логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Ignatij.Brjancaninov2a.jpg

УТЕШНО СЛОВО КОН ТАЖНИТЕ МОНАСИ

 Чедо, вели Писмото, ако пристапуваш да му служиш на Господа твојот Бог, припреми ја  својата душа за искушение: спреми го срцето свое, и трпи. Сè што ќе ти се случи, прифати, и во промените на твоето срце  биди долготрпелив (Сир. 2: 1, 2, 4).
Страдањата уште од почетокот на времето биле знак на Божјото избраништво. Страдањата биле знак на богоугодување за патриарсите, пророците, апостолите, мачениците, преподобните. Сите светии поминале по тесниот пат на искушенија и жалости, и со нивното трпење, тие самите себе се принесле  во благопријатна жртва на Бога.
И сега на светите души, по волјата Божја, им се допуштаат различни напасти, со цел да се открие, во сета своја полнота, љубовта што тие ја имаат кон Бога.
Ништо не се случува со човекот без Божјо согласие и допуштање.
Христијанинот, кој сака да биде следбеник на нашиот Господ Иисус Христос и да постане по благодатта Божја син Божји, роден од Духот, пред сè, должен е да си  постави како правило и обврска благодушно трпење на сите маки: и телесни страдања, и навредите од луѓето, и нападите од демоните, а исто така и востанието на сопствените страсти.
Христијанинот, кој сака да му благоугоди на Бога, најповеќе има потреба во трпение и надеж на Бога. Тој е должен непрестајно да го држи тоа оружје во мислената десница. Лукавиот наш враг, од своја страна пак, ќе ги употреби сите расположливи средства, за да нè фрли во униние за време на нашите страдања, и ќе проба да ни ја одземе надежта на Господа.
Господ никогаш не им допушта на Своите вистински слуги искушенија кои се поголеми од нивните сили. Верен е Бог, зборува светиот апостол Павле, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез за да можете да поднесете (1 Кор. 10: 13).
Ѓаволот, бидејќи е создание Божјо, ја озлобува нашата душа не толку колку што сака, ами колку што  му  допушта  Бог.
Ако на луѓето не им е непознато колкава тежина можат да поднесат товарните животни, тогаш колку  повеќе бесконечната Божја премудрост знае колкава мера на искушение ѝ приличи на секоја душа.
Грнчарот знае колку време треба да се држат во оган глинените садови коишто, ако се предржат, напукнуваат, а пак, ако се извадат предвреме, ќе бидат негодни за употреба; така и Бог знае од колкав степен и сила треба да биде огнот на искушенијата за словесните садови Божји – Христијаните, за тие да постанат способни да го наследат Царството Небесно.
Малото дете е неспособно да извршува значајна работа: тоа не е способно за управување со домот, за обработување земја или  за некои други дејности. Така честопати и душите, бивајќи веќе причасни на Божествената благодат, но не и искушани од жалостите што ги нанесуваат демоните, и  кои не се посведочени во таа борба, сеуште пребиваат во детинство, и така да се каже, не се способни за Царството Небесно.
 Ако  пак, останете без казна, вели апостолот, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови (Евр. 12:8).
Искушенијата и страдањата му се праќаат на човекот за негова полза: душата која ќе се образува преку нив, станува силна и чесна пред Господа. Ако пак, претрпи сè до крајот со надеж на Бога, тогаш за неа ќе биде невозможно да се лиши од наградите кои се  ветени од  Светиот Дух, а исто така и совршено ќе се ослободи од страстите.
Душите кои се предадени на различни страдања, и јавни, нанесени од луѓето, или тајни, од неприличните помисли на умот, или пак од болестите на телото, ќе се удостојат со маченички венци и маченичко дерзновение, доколку претрпат сè до крај.
Мачениците трпеле напасти од луѓето. Тие  со радост оделе на мачеништво, покажувале мажествено трпење до самата смрт. Колку што поразнообразен и потежок бил нивниот подвиг, толку и со поголема слава  се стекнувале, толку поголемо дерзновение имале пред Бога. Монасите трпат напасти од злите духови. Колку повеќе пакости ќе им нанесе ѓаволот, со толку поголема слава ќе се удостојат тие во идниот век од Бога, со толку поголема утеха ќе се удостојат овде од Светиот Дух за време на земното странствување посреде своите страдања.
Тежок и макотрпен е патот кој води во вечен живот, малкумина одат по него; но тој е – неотуѓива и неизбежена сопственост на оние кои се спасуваат. Не треба да се бега од него! Секое искушение коешто ѓаволот ни го принесува ќе го претрпуваме со тврдост и постојаност, гледајќи ги со окото на верата  наградите кои ни се подготвени на небото.
Какви и да се маките на коишто сме изложени за време на земниот живот, тие неможат да се споредат со добрата кои ни се ветени во вечноста; нити може да се споредат со утехата којашто ни ја дарува Духот Свети уште овде, со избавувањето од страстите или пак со простувањето на многуте наши долгови. Таков е плодот од благодушното трпење на страдањата.
Оти мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо, т.е. времените страдања не значат ништо, зборува апостолот, спрема славата, која ќе се јави во нас, т.е. во споредба со славата , која ќе се открие во нас при нашето обновување од Светиот Дух (Рим. 8: 18).
Мажествено да претрпиме сè ради Господа, како што им прилега на храбрите воини, кои не се плашат дури и од смрт за својот Цар.
Зошто ние не бевме изложени на вакви и толку големи огорченија тогаш кога му служевме на светот и на животните грижи? Зошто сега, кога пристапивме да му служиме на Бога, сме подложувани на различни  страдања? – Знај: за Христа се сипаат на нас несреќи како стрели. Ги испушта на нас нашиот враг, ѓаволот, за да ни се одмазди поради вечните блага, за кои се трудиме и се надеваме да ги добиеме. Исто така тој сака да ги раслаби нашите души со тага, униние, леност, и на таков начин да нè лиши од блаженствата коишто ги очекуваме.
Христос невидливо се бори за нас. Тој силен и непобедлив Заштитник наш ги разрушува сите сплетки и итрини на нашиот непријател.
Самиот Тој, Самиот  Тој, Господ,  Спастелот наш, одел за време на целиот свој живот по тесниот и мачен пат, - а не по некој друг. Тој бил постојано гонет, претрпел многу неправди, насмешки и маки, - на крајот претрпе бесчестна смрт на  крст помеѓу два разбојника.
Да одиме по Христа! Да се смириме слично на Него! Подобно на Него, нема да се откажеме од тоа што ќе се прославиме како лажливци и умоболни: нема да ја поштедиме нашата чест, нема да  го одвраќаме лицето од плуканици и образите од шлаканици; нема да бараме ниту слава, нити убавина, нити насладувања, коишто принадлежат на овој свет; да го свршиме земното патување како патници кои немаат каде да ја потсклонат главата; да примиме, да примиме погрди, понижувања и презирање од луѓето, како неотуѓива сопственост  на избраниот од нас пат; ќе се бориме јавно и тајно со гордите помисли, со сите сили ќе ги отфрламе тие помисли на стариот човек кој сака да го оживи своето јас со помош на различни правдоподобни изговори. Тогаш Синот Божји, Кој рече: ќе се вселам во нив, и ќе одам помеѓу нив (2 Кор. 6: 16), ќе се јави во нашето срце и ќе ни дарува власт и сила да го врземе крепкиот, и да ги разнесеме неговите садови, ќе ни даде да згазнуваме врз змии и  скорпии и да ги уништуваме (преп. Макариј. Слово 4, гл. 15).
Да го отфрлиме роптањето, да не се жалиме на нашата судбина, да ја отфрлиме срдечната тага и жал од кои слабите души страдаат повеќе отколку од самите искушенија. Да ја отфрлиме секоја мисла за одмазда и воздавање на злото со зло. Моја е одмаздата, Јас ќе возвратам, рекол Господ (Рим. 12: 19).

Сакаш ли да ги поднесуваш маките со леснотија и удобност? Смртта за Христа нека ти биде возљубена. Нека претстои таквата смрт постојано пред твоите очи. Умртвувај се себе си секојдневно со воздржување од сите гревовни желби на плотта и духот; умртвувај се со одрекувањето од својата волја и со отфрлањето на самооправдувањето кое ни го принесуваат лажниот разум и лукавата совест на стариот човек; умртвувај се, живо преставувајќи и сликајќи ја твојата неизбежна смрт. Нам ни е дадена заповедта да го следиме Христос земајќи го својот крст. А тоа значи: дека сме должни да бидеме секогаш спремни со радост и веселба  да умреме за Христа. Ако се настроиме така, тогаш лесно ќе ја поднесуваме секоја мака, било видлива или невидлива.

Оној кој посакува да умре за Христа, каква несреќа, какво навредување не ќе претрпи великодушно?

Нам ни изгледаат неподносливи нашите страдања, токму поради тоа што не сакаме да умреме за Христа, не сакаме во Него да ги затвориме сите наши желби, сите наши надежи, целиот наш разум, целото наше достоинство, целото наше суштествување.

Оној кој се стреми да биде следбеник Христов и кој сака да биде Негов сонаследник, тој е  должен  да биде и ревносен подражател на Неговите страдања. Оние кои Го љубат Христа и кои се Негови следбеници, својот скриен залог го докажуваат и откриваат со претрпувањето на секоја допуштена беда не само со благодушност, но и со усрдност и ревност, со радост и благодарење, возлагајќи ја така сета своја надеж на Христа.

Таквото трпение е – дар Христов.

Таквиот дар ќе го прими оној кој ќе го испроси од Бога со постојана и смирена молитва; искреноста за посакувањето на непроценливиот духовен дар на трпението се докажува со мачното принудување и присилување на срцето кое не сака трпеливо да ги поднесува срадањата и искушенијата со кои се среќаваме (св. Исаак Сиријски, Слово 37).
Амин.

Подготви: о.  Нил

Друго:

РУСКИОТ БОГОНОСЕЦ СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

Свети Игнатиј Брјанчанинов - За прелеста

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная