Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството, Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Во понеделник, 03 јуни 2019 година,
на денот кога во Македонската православна црква- Охридска Архиепископија се чествуваат светите Константин и Елена, во новоподигнатиот храм во општина Центар- на улица „Македонија’, во Скопје, посветен на рамноапостолните светители на Црквата, протоереј Трајче Петковски ќе отслужи Божествена Литургија со почеток од 8:30 часот.
пп
Друго:
Црква „Св. Константин и Елена“ - Скопје
3ти јуни 2015 год:
Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан утрово одржа света Божествена литургија во храмот во изградба „Свети Константин и Елена“, на улицата „Македонија“ во Скопје. Православната црква денеска го празнува денот на светите рамноапостолни царот Константин и царицата Елена. Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај Градски трговски центар. Во 1963 година земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била урната во 1970 година. Повторно темелите беа поставени и осветени на 11 ноември 2012 година. Првично беше планирано црквата да се гради на старото место, но потоа се одлучи да се гради на улицата „Македонија“, пред Домот на АРМ.
Што пишува на ѕвоната на црква „Св. Константин и Елена“?
-Фрескописот се работи во византиски стил и е според македонската школа. Проучуван е фрескописот во византискиот период преку нашите најрепрезентативни споменици, како што се храмовите „Свети Пантелејмон“ во Нерези, „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричино