостоен.


Дева Марија предавајќи се потполно на Бога, дури иако го одбивала од себе секој напад на грев, повеќе од другите ја чувствувала слабоста на човечката природа и ревносно копнеела по доаѓањето на Спасителот. Во своето смирение се сметала себе за недостојна да биде и слугинка на Онаа која ќе го роди Него. За ништо да не ја одвои од молитвите и вниманието на Себе, Марија дала завет на безбрачност за да Му служи само Нему целиот живот. Како свршеница на старецот Јосиф, кога Нејзините години повеќе не дозволувале да остане во Храмот, Таа се сместила во неговата куќа во Назарет. Тука, Дева се удостоила со посета на архангел Гаврил, кој ѝ благовестил дека ќе го роди Синот на Севишниот. „Радувај се благодатна, Господ е со тебе, Благословена си Ти меѓу жените… Духот Свет ќе слезе на Тебе и Силата на Севишниот ќе те осени. Затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (Лука 1,28-35).

„Марија ја примила ангелската благовест смирено и покорно. Тогаш, Словото, на начин само Нему познат, слегол и како што Сам сакал, дошол и се населил во Неа“ (св. Ефрем Сирин, „Пофалба на Мајката Божја“). „Како што молњата осветлува сè што е скриено, така и Христос, очистува сè што е скриено во природните работи. Он ја очистил Дева, а потоа се родил, така што, покажал дека е Христос, пројавувајќи чистота во целата своја моќ. Он ја очистил Дева, подготвувајќи ја за Светиот Дух, а потоа утробата, станувајќи чиста, го зачнува Него. Он ја очистил Дева во Нејзината непорочност, и поради тоа и по раѓањето останува Дева. Не зборувам дека Таа станала бесмртна, туку дека била просветена со благодадта, не се вознемирувала со погешни желби“ (св. Ефрем Сирин, „Слово против еретиците“; 41). „Светлоста се вселила во Неа, го очистила Нејзиниот ум, ги очистила Нејзините мисли, ги направила мудри Нејзините барања, го осветила Нејзиното девство“ (св. Ефрем, „Марија и Ева“). Оној кој е чист по човечко сфаќање ја направил благодадтно чиста (еп. Игнатиј Брјанчанинов, „Изложување на учењето на Православната Црква за Мајката Божја“).

Марија никому не кажала за јавувањето на Ангелот, туку Ангелот сам му открил на Јосиф за зачнувањето на Марија од Светиот Дух (Матеј 1,18-25), а после раѓањето Христово на пастирите. Пастирите, дошле да се поклонат на Новородениот, и кажале што слушнале од него. Претходно тивко трпејќи го Јосифовото сомневање, Марија сега тивко слушала и во „срцето свое“ ги чувала зборовите за големината на Својот Син (Лука 2, 8-19). Четириесетиот ден ја слушнала Симеоновата молитва на пофалба и пророштвото дека нож ќе ѝ ја рани душата. Подоцна видела како Он расте во мудроста; Го слушала како со дванаесет години поучува во храмот и се „сложувала во срцето свое“ (Лука 21-52). Иако преполна со благодат, Таа целосно не разбрала во што се состои службата и големината на Нејзиниот Син. Еврејските сфаќања за Месијата ѝ биле блиски, а природните чувства ја воделе да се грижи за Него, да Го чува од напади и опасности. Заради тоа го вознесувала Својот Син, во почетокот, неволно, што го предизвикало Неговото укажување на првенството на духовното над телесното сродство (Матеј 12, 45-49). „Он се грижел исто така за Нејзината чест, но многу повеќе за спасението на Нејзината душа, и доброто на луѓето заради кои се облекол во тело (св. Јован Златоуст, Толкување на Јовановото Евангелие, Ом. 21). Марија го разбрала тоа и „слушајќи го зборот Божји, го пазела“ (Лука 11- 27,28). Како никој друг, Таа ги усвоила чувствата кои се во Христа (Фил. 2,5), без негодување поднесувајќи тага на мајка кога Го видела Својот Син прогонет и како страда. Се радувала во денот на Воскресението, во денот на Педестница се облекла во сила одозгора (Лука 24,49). Духот Свет кој слегол на Неа „ја научил на сè“ (Јован 14,26), и ја упатил на секоја вистина (Јован 16,13). Просветена, таа уште поревносно се трудела да го исполни она што го слушнала од својот Син и Искупител, да се вознесе кај Него и да биде со Него.

Крајот на земниот живот на Пресветата Мајка Божја бил почеток на Нејзиното величество. „Украсена со божествена слава (ирмос на кан. Успение), таа стои и ќе стои, во денот на Страшниот Суд и идниот век, од десната страна на престолот на Својот Син“. Таа царува со Него, и има храброст пред Него како Негова Мајка по тело, како Онаа која е по Дух со Него, како онаа која ја исполнува волјата Божја и ги учи другите (Матеј 5,19). Премилостива и полна со љубов, Таа ја покажува Својата љубов кон Својот Син и Бог на љубовта кон човечкиот род. Таа се зазема за него пред Милосрдниот и обиколувајќи ја земјата им помага на луѓето.

Искусувајќи ги сите тешкотии на земниот живот, Застапничката на човечкиот род ја гледа секоја солза, ја слуша секоја воздишка и молба на оние кои Нејзе ѝ се обраќаат. Особено е близу до оние кои се трудат во борбата против страстите и ревнуваат за богоугоден живот. Дури и во животните грижи Таа е незаменлива Помошничка. „Радост на тажните и застапничка на наклеветените, хранителка на гладните, утеха на патниците, пристаниште на витланите од бура, посетител на болните, на немоќните покрив и заштита, упориште во староста, Мајка на Бога Вишниот си Ти“ (стихира на Одигитрија). „Надеж, заштита и прибежиште, во молитвата неуморна“ (кондак на Успение), која го спасува светот со Својата непрестајна молитва (Богородичен, 3. гл.). Таа ден и ноќ се моли за нас и скиптарите на Царството се утврдуваат со Нејзината молитва.

Нема ум или зборови што ќе ја изразат Нејзината големина, Онаа која се родила во грешниот човечки род, а станала почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите. Гледајќи ја благодадта на светите тајни Божји кои се покажале исполнувајќи ја Дева, се радувам и не знам како да ги разберам необичните ѝ тајни, како Избраната се откри над сите созданија, видливи и духовни. Заради тоа, сакајќи да ја пофалам Неа, јас се ужаснувам со ум и со зборови. Сепак се осудувам да проповедам и да ја величам Неа: Таа е живеалиште небесно (икос на Воведение). Секој јазик е во недоумица како да те пофали Тебе, по заслуга: секој надсветски дух паѓа во безумие, кога сака да ти пее пофална песна, Богородице. Но како добро кон своето дело, прими ја нашата Вера. Ти ја знаеш нашата љубов, вдахновена од Бога, бидејќи Тебе застапничката на христијаните те величаме (ирмос на 9. песна на Богојавление).


Свети Јован Шангајски

 

Извор:

ФБ профил на:ПравославноСлово

14ти февруари 2019 лето Господово

 

Друго:

Свети Јован Шангајски и ноќта на вештерките ...

Свети Јован Шангајски – Проповед на Пасха ...

Свети Јован Шангајски и Сан-Франциски - РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ ...

Дојдете, луѓе, да Му се поклониме на Триипостасниот Бог – Свети Јован Шангајски ...

 Недела на блудниот син – Свети Јован Шангајски (28.02.2016) ...

 Свети Јован Шангајски (27.05.2015) ...

 Свети Јован Шангајски и Сан-Франциски/ ФИЛМ ...

Бдејте ! – Свети Јован Шангајски ...

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (18)  ...

 http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%D0%A8%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная